АНАЛИЗА: Макрон – од анонимус до Елисејскиот дворец, Ле Пен – кошмарот на ЕУ

(© AFP 2017 / Eric Feferberg/Pool)

Центристот Емануел Макрон, 39-годишниот поранешен банкар од Амиен, е производ на француската елите кој во вториот круг од претседателските избори се пласираше бидејќи ѝ се спротистави. Неговата притивкандидатка од крајната десница, Марин Ле Пен, пак, го подигна Националниот фронт од работ на францускиот политички амбис во нејзиниот центар, а себе се претвори во серозен и можен кандидат за прва претседателка на Франција и прва државна челничка од крајната десница по Втората светска војна.

Кога во 2012 година одлучи своите вештини на инвестициски банкар да ги употреби во политичката арена и да стане советник на францускиот социјалистички претседател Франсоа Оланд, се чинеше дека на Емануел Макрон му е предодреден вртоглав подем во редовите на традиционалниот естаблишмент.

Меѓутоа, по само две години, од 2014 до 2016 година, минати на должноста министер за економија, Макрон ја напушти Социјалистичката партија, го формираше своето движење „En Marche!“ и како независен кандидат на политичкиот центар тргна во претседателската трка, испраќајќи притоа силни пораки против елитата на којашто ѝ припаѓа, или веќе ѝ припаѓаше.

Доколку победи на изборите в недела, Макрон на пошироката јавност целосно непознат до пред три години, со своите 39 години ќе стане најмладиот шеф на француската Република, уште од Наполеон. Макрон досега не беше избран ниту на една политичка должност и на почетокот од кампањата противниците го исмејуваа. „Сигурен сум дека францускиот народ нема својата судбина да ја стави во рацете на човек без искуство, кој досега не покажа ништо“, рече Франсоа Фијон, кандидатот на конзервативната партија Републиканци кој до јануари годинава важеше за фаворит на изборите, но по избувнувањето на аферата со фиктивното ангажирање на своето семејство како соработници во парламентот плаќани од државниот буџет, во првиот изборен круг се пласираше на третото место. Францускиот закон не го забранува ангажирањето на членови на семејствата на политичарите, но бара вистинско работење.

Метеорското искачување на Макрон многу аналитичари го припишуваат на исчекувањето на „свежо лице“ во комбинација со неочекуваниот крах на неговиот главен противни – „господинот Никој“, како што беше нарекува Фијон, поранешен министер и премиер во владата на поранешниот претседател Николас Саркози.

Чувствувајќи го незадоволството од состојбата статус-кво во земјата, Макрон јави дека ќе го „протресе“ естаблишментот, иако и самиот го завршил своето образование на најпрестижните и најскапи образовни институции во Франција, имаше огромни заработки како банкар на Ротшилд и беше министер за економија на Оланд.

„Франција е блокирана поради тенденциите на нејзината елита да си служи самата на себеси. А јас тоа го знам, бидејќи бев нејзин дел“, им порача Макрон на своите приврзаници.

Може да се претпостави дека планот на Макрон за негово учество во политика, и особено од највисоката функција во државата не содржел само задржување на министерската должност. Посебно имајќи предвид дека последната година како министер за економија почна ненадејно да ги критикува „светите крави“ на францускиот социјален модел, како на пример 35-часовната работна седмица, доживотното вработување во јавните служби и престрогата заштита на работниците од отпуштања од работните места.

Таквите пораки во текот на кампањата го претворија во моментално најпопуларниот француски политичар што претставува голем успех за поранешен банкар во земја во којашто многумина го презираат светот на високите финансии.

Макрон тврди дека неговата амбиција е да ја премости традиционалната поделба на левица и десница, којашто предолго доминира во француската политика. Кога во август минатата година го основаше своето движење, многумина политички аналитичари го сметаа за „ѕвезда со кусо сјаење“. Меѓутоа, во кампањата му одеше во полза тоа што социјалистите се растурени, како и тоа што фаворитот на конзервативците Фијон ја подели својата партија од каде што трпеше жестоки критики поради вмешаноста во финансискиот скандал за што невиноста ќе треба да ја докажува пред судот, и откако се оглуши на повиците да ја повлече кандидатурата во полза на друг конзервативен кандидат.

Оваа позиција Макрон подоцна ја зацврсти градејќи широка поддршка во избирачкото тело, и од левицата и од десницата. Ширеше оптимизам онаму каде што од неговата противкандидатка од крајната десница стравуваа. Жесток проевропејски поборнбик е и смета дека Франција треба да ја придобие Германија во создавањето социјално чувствителна Европска унија, којашто оваа засега го одбива. Токму поради тоа, особено по изгласувањето на истапувањето на Велика Британија од ЕУ и најавите на неговата противничката Лепен за сличен референдум во Франција доколку победи, во француските медиуми се јавија написи дека Берлин, па дури и преку своите тајни служби, се вмешува на страната на Макрон во француските претседателски избори.

Ветува вложувања во образованието на младите и нивната невработеност, и транзиција кон чистата енергија.

