Анализа: Ангела Меркел – Победник на европските избори

И покрај очекувањата евроскептицизмот да надвладее на изборите за Европски парламент на 25 мај, германската канцеларка Ангела Меркел е поштедена од овој бран и според проценките на аналитичарите ќе биде победник на овие избори.

Меркел е единствен лидер од големите европски земји кои ја преживеаја финансиската криза и повеќе од било кога го заслужува називот „Кралица на Европа“, коментираат аналитичарите.

Меркел не е кандидат, но нејзиното лице се сретнува секаде по билбордите на улиците на Германија. Во анкетите, Германците кои имаат најголем број на пратеници во Европскот парламент (96), го поддржуваат актуелниот претседател на Мартин Шулц за иден претседател на Европската Комисија, кој, иако е социјалдемократ, сепак е Германец .

Сепак, конзервативците на Ангела Меркел имаат десет проценти повеќе од социјалдемократите (38 проценти наспроти 27 проценти) како што беше случај  и на септемвриските парламентарни избори кои доведоа до формирање на влада со „широка коалиција“.

Кога станува збор за евроскептиците, германската мала десничарска партија АФД, според анкетите, ќе освои 7 проценти што не може да се спореди со сличните партии во Австрија, Холандија, а особено не Франција каде што во водство е екстремно десничарскиот Народен фронт.

На конзервативците на Ангела Меркел им се предвидува „извонредно добар“ резултат , смета политкологот Јенс Валтер од универзитетот од  Дизелдорф, мислејќи на претстојните избори за Европски парламент на 25 мај. опишувајќи го тоа како „европска перспектива“.

„Поддршката од Германците за управувањето на Меркел и нејзината одбрана на германските интереси во кризата со еврото продолжува и понатаму“, смета политиклогот Јулијан Раполд.

Меркел може да се кандидира за трет мандат благодарение на социјалните мерки спроведени под притисок на новите сојузници од редовите на социјалдемократите, додека во Европа се води политика на штедење.

Меѓутоа, политиката на штедење која ја поттикнуваше Европската комисија на претседателот во заминување Хозе Мануел Баросо, е непопуларна, па конзервативците во многу од земјите ќе бидат казнети. Од сето тоа социјалистите немаат никаква корист бидејќи пропуштија да се оградат од таквата политика. Резултат на тоа е што конзервативците и социјалистите стојат „рамо до рамо“ на европско ниво поради растот на евроскептицизмот, па се очекуваат други преговори за именување на наследник на Баросо.

Доколку новиот претседател на Комисијата биде конзервативец, поранешниот Луксембуршки премиер Жан Клод Јункер или некој друг, Меркел ќе „го задржи или зголеми своето влијание“. Ако тоа биде Шулц или некој друг социјалдемократ „ќе мора во секој случај да соработува со комесарите од другите партии“, оценува Раполд, кој не очекува драстична промена на политиките.