Анализа на „Република“: СДСМ не може без партиски суд

Не­за­до­вол­ни од ефе­ктот на Ка­ти­ца Ја­не­ва, по­ра­зе­ни од не­до­сти­гот од ар­гу­мен­ти и кра­те­ри­те во неј­зи­ни­те те­а­трал­ни об­ви­не­ни­ја и во­де­ни од спе­ци­јал­на­та по­тре­ба за вра­ќа­ње на власт СДСМ се се­ти ка­ко да го ре­ши проб­ле­мот. Еу­ре­ка: ед­но­став­но, ќе си отво­рат спе­ци­ја­лен суд, кој ќе ра­бо­ти по нив­на жел­ба, ќе да­ва при­твор без до­ка­зи и ќе им из­ле­зе в пре­срет за сѐ што си са­ка­ат! По­чи­ту­ва­на и не­за­вис­на ин­сти­ту­ци­ја, ко­ја, најверојатно, ќе ја ра­ко­во­ди Ка­лај­џи­ев, а ле­ва, дес­на и спе­ци­јал­на ра­ка ќе му би­дат Тор­тев­ски, Ши­ле­гов и Шка­риќ. За атер на „ча­до­рот“, ќе ги вра­бо­тат и Фрчкоски и Нај­чев­ска. Пр­ви­от ќе се гри­жи за изг­ле­дот и ќе им ку­пи ко­њи за на ра­бо­та, на­стра­на „реј­бан“, а вто­ра­та ќе им игра ба­лет за от­пу­шта­ње. За пла­ти­те си зна­е­те… Вака неделникот „Република“ ја започнува својата анализа.

Пар­ти­ја­та со по­себ­ни, спе­ци­јал­ни по­тре­би ни­ка­ко да се по­ми­ри со ви­сти­на­та и да се на­вик­не на фа­ктот де­ка ед­но­пар­ти­ски­от си­стем одам­на за­ми­на во исто­ри­ја­та. Ма­ке­дон­ски­те по­ли­тич­ки ата­виз­ми, оста­то­ци од некогаш слав­на­та и моќ­на ко­му­ни­стич­ка пар­ти­ја, не мо­жат да го под­не­сат но­во­то вре­ме, во кое за да се дој­де на власт тре­ба да ра­бо­ти. На­стра­на, што тре­ба да ве из­бе­рат. Ним, пак, слич­но ка­ко и по­дел­ба­та на сопствениот на­род, вла­ста од­лич­но им „ле­жи“, но за до­а­ѓа­ње до неа и на­та­му ги ко­ри­стат средс­тва­та здоби­е­ни ка­ко глав­на при­до­би­вка од прет­ход­ни­те ге­не­ра­ции ко­му­ни­стич­ки фа­кто­ри. Ге­не­ти­ка и ло­ша на­ви­ка, оли­це­тво­ре­на во по­ли­тич­ка ег­зи­стен­ци­ја те­ме­ле­на на ма­ни­пу­ла­ции, ла­ги, из­вр­ту­ва­ња, де­вал­ва­ци­ја на про­тив­ни­ци и нив­но по­пре­чу­ва­ње. Исто­вре­ме­но, под­др­шка­та на членс­тво­то, а по но­во и на „ре­во­лу­ци­о­не­ри­те“, ја ба­зи­ра­ат на про­да­ва­ње на при­ка­ска­та де­ка тие што се со нив се по­и­на­кви, по­ум­ни, по­ин­те­ли­гент­ни, нај­до­бро­то од Ма­ке­до­ни­ја. А дру­го­то е гна­со­ти­ја. И тол­ку… За ни­што од ова не тре­ба труд, ту­ку са­мо по­доб­на че­та из­вр­ту­ва­чи и, по мож­ност, до­бар стран­ски до­на­тор, а со тоа и со­лид­на под­др­шка од не­кој „ча­дор.“ Не­ар­гу­мен­ти­ра­на под­др­шка, јас­на са­мо на ме­ѓу­на­род­ни­от фа­ктор, кој во нив гле­да на­чин ка­ко да ги ос­тва­ри сво­и­те це­ли. А ели­ти­стич­ки­те ма­ри­о­не­ти ќе игра­ат ли игра­ат. Тоа не им пре­чи, сѐ са­мо за да се на власт.

