АНАЛИЗА: Бомбардирањето на Србија 15 години подоцна

Србија денеска одбележува 15 години од почетокот на бомбардирањето на НАТО на нејзината територијата, извршено со цел да се предупреди за да ги запре репресиите против борците за независност меѓу албанското население во Косово, пишува АФП.

За одбележување на годишнината се предвидени низа церемонии, вклучително свечено отворање на парк во Белград во чест на 16 лица убиени при бомбардирањето на зградата на Радио телевизија Србија.

Во училиштата во целтата земја еден час по историјата ќе биде посветен на годишнината од почетокот на „агресијата против Србија“, а политичките лидери на земјата ќе положат венци на многу места, кои беа бомбардирани за време на воздушните напади кои траеа 78 денови.

НАТО ја почна својата операција на 24-ти март 1999 година без одобрение на Советот за безбедност на Обединетите нации, по одбивањето тогашниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ да ги прекине репресии против албанските бунтовници и албанското население во Косово.

Интервенцијата на НАТО заврши во јуни со повлекувањето на српските сили од Косово кое тогаш беше ставено под администрација на ООН.

Според официјалните бројки на Белград близу 2.500 цивилни Срби се убиени, а 12.500 биле повредени за време на 11 недели од бомбардирањето. Меѓународната организација за набљудување на човековите права тврди дека бројот на убиени цивили е околу 500 лица.

Петнаесет години подоцна Србија и Косово чекорат на патот кон Европската Унија, отккао во април лани склучиј историски договор за нормализирање на односите со помош на Брисел. Дури и Србија да одбие да ја признае независноста на Косово, самопрогласена во 2008 година, волјата да ги подобри односите со Приштина и’ дозволи во јануари да ги почне преговорите за членство во ЕУ.

Косово ги почна преговорите за договор за асоцијација и стабилизација – прва фаза од процесот на приближување кон ЕУ.

Независноста на Косово е признаена досега од речиси 100 земји меѓу кои и САД, како и 23 од 28 членки на Унијата.

„Косовоскиот модел како бумеранг се враќа на Запад“, пишува во коментарот на белградска „Политика“ по повод 15-годишнината.

Споменикот на Бил Клинтон во центарот на Приштина го прикажува поранешниот американски претседател како држи книга, на чии корици е изгравиран датумот 24 март 1999 година, пишува весникот.

Симболиката на почетокот на агресијата на НАТО против СР Југославија говори многу за односите на косовските Албанци со американската администрација а и со семејството Клинтон, но би било наивно да помислиме дека „една цела незаконска операција за напад врз суверена држава била исклучиво за заштита на интересите на еден мал народ“, пишува белградскиот весник.

Весникот забележува дека во американската надворешна политика „косовскиот модел“ се третира како пример за успешно спроведена интеренција и преседан на нарушување на меѓународното право со кое е пробиен пат по кој што во годините кои следат Вашингтон често ќе тргнува.

Најновите случувања во Украина и во Крим исто така го потврдија старото политичко правило дека неправедната употреба на сила се враќа како бумеранг кон првичните извршители, пишува весникот.

Кога во 1999 година заедно со бомбите на НАТО против Југослаија тргна и невидена медиумска хистерија по европските медиуми против „страшните Срби“, меѓу малкумината кои застанаа зад бомбардираните се најде германскиот адмирал Елмар Лудвид Шмелинг, поранешен шеф на германската разузнавачка слуќба, потоа шеф на контраразузнавачката служба на НАТО, пишува весникот „Вечерне новости“.

Иако тогаш во пензија, офицерскиот авторитет на Шмелинг беше особен во Германија за да му се слушнат зборовите: „Се срама како човек и офицер, дека мојата земја во овој век по трет пат ја нападна малата Србија“, пишува весникот.