Анализи

Анализа: Ќе добие ли Грција трет спасувачки пакет!?

Анализа: Ќе добие ли Грција трет спасувачки пакет!?

Следниот финсиски спасувачки план, кој што Германија и европските кредитори ќе треба да го изготват за Грција, ќе биде во висина меѓу 10 и 20 милијарди евра.

Спасувачкиот пакет, кој што ќе биде трет за најзадолжената европска економија е разгледан како „дополнителна помош“ од германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, кој изјави дека сумата ќе биде „многу помала“ од 240 милијарди евра, кои Атина веќе ги доби од меѓународните кредитори.

„Она, што е сигурно, е дека иднатата помош ќе биде многу помала од секој друга одобрена досега“, вели Шојбле.

За првпат Шојбле омека, дека Грција може да има потреба од трет спасувачки заем, во авуст – ризичен период пред парламентарните избори кои ќе се спроведуваат во септември.

Различни мислење

Најголемата економија во Европа, Германија, не се согласуваше со ММФ и останатите членови на популарната „Тројка“ кредитори за отпишување на грчкиот долг. Дури и по одобрувањето на најголемиот спасувачки план во европската историја, грчката економија продолжува да се намалува и останува најзадолжена земја во еврозоната со долг кој изнесува 176 отсто од БДП.

„Тие не разбираат – Грција има потреба не од трет заем, туку од преструктуирање на долгот“, вели Јоргос Статакис, професор по економија и член на грчкиот парламент.

Претходно ММФ призна, дека направиле грешки при менаџирањето на грчката криза. Сега ММФ, предвидува дека на Атина ќе и’ бидат потребни меѓу 10,9 милијарди евра во текот на 2014 и 2015 година. Оценките на грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас за потребите на Грција се блиски до таа сума.

„Строги“ очекувања

Грција продолжува да воведува „строги“ рестриктивни мерки кои вклучуваат сериозно кратење на работни места во јавниот сектор, намалување на платите и пензиите, како и приватизација на државните фирми.

Невработеносста во Грција е меѓу највисоките во Европа, а стапката достигна 27,8 отссто во споредба со просечните 12 отсто во ЕУ. Невработеноста меѓу младите е над 60 отсто.

Последните шест години на рецесија и’ нанесоа големи штти на економијата и сега земјата преживува голема дефлациија – цените се намалуваат до најниско ниво во последните 50 годино, а приходите се намалија за една третина, откако земјата потона во рецесија.