analiza200-2-520x717

Социјалдемократската „Т’га по преки суд“

За­тоа, не слу­чај­но на де­неш­ни­те де­ге­не­ри­ра­ни ко­му­ни­сти сил­но им не­до­сти­га­ат и дру­ги­те „по­год­но­сти“ на ми­на­ти­от си­стем, па та­ка „ре­во­лу­ци­о­не­ри­те“ те­шко бо­ле­ду­ва­ат и ро­нат горч­ли­ви сол­зи по сво­јот по­са­ку­ван и це­нет, спе­ци­ја­лен „пре­ки суд“. Којз­нае да­ли оди во па­кет со „Го­ли Оток“, но си­гур­но ќе им ре­ши мно­гу проб­ле­ми. На­стра­на што ни од­да­ле­ку не ја за­вр­ши­ле сво­ја­та „ре­во­лу­ци­ја“, ма­кар би­ла и ша­ре­на. Во прет­ход­на­та кон­сте­ла­ци­ја, ба­рем, до овој „пре­ки суд“ дој­де по по­бе­да­та на пар­ти­за­ни­те, ви­стин­ски­те ре­во­лу­ци­о­не­ри, чи­и­што ли­де­ри на овој на­чин рас­кр­сту­ваа со не­по­са­ку­ва­ни­те ли­ко­ви од оп­кру­жу­ва­ње­то. Ним цел пр­во им беа ка­пи­та­ли­сти­те, пре­дав­ни­ци­те и си­те што по­гре­ши­ле за НОБ и за ко­му­низ­мот. По­тоа, иста­та таа ин­сти­ту­ци­ја ста­на ала­тка за прес­ме­тка со не­и­сто­мис­ле­ни­ци­те и па­три­о­ти­те. Еден од сто­ти­ци­те Ма­ке­дон­ци ме­ѓу нив бе­ше и Ме­то­ди­ја Ан­до­нов – Чен­то…

Заг­ла­вен во сопс­тве­на­та без­и­деј­ност, СДСМ се­га ко­пи­ра гр­да иде­ја и ка­тиљ ин­сти­ту­ци­ја од пред по­ве­ќе од се­дум де­це­нии. Не­ин­вен­тив­ни­те без­дел­ни­ча­ри 70 го­ди­ни по ви­стин­ска­та ре­во­лу­ци­ја, во ко­ја пар­ти­за­ни­те не до­би­ваа днев­ни­ца за про­те­сти, ту­ку ги­неа за ка­у­за­та, па­ро­ди­ја­та од ре­во­луци­о­не­ри и нив­ни­те уште по­ко­мич­ни окси­мо­рон­ски ли­де­ри ко­му­ни­сти ми­ли­о­не­ри, јав­но си го по­ба­раа овој спе­ци­ја­лен суд. Се раз­би­ра, по­втор­но за прес­ме­тка со не­и­сто­мис­ле­ни­ци­те, кои во овој слу­чај се глав­на­та преч­ка за вра­ќа­ње на на­ма­че­ни­те зад­ни­ци во тол­ку по­са­ку­ва­ни­те функ­ци­о­нер­ски фо­тел­ји. За­тоа што е нај­лес­но и за­тоа што ова им се ви­де ка­ко од­ли­чен ре­цепт за по­до­бру­ва­ње на реј­тин­гот. Не ба­ра труд, а по­втор­но е на ма­ла вра­та, ка­ко и се­ко­гаш до­се­га. По 46 го­ди­ни на власт во по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја, на пр­ви­те из­бо­ри во не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја не ни по­бе­ди­ја, а вла­де­е­ја. Вто­ри­те из­ле­гоа на из­бо­ри без опо­зи­ци­ја, а ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца му­дро си мол­че­ше. Прв­пат на фер из­бо­ри, за­гу­би­ја, а трет­пат по­бе­ди­ја по конф­ли­ктот, прет­ста­ву­вај­ќи се ка­ко лаж­ни спа­си­те­ли.

