АНАЛИЗА: Дали да му се верува на Јункер?

Европа има проблем, и тоа сериозен. Во преден план сега е прашањето какви модели за затајување на даноци биле применувани во Луксембург, во периодот кога сегашниот претседател на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер, беше премиер на ова војводство?

Но, проблемот, кој се крие во срцевината на даночната афера, е подлабок и гласи: Навистина ли треба да ја прифатиме сериозно новата европска демократија, за која самиот Јункер милува толку да зборува?

На оптимистите треба да им биде јасна една работа – политичарите во Еворпа никогаш сериозно немале во предвид вистинска нова демократија. Бидејќи, условот граѓаните на ЕУ навистина да ги запознаат своите кандидати, што одамна е практика на пример САД, не е предвиден во Европа, пишува германски „Шпигел“, пренесува Нетпрес.

Јункер може да се гледа на два начина – како еден вистински убеден европјанин, но и како еден итар поранешен премиер, кој некогаш ги блокирал строгите даночни спогодби во интерес на Луксембург. За време на предизборната борба тој не се изјасни како треба да се комбинираат овие две работи. Но, всушност и немаше потреба тоа да го прави. Неговиот политички опонент Мартин Шулц, многу рано почна да се ориентира кон сојуз со него и така не му направи никакви непријатности и неудобности.

Колку и да е горчлива медиумската демократија на Америка, нејзниот основен принцип си останува во прв план: медиумите треба да направат детална проверка, во името на граѓаните, на оние политички кандидати, кои сакаат да извршуваат високи државни функции – дури и по цена ако тоа многу боли. Демократијата не е прогноза за убаво време. Не вклучува нужни пораки за деликатни прашања како оние кој со кого спие и колку пие.

Но, сега со сигурност треба да има анализа на тоа што има да каже Јункер за даночните зделки на својата земја и како мисли да се справи со тоа, кога Комисијата треба да покрене истрага портив неговата сопствена земја.

Неопходно е од Јункер, и тоа под итно во најбрзо време, да бидат побарани одговори на овие прашања. Неговата блага формулација дека не би ја злоупотребил својата позиција едноставно не е доволна. Стратегијата со премолчување и криење повеќе не поминува.