АНАЛИЗА: Израел неможе да победи

Независно дали ни се допаѓа или не, во изминативе денови постојано е пред нас фразата: „Израелските сили да победат“. Многу од младите луѓе, кои ова го цитираат на своите страници на социјалната мрежа „Фејсбук“ всушност веруваат дека фразата е измислена за време на последната воена операција во појасот Газа.

Но, паметиме дека таа фраза ја виде светлината на денот многу претходно. За прв пат се појави како лепенка за автомобили, а потоа и како оппштоприфатен лозунг, кое секое дете во Израел го знаеше, анализира германски „Франкфуртер Алемане Цајтунг“, пренесува Нетпрес.

Таа фраза воопшто не е насочена кон приврзаниците на „Хамас” или кон граѓаните на Европа, туку само и единствено кон народот на Израел – и кон неговата претстава за светот во изминативе 14 години, која пак од своја страна се базира на погрешни претпоставки.

Првата од нив е дека постојат луѓе во Израел, кои ја одвраќаат победата, а со тоа и спокојството, што таа би ги донела со себе.

Тие „саботери“, кои размислуваат на еден различен начин, и’ пречат на израелската армија да победи. Тие ги парализираат мускулите на војниците со своите деструктивни и раздразнувачки статии и повици за повеќе хуманост и сочуствување. Ако тие предавници ги немаше, израелските одбрамбени сили одамна ќе надвладеаа, а спокојот, по кој израелскиот народ толку многу копнее, на крајот ќе дојдеше.

Другата, многу поопасна мисла, која се крие зад лозунгот „Израелските сили нека победат“ е дека армијата на еврејската држава навистина може да победи.

„Ние сме подготвени да ги донесеме сите ракети, едноставно за да може целиот тој ужас да заврши“ – толку многу семејства го велат ова по 14 години и четири воени операции во појасот Газа. Тие сеуште продолжуваат да си ги повторуваат погрешните мисли.

Децата, кои за време на операцијата „Одбрамбен штит“ во 2002 година, тргнуваа во прво одделение, денеска се војниците кои маршираат во Газа.

Доаѓа време во кое треба да се осознае – Израел неможе да победи.

Во секоја воена операција се вмешуваат политичари од конзервативниот блок и политички коментатори, кои велат дека времето да се биде нежен заврши и дека сега нештата треба да бида доведени до крај.

И ако по ова се погледне големата слика, тогаш со чудење секој би се прашал: За кој крај зборуваат тие? Кон што се стремат? Дури и ако секој војник на „Хамас“ биде убиен, никој вистински не верува дека палестинската желба и стремеж за национално признавање ќе умре со него.

gaza

Пред да дојде „Хамас“, борбите се водеа против Палестинската ослободителна организација (ПЛО). Ако „Хамас“ биде уништен, како што се надеваат сите Израелци, тогаш ќе почне борба против друга палестинска организација.

Израелската армија може да добие војна, но само еден политички компромис ќе им донесе на израелските граѓани безбедност, мир и спокојство.

Во последниве неколку недели, десничарски екстремисти на неколкупати посегнаа по левичарски демонстранти. Беа креирани „Фејсбук“ страници со име „Смрт за левицата“ и имаше повици за бојкот на сите, чие мислење се разликува од она дека Израел треба да победи.

Се покажа дека крвавиот пат, кој го води Израел од една воена операција во друга, не се движи во круг како што мислат сите, туку е како една спирала, која со сигурност води кон пропаст, која израелците допрва ќе ја осознаат.