И от­то­гаш по­стат и со­ну­ва­ат за власт. Це­ли 10 го­ди­ни. Цел­та е јас­на и ги оправ­ду­ва средс­тва­та, па зо­што то­гаш уло­га­та на оми­ле­на­та де­ус екс ма­ши­на (Бож­ја ра­ка) се­га да не ја има не­ка­ков спе­ци­ја­лен суд? До­би­ја Спе­ци­јал­но (или бе­ше со­ци­јал­де­мо­крат­ско) јав­но об­ви­ни­телс­тво, па зо­што да не и спе­ци­ја­лен, со­ци­јал­де­мо­крат­ски суд. И ту­ка за да не­ма слу­чај­но­сти и „про­пу­сти“, си­гур­но ќе при­тис­нат по­втор­но да би­де со нив­ни из­бра­ни­ци, долж­ни­ци по­доб­ни за пар­ти­ја­та на­ма­че­на од безв­ла­стие. Па зо­што во не­го су­дии да не ти би­дат Ка­лај­џи­ев, Тор­тев­ски, Ши­ле­гов, Шка­риќ, Нај­чев­ска и Фрч­ко­ски?! Овој со­став си­гур­но би ги за­до­во­лил пре­фи­не­ти­те вку­со­ви. Са­де про­фе­со­ри и ад­во­ка­ти, на­стра­на кој од кој по­не­за­ви­сен, а дел и по ме­ѓу­на­род­но пра­во. Па и та­ка ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца ќе им да­де зе­ле­но свет­ло, ка­ко и до­се­га, не­ли. Неј­се што Уста­вот не го доз­во­лу­ва тоа. Не го доз­во­лу­ва­ше ни СЈО, па бид­на, ама се по­ка­жа де­ка е не­до­вол­но. Дуп­ки­те и кра­те­ри­те во на­пра­ви­ја­та на Ка­ти­ца Ја­не­ва и не­до­сти­гот од до­ка­зи и од ар­гу­мен­ти ќе ги на­до­пол­ни ли се­га спе­ци­јал­ни­от суд со из­бра­ни­те, по­доб­ни де­ли­те­ли на прав­да? Којз­нае са­мо да­ли ќе има­ат вре­ме да ра­бо­тат од по­се­ти­те на Беј­ли, Орав, Га­рет, Ал­та­ху­зер и кој ли нѐ ду­ше­гриж­ник? Ах, да. Га­рет се­га има по­па­мет­на ра­бо­та.

Партијата наречена „бојкот“

analiza200-3

Љу­бо­вта кон па­ри­те и до­бра­та по­зи­ци­ја, но и од­бив­но­ста кон ра­бо­та­та, СДСМ нај­до­бро ја пре­зен­ти­ра­ше во Со­бра­ни­е­то. По 17 ме­се­ци бој­кот во пр­ва­та „ту­ра“, нив­ни­те пра­те­ни­ци се вра­ти­ја под при­ти­сок на До­го­во­рот од Пр­жи­но. Са­мо тоа и го ис­пол­ни­ја од до­го­во­ре­но­то. Но по се­та ма­ка на те­шка­та пра­те­нич­ка деј­ност, из­др­жаа на ра­бо­та са­мо 10 ме­се­ци. Се­га се по­втор­но на пла­тен од­мор, дел пре­кр­шу­ва­ат со­о­бра­ќај­ни за­ко­ни и во­зат ком­би­ња на ша­ре­на­та „ре­во­лу­ци­ја“, а дру­ги­от дел е под ша­ре­ни ча­до­ри во Гр­ци­ја. „Бој­кот на сто на­чи­ни“, ова би би­ло име­то на кни­га­та за дејс­тву­ва­ње на СДСМ, пар­ти­ја што ми­на­ти­те го­ди­ни е це­лос­но во зна­кот на бој­ко­тот. Чин што од­лич­но од­го­ва­ра на пар­ти­ска­та мр­зе­ли­ва кон­сте­ла­ци­ја. Овој пат зас­лу­жи­ја да од­мо­рат, осо­бе­но по тол­ку мно­гу учес­тво во соз­да­ва­ње ма­сов­ност, бо­е­ње ин­сти­ту­ции и ор­га­ни­за­ци­ја на про­те­сти, кои, па­ра­до­ксал­но, не би­ле нив­ни?! Кон исти­от тој бој­кот, нај­гр­до­то и нај­не­по­са­ку­ва­но по­ли­тич­ко средс­тво во за­пад­ни­те де­мо­кра­тии кон кои дек­ла­ра­тив­но тол­ку мно­гу теж­не­ат, по­сег­наа со без­о­браз­на цел – уце­на на Устав­ни­от суд. Прет­ход­но, исти­те тие за­штит­ни­ци на не­за­вис­но­ста на судс­тво­то ба­раа сме­на и каз­на за двај­ца су­дии, а два де­на по­ра­но јав­но при­тис­наа и сме­ни­ја од­лу­ка на друг за би­тол­ски­от гра­до­на­чал­ник. Се­га, ла­жат де­ка не бој­ко­ти­ра­ат, ту­ку са­мо „не учес­тву­ва­ат во ра­бо­та­та на пар­ла­мен­тот“ и вр­шат ди­ре­ктен при­ти­сок врз ин­сти­ту­ци­ја­та што го чу­ва уста­вот на др­жа­ва­та. Не гри­же­те се, ре­дов­но си зе­ма­ат пла­та. Раз­бир­ли­во, ле­жал­ки­те во Гр­ци­ја не се бесп­лат­ни, ни­ту, пак, ча­до­ри­те. Но за­шти­та­та од сон­це и не е тол­ку ска­па, нај­че­сто се пие ка­фе и се до­би­ва­ат во це­на­та. Ов­деш­ни­от „ча­дор“, пак, ќе им нап­ла­ти мно­гу по­со­ле­но за за­шти­та­та. Тој го пие ка­фе­то со СЈО и со су­ди­и­те, а СДСМ тре­ба са­мо да дој­де на власт. Чи­нот што за­се­га е са­мо не­воз­мож­на ми­си­ја, ќе ја акти­ви­ра ме­ни­ца­та за нап­ла­та на дол­гот. Мо­же­би и за­тоа не се тру­дат мно­гу, којз­нае што ве­ти­ле…

