Аналитички центар на ВМРО-ДПМНЕ: Иванов во предност со 50.000 гласови

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Ѓорѓе Иванов, освоил 145.000 гласови, наспроти кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски кој освоил 96.900 гласови од вкупно околу 270. 000 обработени гласови, покажаа првичните неофицијални податоци на Аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатот за претседател на ГРОМ, Зоран Попоски освоил 7.700 гласови, додека кандидатот за претседател на ДПА, Илијаз Халими освоил 18.000 гласови.

Според овие неофицијални податоци Иванов води пред Пендаровски со предност од над 50.000 гласови.

При обработката на овие гласови забележани се и 5.200 неважечки ливчиња.