АНАЛИЗА: Експертите предупредуваат: 2015. ќе биде година на економски хаос

Дали 2015. ќе биде година на финансиска катастрофа, економски хаос и почеток на нова светска депресија?! Во изминативе неколку години, бевме сведоци на раст на финансискиот балон. Покрај предвидувањата дека тие балони може да пукнат во било кој момент, тие само продолжија да се шират. Меѓутоа, како што веќе е видено во 2001. и 2008. година, сите финансиски балони еднаш ќе пукнат, а последиците ќе бидат катастрофални.

Гласовите на предупредување се се посилни. Следат 11 предвидувања за економска катастрофа во 2015. година од страна на најситакнатите експерти ширум светот.

1. Бил Флекенштајн

-Тие се обидуваат да ја подигнат берзата и економијата заедно со неа. Тоа нема да може така. Ќе се случи голема несреќа. Доларот ќе потоне, берзата ќе потоне, а со малку среќа и обврзниците. Златото исто така, и тоа во истиот период.

2. Џон Фикенек

– Во САД, Шилеровиот циклично наместен однос на цените и приходот за берзанскиот индекс S&P 500 изнесува 27,2, што е некаде околу 64 отсто повеќе од историскиот просек, односно 16,6. Само три пати бил поголем од тоа во 1882, а тоа било во 1929, 2000 и 2007. година.

3. Амброз Еванс – Причард

-Еврозоната ќе се најде во дефлација до февруари. Вистиснките каматни стапки ќе пораснат. Долгот ќе продолжи да се зголемува со поголема брзина од номиналната БДП вредност. Регионот ќе потоне уште подлабоко во замката на каматите.

4. Џери Леви

– Очигледно е дека сите скорешни вести за глобалната економија укажуваат на криза во 2015. година.

5. Пол Крејг Робертс

– Западната кула од карти (финансискиот систем) би можела да се сруши во секој момент. Не постојат економски основи кои ги поддржуваат цените на акциите, како што не постојат ниту економски основи кои поддржуваат силеј долар.

6. Дејвид Тајс

– Имам исто чувство, како што имав во 1998, 1999, но и 2005 и 2006 година. Ова ќе заврши лошо, убеден сум во тоа.

7. Лиз Капо МекКормик и Сузан Вокер

– Подгответе се за катастрофална година. Тоа е порака испратена од Вол Стрит.

8. Феникс Капитал Рисрч

– Сите ќе бидат погодени. Може да се очекуваат се повеќе ризични проекти, или финансирања. Нафтата е само почеток. Постои можност од експлозија од 9 трилиони долари. Замислете целата економија на Германија и Јапонија да пукне и ќе сфатите какво влијание ќе има тоа на финансискиот систем.

9. Роб Кирби

– Овој пад на цените на сировата нафта само ќе предизвикаат уште една криза. Таа ќе биде поврзана со долг на пари искористени за финансирање на производство на нафта во Северна Америка. Се наведува дека тој долг изнесува половина трилион долари. Кога ќе почнат да паѓаат обврзниците, ќе се загрози иднината на финансиските институции кои треба да го отплатат тој долг. Тоа веројатно ќе биде сигнал за уште едно квантитативно олеснување на Федералните резерви. Финансиската елита бара изговор за ново штамшање пари, а парите ќе бидат земени од сметката за заштеда од пензиските пондови. Тоа е она што не очекува во блиска иднина.

10.Џон Инг

– Колапсот од 2008 година беше само проба во однос на она со што светот овој пат ќе се соочи. Овој пат власта е многу повеќе задолжена отколку што беше приватниот сектор. Значи, овој пат колапсот ќе биде многу пати поголем отколку во 2008. година.

11. Џералс Селенте

– Во прашање е злоупотреба на довербата. Што ќе се случи? Ќе воочиме паника на Вол Стрит, но и ширум светот.

Се говори за извесен циклус на седум години кој секој пат е пропратен од финансиски колапс. Последните два поголеми колапси на берзата се случија во 2001 и 2008 година, а сега е 2015.

Дали циклусот ќе се повтори?

Меѓутоа и понатаму постојат луѓе кои се сомневаат и кои во потполност се убедени дека нема да се случи ништо.