АНАЛИЗА: Колку ќе изгубат САД и ЕУ од санкциите на Русија за увоз на храна?

Одлуката на Русија на година дена потполно да го забрани увозот на храна од Запад, ќе ги погоди земјоделците, сточарите и рибарите.Руската агенција „РИА новости“ објави листа на производи за исхрана кои Русија ги увезува од САД, Канада, Европа, Австралија и Јапонија.

Од тие земји претходно во три фази стигнаа економски санкции кон Москва заради помагање на проруски сепаратисти.

Интересно е дека на таа листа ги нема Полска и Германија кои не се засегнати од овој потег на Москва бидејќи од Русија земаат само суровини, а не извозуваат храна.

Според податоците на Европската комисија, ЕУ минатата година пласирала земјоделски производи во Русија во вредност од 11, 8 милијарди евра. Кипар на Русија и продаваше цитрусно овошје и риба, Данска и Холандија млечни производи, јајца, жива стока, Италија овошје и вино, Велика Британија алкохолни пијалоци.

„Бидејќи Европската комисија во потполност ги преиспитува маерките на Руската федерација, го задржуваме правото да ги преземеме соодветните мерки,“ соопшти вчера Брисел.

Големиот удар надвор од ЕУ ќе ја почувствува норвешката рибарска индустрија на која исто така на една година ќе и бидат затворени вратите, како и на швајцарските млечни производители.

Американските производители на месо ќе ги почувствуваат руските санкции, бидејќи извозот на храна и земјоделски производи од САД минатата година вредеше речиси милијарда евра.

Забраната на увоз на храна ќе му донесат губиток и на австриското сточарство, но и на Јапонија бидејќи на Русија нема да можат да и продаваат риба и морски полдови. Канада во Русија не може да извезува свинско месо и ракови.

На листата на забранети земји на Русија се и Црна Гора и Хрватска од каде што се увезуваат говедско и свинско месо, риба, овошје, зеленчук и млечни производи.

Црногорското министерство за надворшни работи побара од Русија објаснување за одлуката за економски санкции.