понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 0

АНАЛИЗА: Американски воен удар врз Северна Кореја и последиците од него

Северна Кореја

Поврзани вести

Илјадници севернокорејски артилериски гранати паѓаат врз престолнината на Јужна Кореја – Сеул. Стотици тони експлозиви детонираат во густо населениот град. Ракетните напади достигнуваат до Јапонија и американската територија Гуам.

Ова се само некои од можните последици, кои американските и јужнокорејските воени стратези треба да ги земат во предвид, додека го планираат превентивниот напад за стопирање на постојаниот напредок на Пјонгјанг кон разработување на офанзивни нуклеарни капацитети.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп неколкупати досега соопшти дека заврши политиката на „стратешко трпение“, на бившиот прв човек на САД, Барак Обама, спрема Северна Кореја.

Ваквите најавите доведоа до ситуација на можни воени дејствија за запирање на Пјонгјанг да развива интерконтинентална балистична рекета со нуклеарна глава, која може да стигне до американскиот континент. Како дополнување на реториката на Вашингтон, американската воена морнарица испрати своја флота пловила, вооружена со околу 150 наведувачки ракети од типот „Томахавк“, која завчера вплови во водите на Јужна Кореја. Борбени бродови на американската армија, предводени од носачот „„Карл Винсон“, исто така  патуваат кон овој регион, и истовремено учествуваат во воени вежби со војските на Јапонија и на Јужна Кореја. Освен тоа, САД неделава почнаа да транспортираат и делови од противракетен систем од типот THAAD – ракетен штит кој ќе биде распореден да покрива територија во радиус од 250 километри јужно од Сеул.

Аналитичари коментираат дека има високи ризици поврзани со секаков вид на првичен воен удар, кој би го извеле САД. Точен ракетен напад, со цел уништување на системот на еден или неколку системи од нуклеарни проектили, не би бил доволен за да ги уништи или ограничи, нуклеарните и балистички ракетни арсенали на Северна Кореја. Неофицијалните информации велат дека ваквите системи се распоредени во многубројни добро утврдени, подземни објекти, низ целата земја.

Превентивниот воен удар од САД, со сигурност веднаш ќе предизвика севернокорејска одмазда врз Јужна Кореја. Пјонгјанг има повеќе од 21.000 артилериски оружја, распоредени главно долж внатрешнокорејската граница. Ова оружје може да ги загрози животите на околу 25 милиони луѓе, кои живеат во и околу Сеул, кој се наоѓа на само 56 километри од оваа гранична линија.

Северна Кореја, исто така, има и повеќе од 1.000 балистичка ракети, кои може да ги истрела врз Јужна Кореја, Јапонија, но и врз американските бази во Гуам. Иако Пјонгајнг сеуште не демонстрирал дека може успешно да постави минијатурна нуклеарна боева глава на ракета, сепак американски и јужмокорејски официјални лица најавиле дека Северна Кореја има нуклеарна ракета, која може да истрела боева глава со тежина од еден тон и со домет од 2.000 километри. Овој радиус на домет ги опфаќа целата територија на Јужна Кореја, голем дел од Јапонија, делови од Русија и од Кина.

Најчитани вести