Анализи

Анализа: Парите од природниот гас ќе го обединат Кипар

Анализа: Парите од природниот гас ќе го обединат Кипар

Во вторникот лидерите на кипарските Турци и Грци изразија желба за постигнување на „што е можно побрзо решение“ за обединување на средоземскиот остров по обновувањето на преговорите во перспектива на побарувачката за крајбрежни полиња со природен гас.

Претседателот на Република Кипар, Никос Анасасиадис и лидерот на Севернокипарската турска република, Дервиш Ероглу имаа едночасовна средба во зградата на ООН на поранешниот аеродром во Никозија, во присуство на претставникот на ООН за Кипар, Лиза Бутенхајм.

Островот Кипар е поделен по турската инвазија во 1974 година во одговор на обидот за државен пресврт со цел присоединување кон Грција. Триесет години подоцна Република Кипар влезе во Европската Унија, но островот остана поделен по неуспехот на планот за обединување, составен под раководство на ООН и подложен на референдум, на кој што текстот доби одобрување од кипарските Турци, но беше отфрлен од кипарските Грци.

Во 2008 ма година се одржаа последните преговори кои беа прекинати во 2012 година. Во петокот лидерите на двата регион ја одобрија декларацијата, која што беше подготвена од ООН, за да се определи рамката на преговорите.

„Лидерите ќе имаат за цел да постигнат што е многу побрзо решение и потоа да организираат одделени референдуми“, се вели во соопштениет од Бутехајм.

Заедничката декларација претставува рамка на преговорите за обединување на островот, која што стана неопходна имајќи ја предвид експлотацијата на резервите на природен гас на островот и историската рецесија во Република Кипар. Во декларацијата се вели дека постигнатото решение ќе биде одобрено на референдум, тоа ќе доведе до формирање на „двонационална и бизонална федерација“ во која што Кипар ќе биде обединета законска единка во меѓународната заедница, со севкупен суверенитет. Уставот ќе предвидува „обединета федерација Кипар да биде составеа од две земји членки со еднаков статус“ и ќе забранува „делумно или полно обединување со која и да е друга страна“.

По години неуспешни преговори неодамешното откривање на наоѓалишта со природен гас во морето во близина на островот ги промени облозите. Според Хуберт Фаустман, професор по историја и политички науки на универзитетот во Никозија, тоа е „најголема можност за мир од 2004 година“. „Вашингтон вложи многу од својот авторитет во последните напори за мир, но како што гасот и нафтата ја менуваат играта …Тоа  е ситуација во која сите заработуваат“, вели тој.

Израел, кои размислуваат за извоз на гас преку гасовод кој што би минувал покрај кипарските води и Турција или да инвестира во погон за втечнување на гасот на островот, нема да го даде својот гас на Кипар ако не биде постигнато решение“, вели Фаустман.