Анализи

АНАЛИЗА: Исламска држава се пробива во Централна Азија

АНАЛИЗА: Исламска држава се пробива во Централна Азија

Брошури и знамиња на „Исламска држава“ се појавиле во реони на Пакистан и на Индија, заедно со сигнали дека крајно-радикалната група собира свои следбеници дури и во упориштата на талибанците и на „Ал Каеда“.

Пакистанските талибанци, од „Џамат ул Ахрар“ веќе ја објавија јавно својата поддршка на финансиски добро ситуираната и безмилосна „Исламска држава“, чии борци држат под котнрола огромни територии во Ирак и во Сирија, во обид да создадат свој сопствен калифат.

– „Исламска држава“ е исламистичка и џихадистичка организација, која работи на прилагодување на исламскиот систем на создавање на калифат, рекол во телефонска изјава за „Ројтерс“, Ехсанула Ехсан, лидер на „Џамат ул Ахрар“ и многу ценета личност меѓу талибанците.

Исламисткичките екстремисти од разни фракции, веќе имаат власт во некои од најзафрлените и сиромашни реони во јужна Азија, но „Исламска држава“, со своето брзо освојување на територии, со јавните обезглавувања и со масовните егзекуции, почнува масовно да собира свои следбеници меѓу најмладите борци од регионот.

Веќе остарените лидери на „Ал Каеда“, повеќето заглавени во беззаконието во регионот на пакистанско-авганистанската граница, се’ повеќе во очите на народот изгледаат како излитени, уморени и неефективни како во реалниот живот така и низ форумите во социјалните медиуми, во однос на тврдокорните џихадисти, кои се инкубатори на потенцијално нови следбеници.

Безбедносни експерти велат дека растечкото влијание на „Исламска држава“, можно е да го принудило лидерот на „Ал Каеда“, Ајман Завахири, да објави создавање индиски клон за издигнување на знамето на џихадот во Јужна Азија, која е дом на повеќе од 400 милиони муслимани.

Летоци и автомобилски налепници

Обидувајќи се да го зголемат своето влијание и популарност во авганистанско-пакистанскиот регион, огранок на „Исламска држава“ распространува летоци во пакистанскиот град Пешавар и во источен Авганистан, во изминативе неколку недели, тврдат локални жители.

Брошурата од 12 страници „Фатах“ (Победа), се дели главно во авганистанските бегалски кампови во Пешавар. Логото на брошурата е автоматска пушка АК-47 „Калашников“. На неа е испишан повик до локалното население да ја поддржи безрезервно екстремистичката група.

Автомобили со налепници „Исламска држава“, исто така, биле збаележани околу Пешавар.

Регрутирање следбеници во Индија

Активности на „Исламска држава“ биле забележени и во Кашмир, регион за кој претендираат и Пакистан и Индија, и кој е сцена на долгогодинши борби на екстремисти против индиската власт.

Претставници на индиските безбедносни сили во Кашмир, велат дека се обидуваат да го утврдат нивото на поддршка на арапската екстремистичка група, откако летово регистрирале појавување на знамиња и плакати на „Исламска држава“.

Извори од разузнувањето и од полицијата посочиле дека знамињата на „Исламска држава“, за прв пат се појавиле на 27 јуни, годинава, во Шринагар, регонален главен град. Потоа во јули, се појавиле во единствениот регион во Индија со мнозинско муслиманско население за време на празникот Курбан Бајрам. Исто така, во градот се појавиле и графити на џихадистичкото движење.

Млади луѓе вееле знамиња на „Исламска држава“ за време на протест против индиската власт, но приведувања немало. Безбедносните информации на полицијата биле дека учесниците на протестот во најголем дел биле тинејџери и дека биле фокусирани на тоа, регионот да добие независност од Индија.

„Исламска држава“ се обидува да регрутира свои следбенции и приврзаници и во внатрешноста на Индија, која има трето по големина исламско население во светот, но кое досега стоеше настрана од бојните полиња во странство, и покрај многуте повици од „Ал Каеда“.