АНАЛИЗА: Хронолoгија и претпоставки за нападите во Каталонија

© AFP 2017 / Pau Barrena

Полицијата во Каталонија продолжува да ги истражува нападите во Барселона и Камбрилс сѐ уште трагајќи по мажот кој управувал со комбето кое во четвртокот прегази минувачи на улицата Ла Рамбла оставајќи за себе 13 мртви и стотина повредени, а во меѓувреме на основа на собраните податоци, официјални и неофицијални, сложена е можната слика за тоа што се случило на североистокот на Шпанија.

Нападот во Барселона се случи околу 17 часот на 17 август 2017 година, но неговата подготовка се одвивала подолго време во една куќа во Алканар, каталонско гратче со 9.500 жители, смета полицијата. Гратчето се наоѓа 170 километри од Барселона.

Група момчиња, главно од мароканско потекло, престојувала таму неколку месеци со ништо непривлекувајќи го вниманието на соседите, сѐ до четвртокот во мугрите. Ноќта од средата кон четвртокот се случи голема експлозија по што се урна куќат. Еден потстанар загина, а вториот, тешко повредени, е во животна опасноста. На местото на настанот пристигнале полицајци и пожарникари настојувајќи да ги извлечат телата и да го расчистат просторот. Следеше нова експлозија која повреди шест полицајци и двајца пожарникари.

Набрзо во урнатините е откриено тело на уште еден потстанар. Полицијата првично претпоставуваше дека таму се наоѓала тајна лабораторија за дроги. Таа претпоставка е отфрлена кога во запреното комбе на Ла Рамбла, со кој беа прегазени минувачите, беа пронајдени документите на двајца потстанари од куќата во Алканар. Тогаш се отворија сомневањата дека куќата била засолниште на исламистичка ќелија, составена од најмалку десет лица.

Момчињата во Алканар имале намера да наполнат три комбиња со експлозив и со плински боци, кои во Шпанија главно се користат за загревање на вода. Во куќата имале 105 портокалови боци со гасот бутан. Возилата, пак, била изнајмени од една компанија во местото Санта Перпетуа де Могода, оддалечено 177 километри од куќата. Компанијата за изнајмување на возилата, пак, има седиште на 18 километри од Барселона.

Ракувајќи со плинските боци, подготвувајќи ги како експлозивни направи, случајно предизвикале експлозија. Имајќи предвиде дека пропаднал првичниот план, се решиле за вториот, многу поедноставен. Во четвртокот утрото полицајците и пожарникарите биле на урнатините, а попладнето следеше нападот со празно комби на минувачи.

Белиот фургон влегол во Барселона, се движел по улицата Пелаи, скршнал во Ла Рамбла полна со продавници и локали, по којашто како и секој ден шетале стотици туристи. Возачот ја зголеми брзината и по должина од 600 метри ги косел минувачите кои со крици се обидувале да се засолнат. Потоа го запрел комбето, истрчал и исчезнал во некоја од споредните улици.

Зад себе остави 13 безживотни тела и 128 повредени кои лежеа на асфалтот. Градот го зафати паника, полицијата ги затвори блиските улици и постави контроли на излезите од градот. Регистарската табличка од комбето ја одведе полицијата од компанијата за изнајмување возила. Во комбето е пронајден пасошот на 28-годишниот Дрис Оукабир, француски државјанин роден во Мароко кој живее во каталонското гратче Рипол. Неговата фотографија истиот ден беше објавена во сите медиуми.

Меѓутоа, набрзо по нападот тој самиот се пријави во полициската станица во Рипол тврдејќи дека пасошот му е украден. Задржан е во притвор, а полицијата започна потрага по неговиот 17-годишен брат Муса Оукабир сомневајќи се дека тој го земал пасошот на полнолетниот брат за со него да го изнајми возилото. Тој е главниот осомничен дека управувал со комбето на Ла Рамбла.

Наскоро беше пронајдено второ комбе во гратчето Вик, оддалечено 70 километри од Барселона, Во 18,45 часот веќе беа поставени контролни пунктови на патните правци на излезите од Барселона. На долгиот пат Диагонал, која минува низ каталонската престолнина, се појавил автомобил „форд фокус“ кој полицијата имала намера да го запре. Возилото, меѓутоа, минало со голема брзина повредувајќи двајца полицајци. Полицијата отворила оган, но автомобилот минал со голема брзина.

По 45 минути автомобилот е откриен десет километри вон градот во местото Сан Жуст Десверн. Во возилото е пронајдено телот на убиен 34-годишен Шпанец, кој никогаш не бил казнуван, Полицијата на прес-конференцијата ја отфрли поврзаноста на овој инцидент со нападот во Барселона. Подоцна, меѓутоа, беше откриено дека момчето е убиено со ноќ, а не од куршумите што ги истрелале полицајците.

