Анализи

Анализа: Мировната конференција за Сирија почна со поделби

Анализа: Мировната конференција за Сирија почна со поделби

Владата на Сирија и нејзините непријатели се сретнаа лице  в лице за првпат на денеска почнатата мировна конференција во Швајцарија, која што светските сили се надеваат дека може да биде почеток на процесот за запирање на тригодишната граѓанска војска.

Веднаш се појавија докази за остри разлики, по што државниот секретар Џон Кери настојува претседателот Башар ал Асад да се симне од власт, а рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров предупреди против надворешни интервенции во активностие на Сирија.

Генералниот секретар на ООН, Бан Ки-мун ја отвори средбата, на која во текот на првиот ден свои излагање ќе имаат 40 делегати, меѓу кои и спротивставените страни во Сирија.

„Сиријците треба да почнат да разговараат меѓу себе повторно“, вели Бан повикувајќи ги двете страни да постигнат решение базирано на Женевското комуники со кое светските сили повикаа во 2012 година  преодна влада да раководи со промените во Сирија.

„Нема алтернатива на прекинувањето на насилството. Апелирам кон сите вас да покажете поголема визија за хуманост“, вели тој.

Оценувајќи ги претстоечките препреки како големи, но не и ненадминливи, Бан Ки-мун повика за брз пристап на хуманитарната помош до регионите под опасада.

Западните сили и Русија се обидаа да ги остават на страна сопствените остри разлики за тоа дали Асад треба да биде принуден да отвори пат за преодна влада и ја поддржија конференцијата како начин за брзо запирање на општото и меѓурелигиско насилство и негово проширување во регионот.

Конференцијата, која што Бан се надева дека ќе биде проследена со уште разговори во Женева, не буди големи надежи, особено меѓу исламистичките бунтовници  во Сирија, кои ги обвинија опозициските лидери кои се поддржани од Западот за предавници, само поради само поради тоа што се согласија да бидат во иста просторија со претставници на Асад.