АНАЛИЗА: Ако излезе од ЕУ, Велика Британија ќе се распадне!

Велика Британија ќе претрпи непоправливи штети и може да биде исправена пред распад, ако Британците гласаат за излегување на земјата од Европската унија, на рефрендумот кој премиерот Дејвид Камерон го планира за периодот по парламентарните избори во мај в година, предупредува британски проевропски пратеник од редовите на Конзеравтивната партија, пишува весникот „Гардијан“, пренесува Нетпрес.

Излегувањето на Британија од ЕУ, ќе доведе до нов рефрендум за независност на Шкотска, но и до дестабилизација на Северна Ирска, смета Лаура Сандис, претседател на Европското движење. Според неа, во периодот пред одржување на референдумот, со сигурност ќе има една силна и енергична офанзива на оние кои се проевропски настроени.

– Ако ја напушти ЕУ, тогаш за неколку години Велика Британија ќе биде непоправливо уништена од политичка и од економска гледна точка, смета таа.

Понатака во своето предупредување, Сандис ја повторува пораката на државниот секретар на Шкотска, Алистер Кармајкл.

Тој во неодамнешно свое интервју во врска со шкотската независност прогнозираше дека гласањато за напуштање на Велика Британија на ЕУ, ќе биде погубно за земјата.

Но, и водечките политичари од Лабуристичката партија на Шкотска, кои беа дел од кампањата за единство во земјата, ги повторуваат и се согласуваат со предупредувањата на Кармајкл. Висок анонимен функционер вели дека би било многу тешко да се поддржи позицијата за останувањето на Шкотска во рамките на Велика Британија, ако земјата изгласа напуштање на Европската унија.

Во врска со тоа Сандис вели:

– Излегувањето од ЕУ не е во интерес на сојузот, бидејќи само по неколку месеци проевропската Шкотска ќе биде поддржана во гласот за „независност“.

Според неа гласањето за напуштање на ЕУ ќе се одрази и на Северна Ирска – единствениот дел од Велика Британија, кој има копнена граница граница со друга земја члкенка.

– Најзагрозена ќе биде стабилноста на Северна Ирска, сите политички спогодби ќе бидат разнишани, економијата ќе биде дестабилизирана, а трансграничната трговија ќе биде во опасност. Политичката оценка за последиците, кои излегувањето од ЕУ ќе ги предизвика за Северна Ирска, ќе биде застрашувачка, како за народот во Северна Ирска, така и за единството на Велика Британија, смета Лаура Сандис.

Новиот премиер на Шкотска, Никола Стерџн, побара избирачите во секоја од составните области на Велика Британија да имаат право на вето врз британското излегување од ЕУ. Предлогот беше отфрлен од Камерон, но многу лабуристи во Шкотска сметаат дека Стерџн обезбедила за Шкотската национална партија некои овластувања, кои националистите ќе ги добијат ако Шкотска гласа за останување во ЕУ, додека Велика Британија истовремено изгласа напуштање на Унијата.

Поддржувачите за останување на Британија во ЕУ значително ја засилија својата кампања, откако почуствуваа дека евроскептиците и противниците успеаа да доминираат во дебатата, откако Најџел Фараж се вивна на бранот на популизмот.

Лабуристот Питер Манделсон и конзервативецот Кенет Кларк се согласиле да ги обединат силите со министерот либерал-демократ, Дани Александар, како ко-претседатели на „Британско влијание“, кое јавно ќе почне да станува главна група за проевропска кампања и тоа за време на секој референдум.

Лаура Сандис ги нарече поддржувачите за излез на Британија од ЕУ „сепаратисти“ и наведе дека „им недостигаат амбиции“.

– Тие се претставуваат како големи патриоти, но кој премиер на британската монархија ќе развива политика за намалувањето на влијанието на Велика Британија во Европа? Точно тоа значи напуштањето на ЕУ – реално и значително намалување на британското влијание врз соседните земји.

Не разбирам како некој може да си мисли дека ако е надвор од ЕУ, Велика Британија може да биде посилна држава, дека излегувањето од било кој меѓународен клуб ќе го зајакне нашето меѓународно влијание или дека напуштањето на трговска организација може да претставува економска стратегија во корист на британскиот бизнис, смета Сандис.