Околу 1 часот по полноќ кон петокот црн масивен автомобил „ауди а3“ влетува на шеталиштето во приморското гратче Камбрилс, оддалечено околу 100 километри од Барселона. Во обидот да влезе на шеталиштето удира во полициски автомобил и се превртува на покривот. Притоа повреден е еден полицаец. Четворица момчиња бегаат во еден правец, но полицијата ги ликвидира отворајќи оган. Петтото момче трча во спротивна насока и со нож ранува случајна минувачка, којашто подоцна ѝ подлегнува на повредата и станува 14-та жртва во двата напада. Полицијата набрзо и него го убива. Момчињата имале на себе лажни појаси со експлозиви и биле вооружени со ножеви, мачета и секира. Полицијата недалеку го пронаоѓа и третото изнајмено комбе.

По идентификувањето на телата утврдено е дека еден од убиените е Муса Оукабир. Медиумите тогаш објавуваат дека возачот на комбето од Ла Рамбла е убиен.

Каталонската полиција ја отфрла оваа теза, сметајќи дека не е можел да дојде до таму по нападот со комбето во Барселона. Во Рипол се уапсени се уште две лица, па заедно со постариот брат Оукабир има тројца уапсени во ова гратче. Приведен е и мажот повреден во експлозијата во Алканар. Полицијата ги идентификува убиените во Камбирс и тврди дека постои исламистичка ќелија од најмалку 12 членови. Петмина се убиени во Камбрис, четворица се уапсени, а двајца загинале во експлозијата, по што останува уште еден на слобода.

Медиумите тврдат дека станува збор за 22-годишниот Мароканец Јонес Абујаакубу, Полицијата не го споменува неговото име, а медиумите нагаѓаат дека тој е возачот кој по запирањето на комбето на Ла Рамбла исчезнал во метежот и влегол во подземната железница. Според овие сознанија, се возел до последната станица на метрото, излегол и на паркингот го грабнал 34-годишниот возач на „фордот фокус“. Забележувајќи ја полицијата на патот Диагонал со голема брзина ги избегнал нивните куршуми. Го убил грабнатиот, го оставил во автомобилот на десет километри од Барселона и побегал. Ова е само претпоставка и нема сознанија каде би можел сега да се наоѓа Абујаакубу.

Шпанското министерство за надворешни работи истакнува дека џихадистичкита ќелија целосно е уништена, но веднаш потоа претставник на покраинското министерство за внатрешни работи на Каталонија тврди дека не е уништена, бидејќи полицијата не знае каде се наоѓаат сите нејзини членови. Полицијата во моментов смета дека исламистичката ќелија во Алканар подготвувала напади со експлозив во Барселонак, Вико и Камбрилс каде се пронајдени трите комбиња, но кога им пропаднал планот тргале да ги прегазуваат минувачите со возилата, слично на нападите кои минатата година беа изведени во Ница и Берлин со камиони.

Полицијата во петокот и во саботата изврши претреси на неколку станови во Рипол. Во еден од нив како потстанар живеел Абделаќи Ес Сатии, кој до пред еден месец и половина како имам ги водел молитвите во ова место. Неговиот цимер изјавил дека тој го напуштил станот во вторникот велејќи дека патува во Мароко каде има семејство. Од тогаш ниту го видел ниту го слушнал. Полицијата се сомнева дека имамот влијаел на момчињата на возраст меѓу 17 и 34 години. Во неговиот стан биле барани документи и отпечатоци, но не ја отфрла можноста дека загинал во експлозијата во куќата во Алканар.

Осомничените за нападот не биле регистрирани во полицијата поради слични активности или поради поврзаност со тероризам. Во четвртокот џихадистичката Исламска држава во соопштението преку нејзината новинска агенција Amaq, ја презема одговорноста за нападот во Барселона. Во соопштението беше наведено дека целта на „војниците“ на Исламската држава била држава која учествува во меѓународната коалиција предводена од САД против нејзиниот „калифат“ во Сирија и во Ирак. Шпанија има неколку стотици војници во Ирак кој ги обучуваат локалните војници во борбите против Исламската држава. Шпанските војници не учествуваат директно не учествуваат директно во копнените акции.

Шпанскиот министер за внатрешни работи изјави во саботата дека не очекува нов ненадеен напад, па алармот од можен терористички напад го остави на претходно ниво 4 од можните 5. Таа оцена, воведен во 2015 година по нападот во Париз, значи „висок ризик од тероризам“ со засилена полициска контрола на железнички станици, аеродроми и други мести на кои помасовно се собираат луѓе. Шпанија никогаш не го воведен нивото на тревога од 5-то ниво, кое вклучува и распоредување на војската на улиците и нејзино патролирање, како што е во случајот на соседната Франција и на Белгија.

Ова беше првиот напад во Шпанија од март 2014 година кога во мадридската подземна железница беа убиени 192 лица. Бомбашкиот напад во Мадрид е најтешкиот на европскиот континент кој им се припишува на џихадистите.

Од почетокот на оваа година во Шпанија се уапсени 51 лица осомничено за припадност на џихадистички групации, ширење пораки и регрутирање на членови, од кои 13 се приведени во Каталонија. Во ниту еден друг дел од земјата не се приведени толку лица под вакви сомневања. Каталонија, која се протега на североистокот од Шпанија покрај границата со Франција, е една од најбогатите и туристички најпосетените шпански покраини.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.