Анализи

АНАЛИЗА: Цивилизирана револуција во Хонг Конг

АНАЛИЗА: Цивилизирана револуција во Хонг Конг

Тие се извинуваат за нарушувањето на јавниот ред и мир, си го собираат отпадот и си ги исполнуваат задолженијата – продемократските демонстранти, кои ги окупираат улиците на Хон Конг го практикуваат терминот „кампањата за граѓанска непослушност“ во буквална смисла на зборот.

И навистина, десетиците илјади демонстранти, кои веќе неколку денови се на улиците на поранешната британска колонија, вложуваат огромни напори за мобилизацијата да мине што е можно на „поцивилизиран начин“.

„Извинете за вознемирувањето“, може да се прочета на многу плакати, залепени на барикадите.

Хонконг е светски познат по дисциплината на своите 7 милиони жители. Луѓето таму чекаат автобус во колона, и на никому не му текнува на памет да влезе преку ред. Лошите манири, за кои најчесто се критикуваат Кинезите, како на пример плукање на земја, редовно внесуваат неодобрување кај локалните жители. Градот е еден од најбезбедните места во светот, пишува новинската агенција „Франс Прес“, пренесува Нетпрес.

Слободата значи да не му штетиш никому

Малку луѓе се зачудени дека „револуцијата на чадорите“, како што социјалните мрежи го именуваа движењето, го одразува тоа чувство за свесност. Во квартот „Адмиралти“, во близина на зградата на Владата, кое стана собирно место за демонстрантите, един од многубројните плакати дава израз токму на тоа чувство – „Слободата се состои во тоа да можеш да правиш се’, но не и она кое им штети на другите“. Плакатот е испишан на француски јазик, бидејќи демонстрантите сакаат да го покажат својот протест пред целиот свет и воопшто не се двоумат да им придадат на паролите меѓународен звук.

– Ние сме цивилизирани луѓе. Го сакаме Хон Конг. Тоа е нешто, кое доаѓа од срцето, кое доаѓа од самите жители, вели Рики Пак, четириесет и шестгдишен бизнесмен, кој на улица излегол со своето семејство.

Дваесет и тригодишната Лам Ци Јан, која се школува за професор, менталитетот го објаснува како резултат од британското наследство.

– Британското образование беше одлично, а ние знаеме многу добро дека светот не’ гледа“ – оттаму доаѓа и неопходноста да сме примерни, рекла таа.

Улицата, која обично е преплавена од блиндирани возила, возејќи браник до браник, сега им припаѓа на демонстрантите. Тие подигнаа пунктови за прва помош и за собирање на отпадоци, кои ги остава толпата, распоредени веќе шест дена по хонконшките улици.

Чувство за одговорност 

И покрај неколкуте критични моменти со полицајците, на кои повеќе не им веруваат, откако беа испрскани со солзавец, демонстрантите се горди со своето „чувство за одговорност“. Според нив, тоа придава тежина на нивната порака п желбата да имаат вистински и директни избори и да видат оставка на премиерот, кој се смета за марионета на Пекинг.

Во други градови низ светот може да се видат искршени излози и како летаат камења на сите страни.

– Треба да покажеме дека сме пацифисти. Само така ќе стане јасно дека имаме вистинска одлучност, вели осумнаесетгодишниот Џан Ло.

Тој е студент во прва година по социјални науки, но има амбиција да специјализира политологија. Моментните случувања му даваат можност да го набљудува во реалност, она за кое се школува. Во истовреме, тој редовно си ги посетува предавањата, исто како и многу други студенти и ученици за кои „револуцијата на чадорите“ не е оправдување за изостанувања.

Последниот британски гувернер на Хон Конг, Крис Патон, резимира:

– Кина го има „апсурдното чувство“, дека неможе да има доверба во народот на Хонг Конг, дека тој ќе се држи организирано и одговорно.

– Но, всушност Пекинг може мирно да го направи тоа, вели Патон.