АНАЛИЗА: Полни плажи, празна каса – има ли парадокс во Грција?

На крајот од летото грчката туристичка индустрија повторно покажа извонредни резултати, и покрај многуте кризи – економски и бегалски.

Плажите во оваа балканска земја беа преполнети од туристи во текот на целата сезона, но чудно е што тоа воопшто не се одрази на приходи во државната каса, пишува германски „Шпигел“, пренесува Нетпрес.

Драстичниот пад на резервациите во Турција и други светски туристички познати земји, кои туристите ги сметаат за нестабилни, се одрази многу позитивно не само за Шпанија и за Италија, туку и за Грција. Од јануари до август, годинава, околу 17,19 милиони туристи ја посетиле Грција. Тоа е за 1,8 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Но, грчката Централна банка не даде толку добра оценка за туристичката сезона, годинава. Тоа изгледа многу чудно.

Банкарите се соочија со иритирачка противречност во бројките. Лани грчкиот туризам имал приход од 9,25 милијарди евра, а годинава 8,43 милијарди евра, што е пад од 8,8 отсто.

Некои експерти веруваат дека туристите наводно се едноставно поекономични. Доаѓаат често, но прават резервации последен момент, и така користат најниски цени. Но, други експерти од туристичката индустрија, пак, сметаат дека ова објаснување е наивно. Според нив, причината за падот во приходите емногу едноставна – некој си ги присвоил парите.

Оваа појава треба убаво да се анализира. Това явление трябва да се анализира. Се сомневаме на прикривање на данок и тоа во големи размери“, искоментирал директор на хотел на островот Родос, кој барал да остане анонимен.

Раководителот на Асоцијацијата на туристичките претпријатија (SETE), Андреас Андреадис, се разбира, воопшто не се согласува со ова објаснување. Тој ја посочува државата како главен виновник:

Гостите во Грција оставаат помалку пари, бидејќи властите за добредојде ги пречекуваат со зголемени даноци. Така тоа директно се одразува врз средствата, кои туристите во Грција ги одвојуваат за забава и разонода за време на својот одмор, смета тој.

Како дел од мерките за штедење, со кои бескрајната грчка економска криза треба да биде окончана, годинава Атина ги укина даночните привилегии на популарните острови Санторини, Миконос, Родос, Наксос, Парос и Скијатос. Данокот на додадена вредност (ДДВ), беше зголемен од 17 на 24 отсто, а од први јануари, 2017 година, овие промени ќе ги опфатат и другите острови во Егејското море. Покрај тоа, освен туристичките такси, поскапеа и и хотелските сместувања, алкохолните пијалоци, и некои од најпопуларните типови на храна.

grcija

Дури и оние, кои цврсто стојат зад теоријата дека има големо даночно затајување, даваат свој придонес за неопходноста од нивно зголемување. Сопствениците на грчките туристички компании, ресторани и барови, очигледно преземаат „контрамерки“, за да не им се намали работата. Некои информации велат дека тие воопшто не издаваат фискални сметки. Но, тоа не е ништо ново: во секторот на угостителството во Грција тоа едноставно е традиција, која веројатно од древно време.

Но, не е само неиздавањето на фискални сметки. Грчките угостители се многу инвентивни и кративни. На пример, парите кои клиентите ги плаќаат со картички, во многу случаи заминуваат директно во странство, и воопшто не се регистрираат во Грција. Тоа е возможно ако електронските апарати за плаќање се поврзани со сметка во странство – нешто што се’ почесто се сретнува.

Туристичката сезона во Грција, е на самиот крај, но не е завршена. Во Атина, Родос, Санторини, но и на други острови, хотелите сеуште се посетувани. Па, поради тоа многу експерти не сакаат да коментираат во врска со темата за масивен пад на приходите, едноставно додека не бидат презентирани конечните податоци. Но, грчките власти мора да мислат за тоа какви дејствија да се преземат против оваа појава, бидејќи туризмот е еден од главните извори на приходи на државата, која е под сериозна закана од стечај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.