Анализи

АНАЛИЗА: Малите политички партии во Грција пресудни за нова власт

АНАЛИЗА: Малите политички партии во Грција пресудни за нова власт

Малите грчки политички партии се целосно подготвени да направат остар лупинг на претстојните предвремени парламентарни избори за да си обезбедат место во парламентот преку прегратките на фаворизираната левица „Сириза” или пак „Нова Демократија“ на премиерот Андонис Самарас.

На малите партии во Грција им се потребни околу 3 отсто од гласовите за да може да обезбедат пратеничко место во парламентот во Атина, кој брои 300 народни избраници, пишува АФП, пренесува Нетпрес.

Некои од тие партии може да доживеат додворување од победникот, ако тој има потреба од сојузници за да го добие апсолутното мнозинство од 151 пратеник. Засега анкетите покажуваат дека секој десети гласач во Грција се двоуми околу својот избор.

Потами (Река)

Создадена во пролетта во 2014 година од поранешната телевизиска ѕвезда, Ставрос Теодоракис, партијата успеа да собере 6,6 отсто од гласовите на европските избори во мај, лани. Со тоа двајца, од 21 грчки пратеник во Европскиот парламент, се нејзини членови.

„Потами“ има амбиции да стане третата политичка сила во Грција и да биде партијата, која ќе ја „заштитува земјата“ од корупција. Проевропската партија може да биде пополнување при евентуална коалиција, независно дали таа ќе биде раководена од „Сириза“ или пак од „Нова Демократија“.

Социјалистите од Пасок

Бившиот вечен соперник на „Нова Демократија“, кој доминираше го грчкиот политички живот континуирано околу 30 години, моментно е само бледа сенка на она што некогаш беше. Здробена од наложените од Тројката рестрективни мерки, партијата преживува едни од своите најтешки моменти – масовно откажување на членството, кое во нејголем дел во изминативе четири години се приклучи кон „Сириза“. Моментно партнер во владејачката коалиција на Грција, „Пасок“ на еврозиборите доби 8 отсто од гласовите, што и донесе две места во Европскиот парламент. Анкетите покажуваат дека партијата веројатно на овие парламентарни избори ќе успее да добие само околу 5 отсто од гласовите. „Пасок“ е целосно подготвена повторно да се обедини со „Нова Демократија“, а не се икслучува ниту можноста за коалицирање со „Сириза“, која од своја страна не изгледа многу заведена од таа идеја.

Златна Зора

Околу половината од 18-те пратеници на крајнодесничарската партија, кои беа изгласани на изборите во 2012 година, се во затвор, а околу 70 нејзини членови се гонат за кривично дело „поврзаност со организиран криминал“. И покрај се’ , „Златна Зора“ беше треторангирана на европските избори со освоени 9,4 отсто од гласовите и обезбедени три европратенички места. Партијата сеуште има шанси да добие поддршка од околу 5 отсто од гласачите во Грција. Некои од избирачите, иако не ги подржуваат нејзините радикални и антимиграциски идеи, велат дека ја поддржуваат поради ризикот од судски прогон, кој го сметаат за политички мотивиран. Но, ниту „Нова Демократија“, ниту пак „Сириза“ не сакаат да коалицираат со „Златна Зора“, чиј лидер се истакна со изјавата дека „не е ниту со слугите на економијата, ниту со болшевиците“.

Комунистите од ККЕ

Незаменливата фигура во грчкиот политички пејсаж, ККЕ, ја одржува својата позицијата против Европската унија, САД и против НАТО. Таа доби 6,07 отсто од гласовите на европските избори, односно две пратенички места во ЕП. За претстојните парламентарни избори во Грција прогнозите за ККЕ се дека ќе добие меѓу 4 и 5 отсто од гласовите, а засега оваа партија отфрла секаква можност за коалицирање со „Сириза“.

Независни Грци

Оваа партија беше создадена за време на кризата. Ја оформи Панос Каменос откако ја напушти „Нова Демократија“. Иако се декларира како десничарска, партијата во декември, лани, се покажа како сојузник на „Сириза“, гласајќи против кандидатот за претседател на Грција, предложен од владејачката коалиција. Тоа доведе до распуштање на парламентот и до распишување на предвремени парламентарни избори. Но, и покрај ова сепак не е воопшто сигурно дека „Сириза“ ќе и’ предложи да биде дел од нејзината коалиција, исто како што не е сигурно дека „Независни Грци“ ќе освојат повеќе од 3 отсто од гласовите. На европските избори оваа партија освои 3,43 отсто од гласовите и доби едно место во ЕП.

„Движењето на демократските социјалисти

Млада партија, која беше основана од бившиот грчки премиер Јоргос Папандреу, некогашен член на „Пасок“ и син на нејзниот создавач. „Движењето на демократските социјалисти“ беше создадена поради незадоволството на Папандреу од насоките, кои ги применува партијата под раководство на нејзиниот лидер и вицеремиер на Грција, Евангелос Венизелос.

Потезите на Папандреу, кој во 2010 година требаше јавно да обелодени во каква тажна состојба се наоѓаат грчките финансии, а потоа да побара помош од Европската унија и од Меѓународниот монетарен фонд, не добија разбирање од сите. Изгледа дека Папандреу ги слабее позициите на „Пасок“ без воопшто да е сигурно дека ќе биде реизбран. Неговата нова партија добива едвај 2 отсто од гласовите.