„Анадолија“: Од Скопје пристигнала дојава за можен атентат врз Ердоган

Агенциите за разузнавање добиле предупредување дека врз турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, би можел да биде извршен атентат, пишува агенцијата „Анадолија“.

Според информациите, во соопштението се наведува дека атентатот би можел да биде извршен за време на посетата на Ердоган на  Балканот. Колку за потсетување, Ердоган утре ќе пристигне во работна посета на БиХ и ќе одржи предизборен собир на „Зетра“, на кој се очекува да присуствуваат од 10.000 до 15.000 Турци.

На турските разузнавачки агенции им било дојавено дека лица од турско потекло се подготвуваат за обид за атентат врз претседателот. Наводно, извештајот дошол од група турски граѓани кои живеат во Скопје.

Во моментов во тек е детална разузнавачка истрага, но за истата нема детали.