Каракамишева-Јовановска: Паралелизмот е основната матрица на СДСМ

Стра­те­ги­ја­та на СДСМ за па­ра­лел­но ор­га­ни­зи­ра­ње и во­де­ње на зем­ја­та уште пред не­кол­ку го­ди­ни јав­но ја нај­а­ви глав­ни­от иде­о­лог на СДСМ, про­фе­сор Фрч­ко­ски, кој во не­кол­ку на­вра­ти збо­ру­ва­ше за нуж­на­та по­тре­ба од по­дел­ба ме­ѓу Ма­ке­дон­ци­те, по­тсе­ту­ва проф. д-р Та­ња Ка­ра­ка­ми­ше­ва-Јо­ва­нов­ска од Прав­ни­от фа­кул­тет во Скоп­је.

Ду­ри оти­де и до­та­му што ве­ле­ше де­ка ако тре­ба и ка­фе­а­ни­те ќе ги по­де­ли­ме, и ули­ци­те по кои се дви­жи­ме ќе ги по­де­ли­ме, са­мо и са­мо да се од­де­ли­ме ед­ни од дру­ги. Во ед­ни ка­фе­а­ни да одат при­вр­за­ни­ци­те и чле­но­ви­те на СДСМ, во дру­ги тие на ВМРО-ДПМНЕ, та­ка со­ве­ту­ва­ше на вре­ме­то Фрч­ко­ски.

Не­бу­лоз­но­ста и ин­фан­тил­но­ста на оваа из­ја­ва уште ко­га бе­ше да­де­на тре­ба­ше да се сфа­ти се­ри­оз­но, а не да се ста­ва на мај­тап, ка­ко што се на­пра­ви, би­деј­ќи во таа не­го­ва из­ја­ва се гле­да­ше за­че­то­кот на оваа стра­те­ги­ја на те­ра­ње па­ра­ле­ли­зам во це­ли­от др­жа­вен си­стем. Очиг­лед­но е де­ка па­ра­ле­лиз­мот е ос­нов­на­та ма­три­ца по чи­ја­што ше­ма се од­ви­ва­ат по­ли­тич­ки­те че­ко­ри и дејс­тву­ва­ње на СДСМ.

