понеделник, 1 мај 2017  |  Вести денес: 4

Аналитичари: Груевски им ја пренесе на граѓаните целата вистина за политичките случувања во земјава

Се е кажано, се е напишано така како што ни се случува во државата не само во последниве две години, туку во изминатите 25 години. Реалноста е таа. Кој сака да ја види објективно ја гледа, на кого не му е по вкус заради сопствена вмешаност во туѓи сценарија или од други причини сака да ја изврти смислата на напишаното, да ја девалвира вистината на зборот, да го исмејува напишаното затоа што од секогаш нападот е најдобра одбрана на кабаетлиите. А во интервјуто можат да се препознаат многу такви кабаетлии, посочува за Нетпрес, универзитетската професорка Тања Каракамишева Јовановска.

intervju-gruevski

Поврзани вести

Мега интервју во кое лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја пренесе вистинската слика за политичките случувања во Македонија, е оценката на политичките аналитичари за интервјуто на Никола Груевски дадено за неделникот „Република“. Тие сметаат дека со право Груевски во интервјуто посочува дека во Република Македонија  години и години наназад се индоктринираат луѓе за странски потреби и цели, им се мијат мозоците да не ја сакаат својата татковина и да се гадат од се што е Македонско, бидејќи токму тие индоктринирани луѓе можат да ги завршат сите антимакедонски активности дома без никаква дополнителна енергија од надвор. Интелигентен пристап на странскиот сценарист, вели професорката Каракамишева – Јованвска.

„Се е кажано, се е напишано така како што ни се случува во државата не само во последниве две години, туку во изминатите 25 години. Реалноста е таа. Кој сака да ја види објективно ја гледа, на кого не му е по вкус заради сопствена вмешаност во туѓи сценарија или од други причини сака да ја изврти смислата на напишаното, да ја девалвира вистината на зборот, да го исмејува напишаното затоа што од секогаш нападот е најдобра одбрана на кабаетлиите. А во интервјуто можат да се препознаат многу такви кабаетлии. Оние што со туѓи пари со децении си ја убиваат својата татковина, оние што со туѓи метли метат наоколу исклучиво за странски интереси. Подло и многу ниско“, смета таа.

Според неа, во земјава има многу луѓе кои повеќе ја почитуваат секоја друга европска земја освен својата и посочува дека за овие процеси што ни се случуваат децении наназад несомнено виновни се многу фактори и многу политичари поради тоа што не ги спречиле навреме.

„И токму тоа е вид признание и на Груевски што тој и неговата партија не ја сфатија сериозно нивната тежина и што не пристапија одговорно во насока на нивно спречување уште во нивните зачетоци. И сега не е доцна за делување, иако од неколкумина индоктринирани поединци сега стана цела армија, која во една колумна ги нареков и како Македонски Ѓуленисти слични на Турските Ѓуленисти од кои мака мачи денес и Ердоган. Не може да не се забележи дека системските и политичките пропусти направени во минатото сега ни се враќаат во државата како бумеранг. Но, пак ќе кажам дека и сега не е доцна за соодветна поопсежна реакција со цел работите да се вратат на свое место“, посочува Каракамишева Јовановска во изјавата.

tanja-karakamiseva

Она што заслужува внимание во интерјвуто, според неа е и тоа што не само граѓанскиот сектор, туку и политичката сцена е киднапирана од истите странски замешатели и интересџии.

„Зоран Заев и Радмила Шеќеринска се странска испостава, странски претставници на македонската политичка сцена. Овие двајца не се ништо друго освен домашни измеќари кои им слугуваат на странските агенди. Тие одамна го имаат изгубено, ако воопшто и некогаш го имале, патриотското чувство кон својот народ и својата земја. Всушност, ако подобро се погледнат работите тие го презираат патриотизмот и во лице му се смејат на секој оној што покажува љубов кон својот народ, кон оној што си ја почитува традицијата. Сетете се на настанот кога Шеќеринска го плукаше лепчето со сол во шамивче, лебче кое и беше дадено од девојка во македонска носија во знак на почитување на македонската традиција“, вели Каракамишева-Јовановска.

Тоа, како што вели таа, може да го направи само некој што е целосно изгубен и  целосно оттуѓен од својот народ, некој што одамна е одроден од својата традиција и идентитет.

„Токму за овие моменти зборува и Груевски кој патриотизмот на СДСМ го мери според она што оваа партија го има направено за својата земја. А што СДСМ навистина има направено за нашата земја – ништо добро, ништо корисно, ништо што останува како вредност, како квалитет. Тоа е вистински пораз не само за СДСМ туку и за цела држава. Ја осакатија државата и натаму продолжуваат со деструкција. Продолжуваат уште поагресивно и понападно да ги уриваат сите национални столбови и вредности само и само да му удоволат на нивниот “татко” финансиер кој ги навигира од далечина со својот џоистик. Македонските граѓани се свесни за сите овие негативни и деструктивни елементи во системот, свесни се и за “делата” што СДСМ ги направи за сите нас. Груевски уште еднаш ја искористи приликата да им ја пренесе на граѓаните целата вистина за политичките случувања во Република Македонија, со истите зборови кои можат да се слушнат од многумина загрижени македонски граѓани кои секојдневно ги среќаваме по улиците, по супер маркетите, насекаде. Интервјуто ја содржи целата политичка и македонска вистина. Затоа и е толку моќно и толку општоприфатено“, смета универзитетската професрока.

Инаку, во мега интервјуто кое етапно беше објавувано во неделникот „Република“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски меѓудругото посочува дека граѓанскиот сектор не смее да остане во рацете на Сорос.

