Анализи

АНАЛИЗА: Гневот на Кина на Западот ќе ги засени поострите санкции за Пјонгјанг

АНАЛИЗА: Гневот на Кина на Западот ќе ги засени поострите санкции за Пјонгјанг

Најновото нуклеарно тестирање на Северна Кореја најверојатно ќе создаде дополнителен притисок врз Кина да преземе поостра акција против својот сосед, меѓутоа Пекинг и онака се сомнева дека економските санкции ќе имаат некаков ефект и исто рака дека предупредува дека зауздувањето на Пјонгјанг не е единствено нејзина одговорност.

Кина последните седмици го нападна Западот поради заговарање на „теоријата за одговорноста на Кина за Северна Кореја“ и им забележа на Јужна Кореја и на САС поради нивните големи заеднички воени вежби за коишто Пекинг тврди дека воопшто не помогнале во намалувањето на тензиите во регионот, туку напротив. Вашингтон мора да ја одигра својата сопствена улога, а не слепо да врши притисок врз Кина да ја притиска Северна Кореја, изјави Руан Зонге, поранешен кинески дипломат од кинескиот Институт за меѓународни студии.

Кинеското министерството за надворешни работи последователно целата измината седмица возвраќаше на повиците на Западот и земјите како што е Јапонија, Пекинг да прави повеќе на зауздувањето на Северна Кореја, истакнувајќи дека повикот на дијалог е составен дел од резолуцијата на Обединетите нации, како и дека сѐ поголемите санкции очигледно се неефикасни.

„Од една страна, санкциите преку резолуциите продолжуваат да се применуваат, а со друга страна, северникорејската нуклеарна програма и лансирањето проектили продолжуваат“, изјави минатата седмица портпаролката на кинеското министерство на надворешни работи Хуа Чуинјунг.

И рускиот претседател Владимир Путин изрази во петокот голема загриженоста поради зголемувањето на тензии меѓу САД и Северна Кореја повикувајќи на воздражност и на дијалог за да се спречи „голем судир“ на полуостровот.

„Проблемите во овој регион треба да се решаваат само преку директен дијалог на сите заинтересирани страни, без никави предуслови“, истакна рускиот претседател Владимир Путин во написот објавен во пресрет на самитот на земјите на БРИКС кој од 3-ти до 5-ти септември ќе се одржи во Кина.

„Провокациите, притисокот, како и воинствената и навредлува реторика водат во ќорсокак“, вели Путин во статијата под наслов „БРИКС – кон новиот хоризонт на стратешкото партнерство“, додавајќи дека е погрешно и попусто да се очекува дека „само притисокот ќе ја запре нуклеарната и балистичка програма на Пјонгјанг“.

Рускиот претседател оцено дека Корејскиот полуостров во моментов се наоѓа „на работ од голем судир“ повикувајќи уште еднаш да се даде поддршка на насоките коишто ги предложија Москва и Пекинг. Русија и Кина имено повеќепати предлагаа двоен „мораториум“: истовремено прекинување на севернокорејските нуклеарни и балистички тестирања и заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја.

И рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров повика минатата среда во телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон да не се применува сила кон Северна Кореја по нејзиното лансирање на ракетата којашто ја прелета Јапонија.

Западните дипломати стравуваат од ваквиот тон со кој Кина, којашто во ваквите констелации на глобалните односи ја има поддршката на Русија, говори во последниот период и го поставуваат прашањето до која мерка Пекинг ќе го толерира воведувањето на новите санкции пред да се заклучи дека би можеле да го дестабилизираат режимот на севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун. Кина стравува, пак, дека целосната изолација на Северна Кореја би можела да резултира со целосен распад на земјата, што би поттикнало бран бегалци кон североисточните кинески покраини.

Западните дипломати во регионот и во Кина, зборувајќи минатата седмица пред неделниот нуклеарен тест, велеа дека Кина соработувала со САД на санкциите до извесно ниво, за да не му даде на Вашингтон изговори за воен удар.

„Но тие нема да одат доволно далеку за тоа да има ефект на решеноста на Северна Кореја да стане нуклеарна сила“, изјавил за Reuters западен дипломат зборувајќи под услов да остане неименуван.

Кине не зборува јавно дека ќе поткрепи нови санкции. Кусото соопштение на министерството за надворешни работи објавено во неделата го осуди тестот и ја повика Северна Кореја да ги прекине „погрешните акции“ и да се врати на преговорите. Меѓутоа, за медиумите ЖАнг Лиоангуи, експерт за Северна Кореја во Централната партиска школа кој ги обучува функционерите во подем, вели дека Пјонгјанг постојано дава до знаење дека нема да се откаже од својата програма за развивање нуклеарно оружје и дека, иако не е веројатно дека санкциите ќе се покажат ефикасни, изгледите за решавање на кризата на Корејскиот полуостров преку преговори се исто така „многу мали, можеби веќе и непостоечки“.

Весникот на англиски јазик The Global Times, кој го издава службениот весник на кинеската комунистичка партија Народен дневник, уште во април годинава пишуваше дека кинескиот народ ќе прифати далеку поостри санкции, вклучително и ограничување на извозот на нафта, доколку продолжат севернокорејските провокации. Кина, којашто осигурува поголем дел од сировата нафта за Северна Кореја, повеќе не објавува извештаи за испораките на нафта за оваа земја, но според податоците на Јужна Кореја, испорачува околу 500.000 тони сирова нафта годишни. Исто така, извезува преку 200.000 тони нафтени дериват, според податоците на Обединетите нации.