АНАЛИЗА: Новосоветскиот империјализам против западната демократија

Руската инвазија во Украина, која Кремљ ја прикрива веќе неколку месеци во континуитет, сега е во полн замав. Во меѓувреме, пак, Москва повеќе и не се труди да го сокрие тоа. Дури и германската влада, која се надеваше дека желбата на Владимир Путин за мир на крајот сепак ќе надвладее, сега почнува да зборува за „воена интервенција“.

И така, новосоветскиот империјализам се исправува против западната демократија, пишува германски „Ди Велт“, пренесува Нетпрес.

Всушност, господарот на Кремљ никогаш и немал ниту најмала намера, да се откаже од својот планот за делумно или целосно потчинување на соседната суверена држава. Последниот неговр говор, не остава никаков сомнеж за тоа дека со воената агресија тој цели многу повисоко отколку контрола врз Донбас. Употребениот од него назив „Нова Русија“ на јазик на екстремно големи руски национализам, опфаќа една многу поголема површина од јужна и источна Украина.

Путин во никаков случај не дозволува да остане збунет од колебливата реакција на Западот. Западните влади одамна го прифатија незаконското анексирање на Крим, а општеството не се интересира за ужасните нарушувања на човековите права. Сето ова силно го охрабрува Кремљ во неговата навредлива оценка дека Западот можеби изгледа силен, но всушност е безопасен како еден тигар од хартија и ќе се покаже немоќен при следното присвојување на територии.

Уште повеќе, што неговата пропаганда успеа да ја натера Украина, која тој лично ја втурна во војна, да се покаже како многу дискредитирана пред поголемиот дел од западната јавност. На еден многу циничен начин, Путин го експлоатираше сеќавањето за антифашистичкиот отпор за време на Втората светска војна.