АНАЛИЗА: Можна реконфигурација на Блискиот исток по кризата меѓу земјите од Заливот и Катар

Катарскиот емир Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани

Одлуката на земјите од Персискиот залив да ги прекинат дипломатските односи со Катар, државата којашто ја обвинуваат за спонзорирање на тероризмот, во прв ред ќе го загрози воздухопловниот сообраќај и ќе го принуди емиратот да побара други снабдувачи со храна, можеби шиитскиот Иран, сметаат аналитичарите, а политичката криза би можела да води кон политичка реконфигурација на Блискиот исток.

Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин а потоа и Јемен и Либија, во понеделникот една по друга објавија дека ги прекинуваат дипломатските односи со Катар, сунитската монархија којашто ја обвинуваат за „поддршка на тероризмот“, во прв ред мрежите на Ал Каеда, џихадистичката групација Исламска држава и панарапското исламистичко движење Муслимански братство.

Покрај тоа, Катар е исклучен од арапската воена коалиција на сунитските земји коишто се борат во Јемен против шиитските и сунитските бунтовници предводена од Саудиска Арабија. A овој дипломатски потрес на Блискиот исток доаѓа петнаесетина денови по посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Ријад, каде што побара од муслиманските земји да се пресметаат со верскиот екстремизам.

Од Доха, пак, одговорија дека одлуките на споменатите арапски држави за прекин на дипломатските односи со Катар се неоправдани со таквите тврдења. Катар ги отфрла обвинувањата како лажни изговори за обидот да биде изолиран, а во минатото токму заедно со Саудиска Арабија честопати беа обвинувани за финансирање на исламистичките милитанти. Според властите на емиратот, Катар е на удар на информациска кампања којашто има цел да им наштети на интересите на државите на Блискиот исток.

Удар за воздухопловниот сообраќај на Блискиот исток

Експертите велат дека воздухопловниот сообраќај во областа на Персискиот залив и поширокиот регион ќе биде погоден од споменатата одлука, бидејќи Саудиска Арабија ѝ забрани на компанијата „Qatar Airways“ користење на нејзиниот воздушен простор, а Египет објави дека ги затвора „воздушните и поморските“ граници со Катар. Исто така, сообраќајот со Катар го прекинаа и компаниите „Etihad Airways“, „Dubai Emirates“, „Flydubai“, „EgyptAir“ и „Gulf Air“ од Бахреин.

Во Доха е седиштетот на светската воздухопловна компаниија „Qatar Airways“ , а во регионот има многу аеродрми од кои се одвиваат летови кон дестинации во целиот свет. На пример, преку аеродромот „Хамад“ во Доха од јануари до март минале 9,8 милиони патници.

„Патник од Ријад (престолнината на Саудиска Арабија – з.р.) нема да може да го фати летот за Бангкок преку Доха (престолнината на Катар), а патник од Дубаи нема да може да лета за Лондон преку Доха“, вели Вил Хортон, аналитичар во Центарот за авијација во Мелбурн (CAPA).

Катарско-заливскиот спор е предизвик за воздухопловниот сообраќај во регионот веќе погоден од одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да им ограничи на патниците на летовите од Блискиот исток да внесуваат електронски уреди, покрај привремено суспендираната негова забрана за влез во САД за државјаните од шест муслимански земји.

Криза за храна

Околу 2,5 милиони жители на Катар ќе почуствуваат силни промени во снабдувањето со храна којашто оваа мала држава речиси целосно ја увезува.

Неименувани извори изјавија за агенциите дека ОАЕ и Саудиска Арабија веќе го прекинале извозот на бел шеќер во Катар, и тоа во време на светиот муслимански месец на постот Рамазан, кога е зголемено консумирањето на колачи.

Населенето ги разграбало прехранбените продукти од рафтовите, пренесуваат медиумите, а има и вести дека на границата со Саудиска Арабија се блокирани илјадници камиони со храна. Официјален Ријад објави дека ги прекинува дипломатските врски и ја затвора границата со Катар „за да ја заштити неционалната безбедност од заканите за тероризам и екстремизам“.