Ос­по­ру­ва­ње­то на из­бор­на­та ле­ги­тим­ност на пра­те­ни­ци­те во Со­бра­ни­е­то на РМ, ка­ко и таа на пре­тсе­да­те­лот на Ре­пуб­ли­ка­та во 2014 го­ди­на, вед­наш по за­тво­ра­ње­то на из­би­рач­ки­те ме­ста во зем­ја­та, бе­ше отво­ре­но, јав­но офи­ци­ја­ли­зи­ра­ње на оваа стра­те­ги­ја и по­со­чу­ва­ње на па­тот по кој ќе се од­ви­ва­ат на­та­мош­ни­те по­ли­тич­ки че­ко­ри во зем­ја­та. Вед­наш по­тоа сле­ду­ва­ше бој­ко­тот на Со­бра­ни­е­то, зна­чи не­го­во де фа­кто не­приз­на­ва­ње, ка­ко и не­приз­на­ва­ње на Вла­да­та на РМ.

СЈО бе­ше ор­га­нот што ја про­дол­жи стра­те­ги­ја­та на по­ли­тич­ки и на прав­ни по­дел­би во зем­ја­та. И по­крај не­го­ва­та про­ти­ву­став­ност, СЈО се вос­по­ста­ви ка­ко па­ра­ле­лен јав­но­об­ви­ни­тел­ски ор­ган, кој со за­ко­нот што го уре­ди на не­до­ве­тен на­чин соз­да­де по­ве­ќе прав­ни не­при­јат­но­сти и не­ре­ше­ни со­стој­би, откол­ку што до­не­се по­зи­тив­ни ра­бо­ти за др­жа­ва­та. Вед­наш по ин­ста­ли­ра­ње­то на СЈО во прав­ни­от си­стем, поч­наа екс­перт­ски­те нај­а­ви за по­тре­ба­та од фор­ми­ра­ње спе­ци­ја­лен суд во рам­ки­те на Ос­нов­ни­от суд Скоп­је 1, кој, спо­ред глас­но­го­вор­ни­ци­те, тре­ба да ги ре­ша­ва пред­ме­ти­те што ги ини­ци­ра СЈО. Ед­но­вре­ме­но, ги слуш­нав­ме скан­да­лоз­ни­те из­ја­ви на Ка­ти­ца Ја­не­ва де­ка, спо­ред неа, ни­ту ед­на др­жав­на ин­сти­ту­ци­ја во зем­ја­та не­ма ле­ги­тим­ност, освен таа, ко­ја има ле­ги­тим­ност по­твр­де­на од че­ти­ри­те пар­тии, што бе­ше ос­но­ва да се по­диг­нат сом­не­ва­ња­та до нај­ви­сок сте­пен за струч­но­ста и за про­фе­си­о­нал­но­ста во ра­бо­та­та на СЈО. До­пол­ни­тел­но сле­ду­ваа и хо­ли­вуд­ски­те и те­а­трал­ни прес-кон­фе­рен­ции на СЈО што, де­фи­ни­тив­но, го по­твр­ди сом­не­жот де­ка овој ор­ган ме­сто да ра­бо­ти во сог­лас­ност со за­ко­ни­те во зем­ја­та и врз ос­но­ва на цвр­сти и 100 про­цен­ти из­др­жа­ни ар­гу­мен­ти и до­ка­зи, се ста­ви во функ­ци­ја на СДСМ за по­ли­тич­ки да го одра­бо­ту­ва те­ре­нот за пар­ти­ја­та. Ка­ко што од­ми­ну­ва­ше вре­ме­то та­ка и СЈО сѐ по­ве­ќе се раз­об­ли­чу­ва­ше во сво­е­то дејс­тву­ва­ње. Отка­ко СДСМ сфа­ти де­ка не­ма ус­пех са­мо со оваа не­го­ва пар­ти­ска ис­по­ста­ва во прав­ни­от си­стем, поч­на сѐ пог­лас­но да збо­ру­ва и за по­себ­но пар­ти­ско-суд­ско од­де­ле­ние во Кри­вич­ни­от суд Скоп­је 1, кој тре­ба да би­де со­ста­вен од „по­доб­ни“ су­дии на СДСМ, за чи­ја­што ре­гру­та­ци­ја лич­но е за­ин­те­ре­си­ра­на и ед­на стран­ска ам­ба­са­да во РМ. Поч­наа да се ор­га­ни­зи­ра­ат раз­ни не­фор­мал­ни сред­би, и тај­ни раз­го­во­ри за тоа кои се тие по­доб­ни су­дии, без зна­е­ње на Суд­ски­от со­вет на РМ, кој е единс­тве­но те­ло над­леж­но да ги из­би­ра су­ди­и­те и да вр­ши нив­ни транс­фер. Без раз­ли­ка што спе­ци­ја­ли­зи­ра­но од­де­ле­ние за су­де­ње на кри­вич­ни­те де­ла од сфе­ра­та на ор­га­ни­зи­ра­ни­от кри­ми­нал и ко­руп­ци­ја ве­ќе по­стои во рам­ки­те на Кри­вич­ни­от суд по­ве­ќе од ед­на де­це­ни­ја, СДСМ упор­но ин­си­сти­ра да се на­пра­ват из­ме­ни на по­стој­ни­от За­кон за су­до­ви­те со цел вне­су­ва­ње но­во спе­ци­ја­ли­зи­ра­но од­де­ле­ние за су­де­ње на исти­те де­ла за кои е над­леж­но ве­ќе фор­ми­ра­но­то од­де­ле­ние. Зна­чи, по­втор­но се гле­да­ат еле­мен­ти­те на таа ма­три­ца на па­ра­ле­ли­зам, са­мо се­га во судс­тво­то. СДСМ и стран­ци­те зна­ат де­ка јав­но­то об­ви­ни­телс­тво, ка­ко и судс­тво­то, се ср­це­ви­на­та на прав­на­та др­жа­ва. Тие зна­ат де­ка ако се чеп­не во ср­це­ви­на­та, се уни­шту­ва др­жа­ва­та. Тие се свес­ни де­ка се­кое де­ле­ње на су­ди­и­те, кои спо­ред Уста­вот и ме­ѓу­на­род­ни­те до­ку­мен­ти се не­за­вис­ни и са­мо­стој­ни во сво­е­то ра­бо­те­ње, на по­доб­ни или не­по­доб­ни е ди­рект­но брц­ну­ва­ње в око на вла­де­е­ње­то на пра­во­то и на прав­на­та др­жа­ва. Ин­те­рес­но е што ќе смис­лат ка­ко кри­те­ри­ум плус во За­ко­нот за су­до­ви­те и во тој за Суд­ски­от со­вет ко­га ќе тре­ба да се пред­ла­га­ат су­дии за тоа по­себ­но од­де­ле­ние. Кои по­себ­ни ус­ло­ви ќе тре­ба да ги ис­пол­ну­ва­ат су­ди­и­те што ќе тре­ба да су­дат во ова од­де­ле­ние, би го на­рек­ла – па­ра­лел­но суд­ско од­де­ле­ние?

