Анализа: Како изгледа владата во сенка на СДСМ?

Неделникот „Република“ направи анализа на владата во сенка на СДСМ во која се вклучени и членови на сестринските партии во опозицијата. Според проценките на весникот постојат места за кои би се биеле копјата.

Премиер: Зоран Заев;
Генерален секретар на Влада: Петре Шилегов;
Портпарол: Сафет Бишевац;
Вицепремиер за евроинтеграции: Лидија Димова, Маринела Тушева, Гордан Георгиев;
Вицепремиер за економски прашања: Ристо Пенов;
Министер за надворешни работи: Радмила Шекеринска, Владимир Милчин, Стево Пендаровски;
Министер за внатрешни работи: Миле Зечевиќ, Фросина Ременски, Мирјана Најчевска;
Министер за финансии: Ванчо Узунов;
Министер за правда: Рената Десковска, Ана Павлова Данева;
Министер за економија: Кире Наумов;
Министер за транспорт и врски: Јани Макрадули, Дамјан Манчевски;
Министер за здравство: Златко Пановски, Никола Пановски;
Министер за животна средина: Зоран Шапуриќ;
Министер за култура: Благоја Стефановски, Ѓунер Исмаил (заменик Сафет Бишевац);
Министер за одбрана: Горан Мисовски, Стево Пендаровски;
Министер за земјоделие: Ленче Николовска, Виктор Божиновски;
Министер за информатичко општество и администрација: Борче Давитковски;
Министер за исполнување на рамковен договор: Едмонд Адеми;
Министер за локална самоуправа: Ацо Петрески, Зоран Дамјановски- Циц;
Министер за образование: Петар Арсовски;
Министер за труд и социјална политика: Митко Јованов, Соња Мираковска;

Во листата која е направена во консултација со повеќемина членови, симпатизери и аналитичари, се спомнуваат и други имиња, но овие беа најчести. Не може да се изостави дека постоело и пристрасност и „навивање“. Изненади што покрај местата за Влада во сенка беа споменувани и некои директорски, но и важни места во општеството „во сенка“. Така, како прв човек на ДБК во сенка се гледаат Есад Рахиќ, но и Миле Зечевиќ; на Агенција за телекомуникации: Јани Макрадули или Дамјан Манчевски; УЈП: Петар Гошев, Зоран Јовановски; Царина: Ило Илоски; Преговарач за името во сенка Љубомир Данаилов Фрчкоски; додека за прв човек на МРТ се посочува Сашо Ордановски, а во информативниот сектор на МРТ- Саше Ивановски.

Целосната анализа можете да ја прочитате во најновиот број на Република што од денеска, 20 јуни е во продажба

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.