Македонија

Анализа на Корибко: По неуспешната колор-револуција на Заев, САД ги разбудија албанските тетористи

Анализа на Корибко: По неуспешната колор-револуција на Заев, САД ги разбудија албанските тетористи

Додека Грција доби гаранции за милијарди кубни метри руски гас, Македонија беше потресена од закана со нов албански бунт поттикнат за да се загрозат плановите на Москва за гасоводот, пишува аналитичарот Ендру Kорибко во колумна објавена во „Спутник“, пренесува Дневник.

Во неговата анализа, тој вели дека генералниот менаџер на „Газпром“, Алексеј Милер објави оти Русија ќе и гарантира на Грција 47 милијарди кубни метри гас преку „Турскиот тек“, кој потоа ќе продолжува кон европскиот пазар. Иако се уште не се знае точната траса, најверојатно тој од Грција до земјите на ЕУ ќе оди преку Македонија, ќе продолжи во Србија и оттаму во Унгарија и во Австрија.

-Постои една голема пречка за таа стратегија, а тоа е дека САД се обидуваат да ја трансформираат неуспешната колор-револуција во Македонија во неконвенционална војна за да се неутрализира таа геостратегиска рута со користење на албанските терористи, модел преземен од Сирија, за да се постигне деструктивната цел“, смета Kорибко.

Во текстот кој го пренесе весникот „Дневник“ авторот потсетува дека по војната во Југославија, САД го усовршија моделот на промени на режими со создавање точки на ескалација. Еден од тие методи е и колор-револуцијата, ненасилен отпор или граѓанска непослушност. Овој урнек е адаптиран за Македонија и може да се види како земјата успешно возврати на обидите за колор-револуција од страна на Зоран Заев. Сега кога плановите за „Балканскиот тек“ нагло напредуваат, САД сфатија дека мора брзо да реагираат за нив да ги саботираат, па оттука и ненадејното будење на албанските терористи, наведува авторот.

Така, како што албанските националисти се заканија дека ќе сторат се за „Јужниот тек“ да остане само сон, сега изгледа дека се подготвени да го направат истото за „Балканскиот тек“ земајќи превид дека само во последните шест месеци Албанија и нејзиниот сателит Kосово шокираа со: развеаја знаме од фашистичката ера над Белград, јавно кажаа дека имаат намера да прогласат Голема Албанија на Балканот, ја обновија иредентистичката терористичка организација и извршија насилно навлегување преку границата во Македонија. Што е највознемирувачко САД, ЕУ и НАТО не осудија ниту еден од тие акти, истакнува Kорибко.

Аналитичарот предвидува дека во иднина треба да им се обрне внимание на настаните кои ќе следат: можно проширување на теористички упади во Санџак и Прешевско; воена реакција на Албанија/Kосово/НАТО/САД и официјални соопштенија за упадите на терористи (Македонија или Србија), лојалност на албанските политички партии кон демократски избраната влада во Македонија и втор обид за колор-револуција во Македонија и можна трансформација во европски Мајдан.

Во исто време, Корибко смета дека е загрозен и големиот кинески проект. Тој изнесува неколку последици што би биле предизвикани од сценариото за саботирање на „Балканскиот тек“ и со заканата од создавање Голема Албанија – најпрво тоа би значело зацврстување на српско-македонските врски, а потоа и интензивирање на приближувањето на евроазиските економски организации кон Србија и Македонија, земји што не се членки ни на НАТО ни на ЕУ.

-Под закана е и кинескиот Балкански пат на свилата, план за брза поруга од Пиреа до Будимпешта (преку Македонија и Србија). Ова може да биде причина Kина да почне тивка медитација за решавање на конфликтот пред тој да излезе од контрола, истакнува Kорибко, пренесува Дневник.