Це­ло­то ова сце­на­рио е, на­ви­сти­на, бес­мис­ле­но и има ед­на цел. Да ја тур­не др­жа­ва­та на ко­ле­на со цел да се по­ка­же де­ка зем­ја­та и ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни не­ма­ат ка­па­ци­тет да во­дат и да ор­га­ни­зи­ра­ат сво­ја др­жа­ва. Па­ра­ле­лиз­мот во во­де­ње­то на др­жа­ва­та нуж­но во­ди кон про­те­кто­рат. А во про­те­кто­рат, ВМРО-ДПМНЕ не­ма да мо­же да ја во­ди зем­ја­та. Исто­то тоа се од­не­су­ва и на СДСМ. Но, по­ли­тич­ко­то зло е стиг­на­то до­та­му што СДСМ сме­та де­ка ако не мо­же да упра­ву­ва др­жа­ва­та, то­гаш не­ма ни­ту ВМРО-ДПМНЕ. Не­го­ва­та ло­ги­ка е не­ка нѐ во­ди не­кој трет, по пра­ви­ла што ни од­да­ле­ку не­ма да би­дат од ин­те­рес на Ма­ке­до­не­цот, са­мо за ВМРО-ДПМНЕ за­се­ко­гаш да се трг­не од по­ли­тич­ка­та сце­на. Тоа, се­ка­ко, не­ма да се слу­чи, но е нив­на го­ле­ма и пу­ста жел­ба.

Даштевски: Не специјален суд, да се смени составот на СЈО

Ка­ко што слуш­нав­ме на 27 ју­ни 2016 го­ди­на и од прет­став­ни­ци­те што пре­го­ва­ра­ат за над­ми­ну­ва­ње на проб­ле­ми­те со цел ре­ша­ва­ње на по­ли­тич­ка­та кри­за и одр­жу­ва­ње на из­бо­ри­те, ве­ли проф. д-р Але­ксан­дар Да­штев­ски, ни еден прет­став­ник од че­ти­ри­те по­ли­тич­ки пар­тии не спо­ме­на та­ков пред­лог за фор­ми­ра­ње по­себ­но од­де­ле­ние во су­дот Скоп­је 1, кој ре­ша­ва за пред­ме­ти­те во прв сте­пен.