Макрон е во брак со Брижит Трудо којашто му била учителка во средното училиште и ја познава од својата шеснаесетта година. Врската ја започнале кога станал полнолетен. Имајќи ја предвид разликата од 24 години, нивниот брак беше привлечна и интензивно следена тема во списанијата.

Противкандидатката Лепен, пак, е двапати разведена мајка на три деца којашто успеа својата партија да ја позицинионира како антидоселеничка, евроскептична сила којашто нуди проткционистичка политика според примерот на американскиот претседател Доналд Трамп, за да ги заштити француските работници од „незуздената дива глобализација“.

Негова противничка на 7 мај ќе биде Марин Ле Пен којашто го нарекува „кандидат на банкарите“. „Господин Макрон неги брани интересите на народот. Тој ги брани интересите на финансиските центри на моќ, ги брани интересите на големите банки“, повеќепати во кампањата тврдеше лидерката на крајната десница.

Откако во 2011 година од својот тато Жан-Мари Ле Пен го презема водењето на Националниот фронт, Марин Ле Пен се потруди да го избрише антисемитскиот имиџ кој партијата го стекна во текот на изминатите децении токму поради истапите на нејзиниот татко

Со влегувањето во вториот круг, Ле Пен го повтори успехот на нејзиниот татко од 2002 година, кога тој, сепак, во вториот круг беше силно поразен од Жак Ширак кој освои над 80 отсто од гласовите, поради традиционалното сојузување меѓу левицата и десницата против крајната десница. Нешто што ја спречи и Марин пред две години на локалните избори да постигне историски успех првпат во историјата на партијата иако во првиот круг нејзините кандидати беа водство во речиси сите региони, и нешто што ѝ го предвидуваат сегашните анкети.

Меѓутоа, Жан-Марин Ле Пен тогаш воопшто ниту помислуваше дека ќе победи на претседателските избори, беше среќен со статусот на маргинален но важен предизвикуваше од работ на политичкиот систем. Но Марин Ле Пен сега има многу поголеми амбиции и посакува доаѓање на самиот врв. Иско анкетите и сега сугерираат дека таа нема да мине против Макрон, сепак истите истражувања на јавното мнение покажаа дека нејзината популарност пораснала за најмалку петпроцентни поени, оти ја доби поддршката на суверенистите од движењето Исправи се Франција – ги намалила прогнозите за нејзиниот противник на под 60 отсто, што упатува на многу понеизвесна трка отколку пред петнаесет години.

И покрај големите разлики во анкетите, многумина кај кои има згрозување од помислата за успех на тие што тие ги нарекуваат „популисти“ а овие себеси се декларираат како „суверенисти“ стравуваат да не се повторат изненадувачките изборни исходи со Брегзитот и американските претседателски избори.

Со својот препознатлив длабок глас, 48-годишната Ле Пен не се либи од тоа да ги вкрсти копјата со новинарите или противниците во телевизиските дебати.

Доколку стане претседателка, планира Франција прво да ја повлече од зоната на единствената валута и да ја врати националната – франкот, да настојува да се преструктурира или ЕУ или, дури, нејзината земја да го напушти сојузот и, во прв ред, да го запре доселувањето. Ле Пен не крие дека не ја поднесува ЕУ, а неодамна му се заблагодари на Најџел Фараж, кој ја водеше кампањата за Брегзитот, „што ни го покажа патот за излез од овој голем затвор“.

Нејзината економска политика е во согласност со антоглобализацискиот сентимент кој го доведе Доналд Трамп во Белата куќа и го поттикна излегувањето на Обединетото Кралство до ЕУ.

Последните години вложи големи напори да ја „де-демонизира“ својата партија и својата слика во јавноста, па дури и по цена на судирот со својот татко, кого пред две години го исфрли од партијата и од почесното претседателско место, бидејќи изјави дека нацистичките гасни комори биле „само историски детаљ“. Меѓутоа, интересно и дали не без умисла, францускиот суд му наложи на Националниот фронт да му даде сатисфакција на Жан-Мари Ле Пен и да ја поништи одлуката за негово исклучување.

Без разлика на тоа, кредиторите не сакаа да ја финансираат нејзината кампања, поради што беше, покрај медиумската и во финансиска нерамноправна позиција во однос на другите кандидати.

Покрај тоа, ЕУ одмазнички ја стави под истрага поради обвинувањата дека наводно проневерила пари од Европскиот парламент со фиктивни вработувања на помошници. Ле Пен тврди дека истрагата е политички мотивирана за да ѝ се наштети на нејзината кампања.

Оваа почитувачка на рускиот и на американскиот претседател, Владимир Путин односно Доналд Трамп, во политиката влезе како 18-годишна девојка. Како кандидатка на Националниот фронт во 1998 година беше избрана во советот на покраината Ил-де-Франс. Тогаш се откажа од адвокатската кариера и започна професионално да се занимава со политика. Од 2004 година е членка на Европскиот парламент а на последните европски избори во Франција освои 25 отсто од гласовите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.