АНАЛИЗА: Бегалската криза е реалност

Прво, треба да има трансформација во поддршката кон земјите кои прифаќаат бегалци. Около 85 отсто од државите, од кои излегуваат бегалци, се надвор од Организацијата за економска соработка и развој. Генералниот секретар на ООН, Бан Ки-мун, повикува кон „нов модел на тоа како владите, локалните заедници, приватниот сектор и хуманитарните организации, да работат заедно во името на народот“.

Државите, пак, кои даваат заштита на бегалци, имаат потреба од повеќе и поефикасни ресурси, за да пружат побезбедни услови на бегалци.

Тоа значи инвестирање за да може да се работи во услови на криза. ООН треба да развие одделни програми за луѓето, засегнати од конфликти на начин сличен на Целите на одржлив развој, усвоени лани.

Тоа ќе го задржи фокусот врз мерливоста на глобалната ангажираност кон бегалците во обласитте како што се достапност до работа и образование, потоа ќе осигура отчетност при исполнувањето на тие ангажмани и ќе направи тие програми да се економски ефективни, со што што ресурсите за нив ќе бидат употребувани на најрационален начин.

Второ, државите треба да обезбедат економска независност на бегалците. Сместени во бегалски капмови, бегалците може само да се чувствуваат како пониска класа, окована во економска зависност. Ако им се овозможи работа, тогаш бегалците ќе може да придонесат во економијата. Светската банка утврди дека за секој процент на зголемување на бројто на сириски бегалци во Либан, либанската сфера на услуги се зголемува за 1,5 отсто.

За да се реализира целосно ползата од згрижување на бегалци, тие треба да можност за работа. Приватниот сектор, како и актерите како што е Светската банка, имаат водечка улога во генерирањето на работни места.

Трето е преместувањето на бегалци од земја каде дошле, во други земји.

Преселувањето на дури 10 отсто од вкупното бегалско население, во следните три години, ќе го создаде потребниот баланс, меѓу целта која може да биде постигната, и целта која навистина може да создаде услови за земјите прифаќачи на бегалци, кои засега сносат непропорционална одговорност.

Тоа се нешто повеќе од половина милион мигранти, годишно, односно само мал дел од законската миграција, која богатите земји ја спроведуват секоја година од нехуманитарни причини.

САД, историски, се лидер во преселувањето, и досега многупати докажаа дека тој процес функционира преку безбедносен мониторинг, и преку интеграциски програми, кои многу лесно може да ги оттргнат бегалците од зависноста од помош, кон тоа да почнат да придонесуваат во економијата.

Вашинготн треба да го зголеми бројот за прифаќање бегалци, и тоа до 140.000 годишно. Преселувањето не само што е правилно и вистинско решение, туку е и паметна инвестиција.

Според меѓународната комисија за спасување на бегалци, дури 88 отсто од оние кои се населиле во САД, почнале со работа. Податоците од 2009 до 2011 година велат дека мажите бегалци на возраст над 16 години, почесто работат отколку нивните врсници родени во САД.

Преселување не само што обезбедува надеж за најранлавата категорија на луѓе во светот, туку тоа исто така води до споделување на товарот со оние земји, кои во моментов веќе го носат најголемиот товар и секојдневно се соочуваат со новопристигнати бегалци.

Неопходни се владини лидерства, иновации во бизнисот и општествена мобилизација, за да се решат проблемите во светот. Средбите на високо ниво, во септември, годинава, се вистинска шанса за поставување на трите столба за да се почне со дејствување во изнаоѓање на решение за таа криза и за почеток на развој кон подобар хуманитарен систем, кој ќе се справи со проблеми од таков размер, кога и да се појават тие.

Цената на неуспехот е далеку поголема од агонијата на бегалците – судбината на меѓународниот поредок е доведена во прашање.

Мeдлин Олбрајт и Дејвид Милибанд за „Foreign Policy“