Даштевски: Из­ја­ви­те на си­те пре­го­ва­ра­чи беа де­ка се раз­го­ва­ра­ло иск­лу­чи­тел­но за из­би­рач­ки­от спи­сок и за из­ме­ни­те во За­ко­нот за ме­ди­у­ми. Што се од­не­су­ва до шпе­ку­ла­ци­и­те што из­ле­гоа кај дел од пор­та­ли­те бли­ски до опо­зи­ци­ја­та, сме­там де­ка не зас­лу­жу­ва­ат вни­ма­ние. До­го­во­рот од Пр­жи­но е оп­што поз­нат и до­ста­пен на ин­тер­нет за це­ла­та јав­ност. Тој е ис­пол­нет во це­лост и оста­ну­ва са­мо, во сог­лас­ност со до­го­во­ре­но­то, да се одр­жат ве­ро­до­стој­ни из­бо­ри. Сме­там де­ка и ова што се на­пра­ви до­се­га не е во сог­лас­ност со Уста­вот, од­нос­но па­ра­ле­лен ор­ган ка­ко СЈО ни­ка­ко не мо­же да се сме­та за уста­вен, ту­ку са­мо ка­ко по­ли­тич­ки ор­ган би­деј­ќи е до­го­во­рен ме­ѓу че­ти­ри­те по­ли­тич­ки пар­тии, кои по­ра­ди бр­за­ње не ја зе­ма­ле пред­вид окол­но­ста, де­ка та­ква мож­ност е спро­тив­на на Уста­вот на РМ. Се­пак, тоа е ста­ве­но во до­го­во­рот и ве­ќе функ­ци­о­ни­ра. За ка­кви би­ло про­ме­ни и ба­ра­ња што не се ста­ве­ни во до­го­во­рот и се про­ти­ву­став­ни, не тре­ба да се раз­го­ва­ра. Ви­дов­ме де­ка тие са­мо ја про­ши­ру­ва­ат по­ли­тич­ка­та кри­за, а не ја ре­ша­ва­ат. Тоа пред не­кол­ку ме­се­ци го из­ја­ви и евро­ко­ме­са­рот Јо­ха­нес Хан. Тој ре­че де­ка ЕУ са­ка­ла да по­мог­не со по­сре­ду­ва­ње­то, но имал чув­ство де­ка при­до­не­ла за вло­шу­ва­ње на со­стој­би­те.

Од дру­га стра­на, еви­дент­но е де­ка СЈО пра­ви по­ли­тич­ки про­гон са­мо на ед­на по­ли­тич­ка гар­ни­ту­ра, што е спро­тив­но на До­го­во­рот од Пр­жи­но. Та­ков про­гон се по­ка­жа ка­ко иск­лу­чи­тел­но не­про­ду­кти­вен и не­за­кон­ски, но по­го­лем проб­лем е што не­ма ка­па­ци­тет да се со­о­чи со со­стој­би­те што про­из­ле­гу­ва­ат од прис­лу­шу­ва­ни­те раз­го­во­ри. За­тоа јас пред­ла­гам, ме­сто да се пред­ла­га­ат дру­ги те­ла за па­ра­лел­на др­жа­ва, ко­ја ни­ко­му не му е во ин­те­рес, це­лос­но или де­лум­но да се сме­ни со­ста­вот на СЈО и да се до­не­сат по­ква­ли­тет­ни ка­дри, кои ќе се за­ни­ма­ва­ат со прав­ни пра­ша­ња, а не да пра­ват стен­дап-кон­фе­рен­ции на кои ќе ја пре­кр­шу­ва­ат пре­сумп­ци­ја­та на не­ви­ност. Се сме­ни­ле мно­гу функ­ци­о­не­ри во др­жа­ва­та, па зо­што да не се сме­нат и дел од овие, ако се ра­бо­ти за ид­ни­на­та на др­жа­ва­та.

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 200. број на неделникот „Република“, 1.07.2016)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.