Аналитичари за „Курир“: Граѓаните со Груевски научија да веруваат во политичар

Аналитичарот Тони Науновски смета дека СДСМ и Заев со антимакедонското однесување кое го пласираат нема да успеат да дојдат на власт.

Науновски: СДСМ и Заев со антимакедонското однесување нема да успеат да дојдат на власт
Науновски: СДСМ и Заев со антимакедонското однесување нема да успеат да дојдат на власт

Статистичките, научни истражувања на македонската политичка свест и мислење го потврдуваат фактот што ние го живееме, чувствуваме, знаеме – дека актуелното раководство на СДСМ со бескрупулозниот и толку антимакедонски проект за насилно превземање на власта, нема да успее. Доминантното мислење на македонскиот народ е јасно и потврдено со безброј методи на емпириска верификација на јавното мислење, односно анкети – ВМРО-ДПМНЕ е легална, легитимна власт, вели Науновски.

Според резултатите од анкетата граѓаните на Република Македонија, во огромно мнозинство сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би извојувала убедлива победа на предвремените парламентарни избори. Огромни 43,2% од граѓаните сметаат дека партијата чиј лидер е Груевски би однела победа на изборите. Повеќе од двојно помалку од граѓаните пак сметаат дека СДСМ би бил победник, односно 19,9 проценти.

Ваквите резултати се уште еден показател дека СДСМ стануваат свесни дека нема да победат на следните избори, па очајнички превземаат секакви мерки за да избегаат од избори, наштетувајќи и на Република Македонија.

„Курир“ нагласува дека минирањето на преговорите поради стравот на СДСМ преточен во нелогични и апсурдни барања кои не се дел од договорот во Пржино и далеку од здравиот разум,  може да придонесе земјава да ја загуби препораката за почеток на преговорите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.