АНАЛИЗА: Балканот е во хаос – државите се поделени и има силни меѓуетнички тензии

Балкан

Балканот, по воените интервенции на Западот во текот на дведесеттите години од минатиот век, е во хаос и државите се во длабока меѓуетничка поделеност, пишува магазинот „Американ Интерест“, пренесува НетПрес. Во текстот е наведено дека САД, верувајќи дека демократската иднина на западен Балкан е во членството на ЕУ, одговорноста за политички, институционален и економски развој на регионот и’ го отстапи на Европската Унија.

Но, Европа не е си ја заврши работата во целост, бидејќи ЕУ, по прифаќањето на Словенија и на Хрватска, го изгуби апетитот за проширување и остатокот од регионот – Македонија, Србија, БиХ, Црна Гора и Албанија, ги остави да чекаат пред вратите на блокот. Брегзит, мигрантската криза, како и растот на антиевропските чувства во изминативе неколку години, ги потресоа темелите на ЕУ, и го одложија процесот на пристапување на нови членки, а во исто време „крвавите тензии“ во западен Балкан како и недостатокот на развојот во регионот само го „загноија“, оставајќи сиромашни и нестабилни држави на периферијата на Европа. Вакуумот, пак, кој се создаде почнаа да го пополнуваат други актери, пишува американскиот магазин.

Русија ја потврди својата традиционална улога на заштитник на православното население, користејќи го Балканот како тампон за спречување на понатамошна европска експанзија и да ја зацврсти својата сфера на влијание. Русија силно влијаеше на јавното мислење меѓу Македонците, Србите и Црногорците, со цел да го ублажи ентузијазмот за членство во ЕУ и во НАТО, а со тоа и дополнително ја зголеми својата моќ низ воена помош.

Судејќи по неодамна објавената анкета на американскиот Меѓународен републикански институт (ИРИ), македонската поддршка за членство во НАТО е на рекордно најниско ниво, сметајќи од 2008 година. Слично истражување, објавено во БиХ, покажува дека само 18 отсто од Србите силно поддржува влез во ЕУ.

Турција и заливските држави одговорија со засилување на својата поддршка на муслиманите на Балканот. Помошта која им ја даваат не секогаш е бенингна – Саудиска Арабија гради џамии и испраќа имами од Балканот во заливските земји, за верска настава. Некои се заложуваат за конзерватиевн вахабизам, чие учење е спротивно од умерениот ислам, кој пак со векови се практикува на Балканот. Сето тоа доведе до пораст на исламистичкиот фундаментализам меѓу локалното муслиманско население. Со оглед на тоа опкружување, не е воопшто изненадување политиката на идентитет насочена на етно-религиски национализам, да доживее препород. Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, повика на референдум за независнот, а познато е дека тој често патува во Москва на консултации со Путин. Од друга страна, лидерот на босанската политичка партија СДА, Бакир Избетбеговиќ, редовно патува во Истанбул, да се фотографира со авторитарниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган.

Подобрување на соработката

Како уште еден знак за зголемување на тензиите, и покрај постојаното присуство на околу 5.000 НАТО војници и силното противење на Западот, на Србија и на Македонија, Хашим Тачи повика на формирање на армија на Косово. На ова Србите се обидоа да насочат кон Косово воз украсен со слоганот „Косово е Србија. Албанскиот претседател Еди Рама, често зборува за потребата од подобрување на соработката меѓу неговата земја и Албанците на Косово и во Македонија, нешто што ги наведе критичарите да го обвинат дека се обидува да ја воспостави „Голема Албанија“.

Со уривање на Блискиот Исток и нуклеарните закани кои доаѓаат од Северна Кореја, се поставува прашањето зошто Балканот воопшто би бил важен за Западот?

Одговорот на тоа, пишува „Американ Интерест“, е бидејќи близината на регионот до Европа значи и…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.