Анализа: Како да препознаете психопат? Канадски научник напиша упатство

Криминалистичкиот психолог, професор Роберт Хер од Универзитетот Британска Колумбија создавач на PCLR тестот, метода која се користи дали е некој психопат, тврди дека овие луѓе не се способни за каење и емпатија и дека чувствата им се површни.

Во екстремните случаи, сеедно им е дали сте жив или мртов. Некои од нив се насилни криминалци, но тоа во ниту еден случнај не важи за сите.

Херовиот тест е едноставен. Станува збор за 20 критериуми, од кои секој носи 0 поени (ако не се однесува на тестираното лице), 1 поен (ако делумно се однесува) и 2 (ако во потполност се однесува на испитаникот.

Ова се критериумите, кои очигледно не се во мал број: речитост/манипулативност, огромна самодоверба,патолошко лажење, итрост, отсуство на подготвеност да се преземе одговорност за сопствената постапка, често чувство на здодевност, паразитски начин на живот и недостаток на реални долгорочни цели, импулсивност, неодговорно однесување, неспособност на контролирање на сопствено однесување, нападно однесување во раниот период од животот, малолетнички криминал, различни кривични дела, кршење на условни пресуди, повеќе бракови и промискуитетно сексуално однесување.

Психопатот би имал 40 поени, а секој кој има 30 или повеќе поени, според Хер, ги исполнува условите за дијагноза.

„Постојат луѓе кои ги исполнуваат условите за да бидат квалификувани како психопати, но не доволно за да предизвикаат проблеми. Често, тоа се нашите пријатели во чие друштво ни е забавно.Можеби понекогаш не искористуваат, но вообичаено тоа не е толку нападно,“ вели Хер истакнувајќи дека како аутизмот и психопатијата може да биде изразено во поголема или помала мерка, односно да се вклопи во рамките на нормалноста.

Некои карактеристики не мора да бидат по секоја цена недостаток, а во одредени околности дури може да бидат и од корист. Хер и неговиот колега Пол Бабијак напишаа книга под наслов „Змија во костум:Кога психопатите одат на работа.“

Тие анализираа 203 претприемачи и утврдија дека четири отсто од испитаниците имаат прилично голем број на карактеристиките имаат од PLCR тестот. Ова јасно покажува дека недостатокот на моралните скрупули и индифирентност спрема страдањето на другите луѓе може да биде од корист, ако сакате бескрупулозно да напредувате во работата.

За разлика оа аутистичните луѓе, кои можат да бидат сочувствителни, но главно во состојба да препознаат знаци како на пример насмевка или намрштеност кои зборуваат за тоа што некој мисли, психопатите добро знаат како се чувствувате, но самите не можат да почувствуваат.

„Поради се ова, одредени психопати се во голема предност, бидејќи можат да разберат што мислите, но се индиферентни спрема тоа и може да го злоупотребат против вас,“ изјави тој.

Иако психопатите обично ги замислуваме како убијци и чудаци, кои припаѓаат на некој друг свет, научникот кој го посвети животот на нивно проучување тврди дека и ваш колега, пријател па дури и сопружник може да биде еден од нив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.