петок, 13 јануари 2017  |  Вести денес: 33

АНАЛИТИЧАРИ: Уставот е јасен Груевски го добива мандатот за формирање влада

Уставот и законите се јасни претседателот на државата мандатот за формирање на Влада треба да му го даде на лидерот на политичката партија или коалиција која освоила најголем број пратенички мандати, во случајот Никола Груевски. Аналитичарите очекуваат во новата влада да влезат старите коалициони партнери ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, со можност за влез на уште една партија од албанскиот блок.

vlada-na-r.m-640x294

Поврзани вести

По прегласувањето во Теарце изборните резултати се јасни и изборниот победник е познат, а тоа е коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Следствено на тоа, сметаат аналитичарите, токму лидерот на оваа партија, Никола Груевски по формирањето на новиот парламентарен состав треба да го добие мандатот за формирање на нова влада од претседателот Ѓорѓе Иванов.

Аналитичарите очекуваат дека сепак овој процес на преговори за владина коалиција ќе биде отежната бидејќи СДСМ со своите политики и активности во изминатиот период ја кренаа цената на албанските партии.

„Сосема е нормално дека преговорите околу формирањето на мнозинство во македонскиот парламент, а кои неминовно го вклучуваат и албанскиот политички фактор се веќе отпочнати, иако, во оваа ситуација, претпоставувам дека тоа се одвива во мошне отежнати услови. Одолговлекувањето на изборниот процес од страна на опозицијата, како и непринципиелниот опуртунизам со кој оваа политичка криза се здоби со силен тон на траги-комичност, а на тоа секако се надоврза и влогот кон албанскиот електорат, кој зачудувачки и во холивудски стил им го свртија грбот на своите политички партии и поддршката ја дадоа на СДСМ, сите тие моменти го сочинуваат мозаикот во кој можеме да претпоставуваме дека цената во албанскиот блок е сега повисока и со тоа и барањата се поголеми. Како истите ќе се одразат на можноста за формирање на владата и кој ќе биде политичкиот пазар, останува на деновите пред нас да се осведочиме“, вели Иванка Додовска, универзитетски професор.

 

Политичкиот аналитичар Александар Пандов вели нема дилема околу тоа која ќе застане на чело на новата извршна власт и смета дека на Илинденска бб повторно ќе седна партнерите од досегашната влада.

„Конечно завршија изборите и во Теарце, на македонската јавност може и официјално да и олесни дека изборите најавувани веќе една година се завршени. Уште повеќе познати се официјалните резултати – ВМРО ДПМНЕ има 51 пратеник, СДСМ – 49. Но, најважното се знае официјалниот победник ВМРО ДПМНЕ начело со Никола Груевски. Уставот и Изборниот законик се јасни собранието до крајот на оваа недела треба да се конституира, во јануари мандатот треба да му биде даден на Груевски и да ја состави новата влада. Нова влада составена од старите коалициони партнери, ВМРО ДПМНЕ, ДУИ дополнета со ДПА, а можно и со Алијанса за Албанците“, вели Пандов.

Јавноста ја дебатира  и разгледува и опцијата за нови парламетнарни избори напролет заедно со редовните локални избори. Но, Пандов вели не очекува за таков краток рок да имаме нови избори. Тој вели избори не очекува, не поради тоа што новата влада би била нестабилна туку поради потребата на Република Македонија е период на „мирно политичко море кое повеќе и од потребно им е на политичките партии за да ги консолидираат сопствените редови“.

Законските рокови предвидуваат најдоцна до 31 јануари претседателот на Собранието од претходниот собраниски состав, во случајот Трајко Вељановски да свика седница и новите пратеници да седнат во собраниските клупи. По ова, претседателот Ѓорѓе Иванов има рок од 10 дена за да го даде мандатот за формирање на Влада. Мандаторите потоа има рок од 20 дена за да договори владина коалиција и да го подготви програма која ќе им биде предложена на пратениците. Новата влада, според законот, би требало да почне со работа на почетокот од февруари.

Најчитани вести