Македонија,Анализи

Анализа: Бугарија поделена меѓу старите и новите пријатели

Анализа: Бугарија поделена меѓу старите и новите пријатели

Георги Кадиев, како мнозинството Бугари, е притиснат меѓу Русија и Западот, пишува Ројтерс.

Пратеникот од владејачката Социјалистичка партија, чија влада ги поддржи санкциите против Москва, заради анексирањето на Крим, но во исто време тој ги чувствува културните и историските траги од долгата врска на Бугарија со Русија.

„Татко ми бил офицер во советската армија. Го минал животот рамо до рамо со советската армија. Многу тешко е да му се објасни дека треба да наложиме санкции против Русија,“ вели пратеникот.

Бугарија одамна е аномалија во Европа, земја членка на Европската Унија, НАТО, но сепак толку блиска со Русија.

Таа напнатост стана уште поостра околу ситуацијата во Украина, кога мнозинството се чувствуваа под притисок да изберат меѓу Москва и Брисел, наведува Ројтерс во својата анализа.

Бугарија е исправена пред најнепријатниот тест за лојаност кон ЕУ по присоединувањето во 2007 година и нема место за колебање, макар и да ризикува економски потешкотии и внатрешни реакции, кои може дури да ја симнат од власт кревката коалиција на премиерот Пламен Орешарски.

Опасноста за владата е партијата „Атака“ на чија што поддршка социјалистите сметаат за да останат на власт, може да се исполни заканата да се повлече неофицијалната поддршка, ако Софија ги поддржи санкциите на ЕУ против Кремљ.

Бугарија е исклучително ранлива за политичката криза околу Крим во однос на другите поранешни држави зад Железната завеса, како прозападната Полска или Романија, кои веднаш по крајот на комунистичкото време почнаа да се оддалечуваат од Москва и да стануваат се’ помалку зависни од руските енергетски достави.

Многу поранешни комунистички држави во ЕУ ги задржаа контактите со Москва, но повеќето гледаат на Русија како поранешен окупатор и закана. Бугарија е различна, затоа што ја гледа Москва како пријател. Ако економските и културните врска се земат заедно, тоа можеби земјата-членка на ЕУ е најблиска до Москва.

Но, Софија ги поддржи првичните санкции на ЕУ против Москва, а министерот за надворешни работи вели во едно интервју дека нема да наложат вето за построги мерки, ако такви бидат предложени.

„Нема да ставиме вето, а во исто време нема да настојуваме на такви санкции“, вели бугарскиот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин за Ројтерс.

„Ризиците за нас се високи. Ние сме една ода најранливите држави. Ние го кажуваме тоа јасно и нашите партнери тоа го знаат добро. Се разбира најголемиот ризик е доставата на енергенси поточно природниот гас“, додава тој.

„Тројанскиот коњ„ на Русија

Бугарија беше сметана за најверен сојузник на Русија во советско време и до денес лидерите се принудени да го отфрлаат обвинувањето дека земјата е „тројански коњ“ во ЕУ, тајно работејќи за интересите на Русија. Сојузот од Студената војна оставил длабоки траги врз балканската држава, особено во однос на зависноста од руските енергенси.

Покрај присоединувањето кон НАТО пред 10 години и учеството во воените акции со САД, армијата на Бугарија во исто време е зависна од Русија за испорака на резервни делови. Русија е вториот по значење трговски партнер на Бугарија и налагањето на санкции на Москва може да засегне околу 2.000 бугарски фирми кои вработуваат околу 80.000 лица. Руските туристи се животно важни за бугарскиот туризам.

Опасноста од економски штети доколку спорот ЕУ-Русија трае долго може да доведат, заедно со носталгијата по комунизмот меѓу возрасните и растечкото разочарување од ЕУ, до повици за поблиски односи со Москва.