АНАЛИЗА: Политичка криза во Грција – Паѓа владата на Самарас

По несупехот на грчкиот парламент да избере претседател на Грција, за време на првото гласање во средата, владата ќе мора да бара сојузници за да ја избегне неопходноста од распишување на предвремени парламентарни избори во февруари, идната година.

Но, шансите и’ се навистина многу мали, анализира новинската агенција „Франс Прес“, пренесува Нетпрес.

– Во политиката секогаш има поле за акција и дејствување, но со оглед на распоредот на силите во парламентот во моментов, многу тешко ќе биде избран претседател, изјавил Томас Геракис, прв човек на агенцијата за истражување и анкети „Марк“.

Кандидатот на владата, Ставрос Димас – бивш европски комесар и стожер на десницата, доби поддршка од 155 пратеници од владејачката коалиција, но и од петмина од 24-те независни пратеници во парламентот.

Така Димас успеа да добие 160 од вкупно 300 гласа, но му требаа најмалку 200 за да биде избран во првиот круг. На второто гласање, кое е закажано за 23 декември, годинава, кандидатот за претседател ќе има потреба од поддршка повторно од најмалку 200 пратеници, додека во третиот круг, планиран за 29 декември, ќе му бидат доволни и 180 гласа.

Политичките аналитичари во Грција не гледаат како премиерот Андонис Самарас ќе ги обезбеди 20-те гласа кои недостасуваат. Мала светла точка на крајот од темниот тунел во кој моментно е Самарс е придобивањето на 10-те пратеници на малата левичарска партија „Димар“. Но, ако тоа не се случи, владата ќе треба да го распушти парламентот и до февруари в година, да организира предвремени парламентарни избори, на кои се предвидува да победи радикалната партија „Сириза“. Истражувањата покажале дека таа би освоила 28,5 отсто од гласовите, а зад неа би била „Нова Демократија“ на Самарас, која веројатно ќе спечали најмногу 25 отсто од гласовите.

Позицијата на партијата на Алексис Ципрас е силно насочена против строгите економии и против кредиторите на Грција – ЕУ и ММФ. Атинската берза, која минатата недела забележа 20 отсто пад по вестите за неочекуваното одржување на претседателските избори два месеци порано, во четвртокот загуби дополнителни 3,43 отсто од својата вредност.

Либералниот весник „Катимерини“ ја повика политичката класа во Грција на „ладнокрвност и одговорност во изнаоѓањето на консензус“.

Според Геракис „владата ќе продолжи со напорите и тоа до последен момент, за да ги убеди пратениците и за да го предупреди општеството од опасноста од предвремени избори, кои може да ја одведат земјата во „нови авантури“, како што се изразил Самарас.

Од објавувањето на предвремените претседателски избори, пред околу 10 дена, грчкиот премиер не престана со предупредувањата за се’ посилнитата закана за излез од еврозоната. Според левичарскиот весник „Та Неа“, овојпат Самарас се наоѓа пред „тешка раскрсница“.

– Има само еден пат – избори, Самарас нема да добие вештачко дишење, изјавил Панос Каменос – бивш пратеник од редовите на „Нова Демократија“, и основач на партијата „Независни Грци“, која е крајно десничарска, но тоа нема да и’ претставува никаква пречка за формирање на коалиција со „Сириза“.

Анкета, објавена викендов, покажува дека шест од 10 Грци не сакаат предвремени парламентарни избори и тоа поради страв од нова дестабилизација на земјата, која во моментно излегува од својата шестгодишна рецесија и е силно погодена од невработеност, која изнесува 25,5 отсто.

Но, и покрај се’, пред неколку дена весникот „Та Неа“ се обиде да ја задржи довербата и да смири од опасностите, објавувајќи:

.- В демократијата нема ќорсокак. Ако по три круга не биде избран претседател, вољата на народот ќе го даде решението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.