Трговски извори предвидуваат дека Катар веројатно ќе се сврти кон други извозници на храна во Азија, можеби кон шиитски Иран, главниот ривал на сунитските монархии во Персискио залив, којшто, според некои оцени, е вистинската цел на целата операција, а истовремено е и честа цел на нападите од Вашингтон.

Иран може да извезува храна во Катар по поморски пат и таа може да стаса во рок од 12 часа, изјави Реза Ноурани, претседател на Иранскиот сојуз на извозници на прехранбени и земјоделски производи, пренесуваат техеранските медиуми.

 

Израел ја поддржа одлуката на земјите од Заливот, Иран и Русија повикуваат на дијалог

Израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман рече во понеделникот дека одлуката на повеќето монархии во Персискиот залив да ги прекинат односите со Катар ја отвора можноста за соработка со тие земји во борбата против терозмот. „Тоа е уште една нова илустрација на фактот дека дури и арапските земји разбираат дека вистинската опасност во регионот не доаѓа од Израел, Евреите или ционизмот, туку од тероризмот“, рече шефот на израелските дипломатија, познат како приврзаник на тврдата линија.

За разлика од Иран кој ја критикуваше посетата на Трамп на Ријад во мај, Либерман потсетува дека амерканскиот претседател тогаш повика на создавање коалиција против тероризмот. „Државата Израел е вистински отворена за соработка, топката сега е во нивното поле“, додаде.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во телефонскиот разговор со катарскиот колега, шеикот Мохамд бин Абдулрахман ал-Тани, повика на решавање на несогласувањето преку преговори и изрази „сериозна загриженост поради појавата на ново жариште на тензии во арапскиот свет“.

Малку претходно во понеделникот истото го стори и Иран, повикувајќи на „отворен дијалог“ за надминување на несогласувањата со миротворни средства. Бахрам Хасеми, портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, додаде дека „користењето на санкциите во меѓузависниот свет денес е неефикасно, неприфатливо и заслужува осуда“.

Цврстите меѓународни позиции на Катар

Пребогатиот Катар, една од најмалите арапски земји со 11.437 квадратни километри и околу 2,5 милиони жители од кои 90 отсто се странци, одби да влезе во Федерацијата на Обединетите Арапски Емирати во 1971 година кога доби независност по 55-те години британски протекторат.

Со семејсвото ал-Тани коешто владее од средината на XIX век, Катар ја јакнеше дипломатската активност во светот во периодот на ткн Арапска пролет од 2011 година кога беа соборени авторитарните челници во повеќе муслимански земји од Северна Африка и Блсикиот исток, преку сателитската телевизиска мрежа Al Jazeera.

Меѓутоа, поради поддршката на Муслиманското братство во Египет и исламистичките дввужења во Тунис , а потоа и на исламистичкото движење Хамас во Појасот Газа, Катар веќе ја предизвика првата криза во 2014 година. Саудиска Арабија, ОАЕ и Бахреин, каде што се чувствуваше стравување од прераснување на помалите бунтови против тамошните кралски семејства ги отповикаа своите амбасадори од Доха во текот на осум месеци во 2014 година, но тогаш не ги прекинаа сосема односите ниту сообраќајните врски.

Член на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC), Катар е првиот светски произведувач и извозник на течен гас и располага со третите најголеми резерви во светот, а со големото богатство од нафта и од гас, приходот по глава на жител е меѓу најголемите во светот со 138.480 долари за 2015 година, стекнуваше големи удели во инвестициите на Западот.

Така, меѓу другото, Катар поседува 17 отсто од капиталот во германскиот автомобилски гигант „Wolkswagen“ , 10 отсто од „Empire Stateран Building“ во Њујорк. Вложи 40 милијрди британски фунти (46 милијарди евра) во Велика Британија последните години, а од 2011 година и стотина милијари евра во францускиот спортски клуб – фудбалскиот и во ракометниот – Пари Сен Жермен и во телевизијата beIN sport France.

Катар започна да гради фараонска инфраструктура за Светското фудбалско првенство во 2022 година, вредна 200 милијарди американски долари, но доделувањето на организацијата на оваа земја предизвика и сомневања и антикорупциски истраги во ФИФА.

На внатрешен план, организациите за човекови права остро го критикуваат Катар поради недостојните услови за работење на странските работници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.