АНАЛИЗА: Планот на Путин

Планот на рускиот претседател Владимир Путин за Украина, како што и се очекуваше, го одложи новиот пакет санкции од Западот против Москва.

Мирниот план, кој беше кусо презентиран од него за време на неговиот лет од Сибир кон Монголија, предизвика голема врева во дипломатските кругови, и му предложи на Западот да го одложи воведувањето на казнени мерки, кои како на Русија и’ прават штета и на европската економија, која пак и така се наоѓа на работ на рецесијата, пишува „Њујорк Тајмс“, пренесува Нетпрес.

Планот на Путин, по се изгледа дава помалку одговори од прашањата кои ги поставува.

Прво – нема механизам за негова реализација.

Второ – само неколку часа претходно, неговиот портпарол ја повтори цврстата руска позиција, која патем е остро критикувана, дека Москва неможе да преговара за прекин на огнот во Украина, од едноставна причина што не е воена страна во вооружениот конфликт.

Аналитичарите, пак, смеаат дека стратегијата на Путин е да го убеди Киев дека треба да преговара, наместо да води броби и да ја поттикнува идејата дека крајниот резултат зависи од Москва.

„Русија сака да покаже дека го контролира тоа што се случува. За Русија е важно да ја обесхрабри Украина дека може да победи со воени дејствија, и да ја убеди да ги прифати сепаратистичките лидери како партнери во преговорите“, рекол Фјодор Лјуканов, уредник во руско списание специјализирано за надворешна политика

Планот на рускиот лидер за стабилизирање на ситуацијата во Украина може да добие поддршка од дел од мирното население. Многу од Украинците, се вознемираени од бројот на жртвите, кој постојано расте и во моментов е околу 2.600. Немир им внесуваат и економските последици од конфликтот врз земјата, која патем веќе е на работ на банкрот. Ете затоа сакаат крај на насилствата и на борбите.

Од друга страна, пак, зимата веќе се приближува, а конфронтацијата со Русија, за доставките на гас по се’ изгледа нема да биде решена, се’ додека се разгоруваат борбите на истокот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.