АНАЛИЗА: Грција во политичка криза – кредиторите во страв и паника лобираат за Самарас

Предвремени парламентарни избори ќе се одржат во Грција на 25 јануари, 2015 година, одлучи грчкиот премиер во заминување, Андонис Самарас, откако пратениците не успеаа да изберат нов претседател и тоа по три обиди.

Во телевизиското обраќање за објавување на датумот за изборите, Самарас рекол дека „Грција нема време за губење“ и ги повикал гласачите да му дадат поддршка на претстојното гласање, „за да се гарантира стабилноста на земјата“, објавува „Voice of America“, пренесува Нетпрес.

– Ја разбирам вознемиреноста на секој грчки граѓанин, и јас сум тука за да се гарантира стабилниот курс на земјата. Упте од почетокот на нашата задача беше многу тешко, но стигнавме многу блиску до излез од кризата. Јас сум тука да гарантирам дека земјата ќе плови во безбедни и стабилни пристаништа, рекол тој.

Комесарот за економски прашања на Европската унија, Пјер Московиси, ги повикал грлките гласачи да ги поддржат економскиот раст и реформите, кои се исклучително важни за просперитетот на земјата, во рамки на еврозонат.

– Еден силен ангажман кон Европа и широка поддршка меѓу грчките политички лидери за неопходниот раст и реформи ќе биде од суптинско значење за Грција, за повторно да се напредува во рамки на еврозоната, рекол тој.

Европската централна банка (ЕЦБ) соопшти вчера дека побарала одговори од грчките власти за тоа како да продолжи со разгледувањето на пакетот од економски спасувачки заем за Грција, во сегашната ситуација.

ЕЦБ признава дека Грција направила „впечатлив напредок во стабилизирањето на своите јавни финансии и да ја реформира својата економија во последните години“, и дека се очекува земјата да се врати кон растот во следната година.

Бившиот европски комесар за живтона средина, Ставрос Димас, кандидат за претседател на владејачката партија, не успеа да ги обезбеди неопходните 180 гласа. Тој доби 168 гласа, и тоа на два пати.

Согласно грчките закони, распишани се парламентарни избори. Со тоа финансиските пазари и партнери на Грција од Европската унија, се оставени пред недели на неизвесност, што може да ги поткопа кревките знаци за економско опоравување. Гласањето во парламентот вчера, беше последен обид да се избегнат предвремени избори, кои може да ја донесат левичарската партија Сириза на власт.

Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, кои ги менаџираат двата спасувачки пакети за Грција, стравуваат дека Сириза ќе закочи многу од тековните економски реформи во земјата.

Последните истражувања на јавното мислење покажуваат дека владејачката коалиција на Андонис Самарас засотанува зад Сириза, која сака да ги предоговари условите на спасувачкиот план и да ги отстрани непопуларните мерки за економијата, наложени од кредиторите.