АНАЛИЗА: Балканот е во хаос – државите се поделени и има силни меѓуетнички тензии

Одговорот на тоа, пишува „Американ Интерест“, е бидејќи близината на регионот до Европа значи и дека дестабилизација на Балканот брзо може да стане голем проблем за Европа. Регионот во 2015 година беше главниот пат за повеќе од еден милион мигранти, кои бегаа во Германија и во Шведска, а кризата можеше да биде многу полоша ако локалните лидери на успеаа да ги тргнат настрана своите разлики и да работат заедно. Ако регионалните тензии и понатаму ескалираат, ваквата соработка не може да се очекува за следната криза, а тоа претставува голем како хуманитарен, така и безбедносен ризик, бидејќи припадниците на „Исламска држава“ ќе продолжат да го користат хаосот и да влезат во Европа.

Русија, пак, долго време само ги надгледуваше поделбите во регионот, за да ги зацврсти своите стратешки предности во однос на Европа, а зголемената рамнодушност или нетрпеливост кон западните институции несомнено му оди во корист на Кремљ. Без цврста котва во западните институции, либералната демократија и порастот на верскиот фундаментализам веројатно ќе станат норма во регионот.

Според некои набљудувачи, прекројувањето на националните граници е единствен начин да се решат овие повеќегодишни етнички поделби. Но, факт е дека не постои начин да се исцртаат граници, а при тоа ниту една етничка група да не е во загуба. И покрај крвавата војна во БиХ, сепак, сеуште постојат реони, како на пример Сараево, каде Србите, Хрватите и Муслиманите живеат заеднички. Едноставната размена на земјиште, базирана на етничко мнозинство, е рецепт за хаос на Балканот.

Решавање на конфликтите

Во Косово, Србите во Митровица се противат на албанското мнозинство и сакаат да се спојат со Србија, а бидејќи постојат албански заедници во Прешевската долина, на југот од Србија, на хартија би можело да се претпостави дека двете територии само би можеле да ги заменат популациите. Сепак, размената Митровица-Прешево би предизвикала борби, бидејќи не се граничат сите енклави, а од истата причина многу малку е веројанто дека Србија ќе се согласи на предавање на мнозинскиот со муслимани Санџак на БиХ, се вели во текстот на „Американ Интерест“.

Подобриот начин е да се воспостават и зајакнат регионалните институции за да ја олеснат економската и политичката координација и решавање на конфликтите. Една царинска унија би можела да биде чекор во вистина насока, но не и замена за влез во НАТО и во ЕУ. За жал ЕУ, привремено, ја напушти својата стратегија за проширување, поради стравот дека ќе биде преплавена од ефтина работна сила. Но, спеак, можеби токму за ЕУ е најдобро да го прими западниот Балкан, бидејќи тоа би довело до зголемување на регионалната соработка, а со самото тоа и до намалување на меѓуетничките тензии.

Интеграцијата во НАТО е еднакво важна и многу полесно остварлива за западен Балкан, а по Црна Горе вратите се отвораат и за Македонија, Србија, и БиХ. Членството на овие земји во Алијансата би испратило еден силен сигнал дека на Балканот се гледа како дел од Западот, како и за да се спречи се’ позасиленото руско влијание.

Западот се наоѓа пред тешка одлука – или ќе го третира Балканот како стратешко средство, или ризикува да го загуби регионот во руско влијание, проследено со инфилтрирање на исламскиот екстремизам.

Во септември, лани, БиХ поднесе официјално барање за прием во ЕУ, нешто што Брисел треба сериозно да го разгледа, а по влезот на Црна Гора во НАТО, треба и БиХ и Србија да бидат земени како идни членки во Алијансата. Со останатите превирања во ЕУ, интеграцијата со земјите е поважа отколку било кога.

До скоро владееше мислењето дека интервенцијата на НАТО во БиХ, беше еден од крунските успеси на пост-ерата на Студената војна на Западот – Милошевиќ е поразен, Косово е прогласено за независно, а денеска три земји од западниот Балкан се членки на Алијансата.

Но, речиси две децении од Охридскиот рамковен договор, регионот и понатака е во хаос, поделен со меѓуетнички тензии и демократско незадоволство, заклучува на крајот од текстот „Американ Интерест“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.