Аналитичари за „Курир“: Граѓаните со Груевски научија да веруваат во политичар

Граѓаните со Груевски научија да веруваат во политичар, Заев со антимакедонското однесување нема да дојде до власт. Ова го посочуваат експертите во своите изјави за „Курир“ по повод резултатите од анкетата на Брима Галуп.

Убедлива победа на ВМРО – ДПМНЕ на следните избори

Резултатите од најновата анкета за испитување на јавното мислење на Брима Галуп јасно покажува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори, но и три пати поголема доверба од граѓаните за премиерот Никола Груевски во однос на Зоран Заев.

Својот глас на избори за ВМРО-ДПМНЕ би го дале 23,5 проценти, додека за опозициската СДСМ би гласале 12,4 отсто од анкетираните. Во испитувањето на јавното мислење на Брима Галуп, за македонскиот премиер доверба дале 21,4% од граѓаните. Груевски ужива три пати поголема доверба од лидерот на опозицијата Заев на кого доверба му дале 7,9% од граѓаните.

Експертите во изјава за порталот „Курир“ посочуваат дека ваквите резултати се јасен показател за тоа на кого граѓаните му веруваат, односно дека довербата му ја даваат на тимот кој веќе години наназад покажува дека со посветена и чесна работа се постигнуваат огромни резултати.

Пандов: Народот во Македонија години нананазад гласа ЗА, а не ПРОТИВ

Според аналитичарот…