„Неговата фондација и по финансии и по кадровски потенцијал е најмоќна фондација во Светот која има политички цели. Сорос решил своето богатство да го употреби за да остварува влијание во две насоки- идеолошко кон создавање на т.н ” отворени општества” и финансиско,  преку шпекулации и однапред познати политички исходи во одредени земји да профитира на берзата. По некое време, цели институции, цели министерства, можеби и цели влади, и нивни разузнавачки агенции се инфицирани со неговите гледишта, со неговата идеологија, со неговиот поглед и цели“, вели Груевски во интервјуто.

Тој додава дека процесот во кој Сорос е насочен против Македонија трае веќе 25 години, а особено во периоди кога ВМРО ДПМНЕ е на власт. Груевски вели Сорос со политичкото влијание кое го има успева да сврти и влади и нивни амбасадори за да работат за замислените цели на американскиот милијардер.

gruevski-intervju-golema-telegrafГруевски во интервјуто посочува и оти е убеден дека Сорос не е запознаен дека со неговите пари се поддржува политиките на актуелниот претседател на СДСМ, Зорн Заев за кој се откри дека позначајните тендери во општината која ја води се доделувале на негови роднини.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, сликата за нив дека се националисти  е искривена и невистинита, а како доказ за тоа го посочува отворањето на нов универзитет на албански јазик, неговиот ангажман при природните катастрофи во кои беа зафатени етнички албански места, инвестиции во инфраструктурата каде живее население од различни етнички заедници. Носењето на законот за употреба на јазиците, законот за употреба на знамињата, законот за администрација со којшто се овозможи еднаква етничка застапеност според Груевски се дополнителни аргументи дека партијата и владата кои тој ги предводи еднакво се грижат за сите етнички заедници, а етикетите за национализам и шовинизам ги гледа како валкана пропаганда.

„Сорос и другите сосема неправедно делат етикети за шовинизам, на влада и партија што е мултиетничка, земја во која има соживот и толеранција. Тоа ВМРО-ДПМНЕ ниту било, ниту сега е. Тоа не сум јас. Никој не може да знае подобро за мене од мене самиот. Но, не се сомневам дека цицачи на пари од Сорос ни направиле таков портрет и дека повремено, со полуинформации, со дезинформации, со извртени информации, како што прават во нашата јавност, го дополнуваат и кај него… Јас, колку што се сеќавам, токму партијата што Сорос индиректно или директно ја поддржува, СДСМ, токму таа партија во деведесеттите години ги тепаше Албанците во Гостивар поради поставување нивно знаме пред општината и ги затвори политичарите што го направија тоа. И, колку што знам, токму ВМРО-ДПМНЕ ги ослободи тие политички затвореници и донесе Закон за употреба на знамињата на етничките заедници со кои се овозможи нивна легална употреба“, вели Груевски во интервјуто.

ВМРО-ДПМНЕ ги има направено најважните работи за Албанците во Македонија, но некои медиуми и политичари ширеа информации дека ВМРО-ДПМНЕ била против албанскиот народ, вели тој во продолжението од интервјуто. Според Груевски, тоа е така бидејќи една од активностите на соросовите НВО била врбување на поспособни млади луѓе низ универзитетите, од сите етнички и религиски припадности и нивна класична индоктринација преку предавања, меѓу другото и за концептот на држава  и национална припадност, а во правец дека нетреба да се чуствуваат Македонци туку граѓани на светот. Според Груевски тоа е утупистичка идеја која никаде не функционира, а преку која можеме да ја загубиме државата. Посочува дека во време во кое има 35 активни војни за територии во светот и кога упаѓаат терористичко- криминални групи со цел да запоседнат дел од територијата на Македонија и кога излегуваат разноразни извештаи на поранешни разузнавачи дека ќе се прекројуваат граници на Балканот, Соросовите невладини организации, како што вели, поради тоа што се бореле против таквите идеи, ги правеле националисти, недемократи и лоши луѓе, ги спинувале и ваделе од контекст, се со цел да ги симнат од власт.

“Токму ние ги имаме направено најважните работи за нашите граѓани Албанци, никогаш не сум кажал ниту еден лош збор за нив, еве погледнете ги моите настапи за Албанците на митинзите во Штип, во Гази Баба, во Крушево, во Карпош, Велес… и на други места, каде што малку подолго го елаборирав тоа што го мислам за предлогот на Заев и за Албанците. Но, тоа не го имаат чуено Албанците, ним некои медиуми и политичари што се мои противници им врежаа во глава дека ги мразам Албанците, дека сум против нив, дека сум против албанскиот јазик, универзитети, знаме и слично, што е невистина. Тотална невистина. Не само што е невистина, туку е и обратно. И видете, тоа го говорат од СДСМ, партија која во минатото на дело покажа антиалбанство, појаснува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто.

Груевски во мега интервјуто заклучува дека ВМРO-ДПМНЕ ќе го надживее и Сорос и неговите надворешни и внатрешни слуги и платеници и дека како и досега така и во иднина со труд и работа за напредок на државата и гаѓаните, исполнување на дадените ветувања и решавање на проблемите на народот – ќе се борат против активностите на Сорос насочени директно кон нив. Во него тој упатува порака до Сорос дека колку и да е посилен и помоќен во однос на финансиската моќ и политичките влијанија и независно од тоа дали дејствува во заблуда или свесно, никогаш нема да ги оттргне од вистинскиот пат и зацртаните цели и оти никогаш нема да ги оттргне од Македонија.

Најчитани вести