Анализа: На Еврозоната и се заканува криза

Неочекуваниот пад на германскиот БДП, стагнирање на француската економија како и војната со санкциите со Русија, би можеле ЕУ да ја воведат во нова рецесија.

Новата фаза на санкции на Москва и одговорот на Кремљ со блокада на увоз на храна од Западот, очекувано би требало да ја здрма економијата на европскиот блок по одредено време.

Дека нешто не е во ред се виде и минатата недела кога беше објавено дека италијанската економија, третата по силина во еврозоната, повторно влезе во рецесија.

Италијанската економија два картала по ред бележеше негативен економски раст и покрај оптимистичките најави на премиерот Матео Ренци.

Потоа излегоа и најновите податоци на Евростат дека економскиот раст на Еврозоната од 18 држави членки мируваше во вториот квартал, додека на ниво на целата ЕУ беше 0,2 отсто.Неочекувано слаб резултат е забележан поради падот на БДП на Германија и стагнација на и онака ослабената француска економија.

Германското министерство за економија наведе дека главни фактори за таквата состојба се геополитички ризици мислејќи на судирите во Украина и на Блискиот Исток. Германија немаше негативен економски раст уште од четвртиот квартал на 2012 година.

Магазинот „Форчн“ вели дека овие бројки го потврдија трендот кој е воочлив во последните неколку месеци поради ескалација на украинската криза која остави трага на руската и на европската економија.

Според овој магазин, податоците се посебно загрижувачки, бидејќи не ја опфаќаат влошената ситуација поради соборување на малезискиот авион над Украина во јули.

По таа трагедија односите меѓу САД и ЕУ со Русија се дополнително заострени, а потоа следуваше нова војна на санкции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.