Анализи

АНАЛИЗА: Претставува ли Мицотакис опасност за Ципрас?

АНАЛИЗА: Претставува ли Мицотакис опасност за Ципрас?

Грчкиот премиер Алексис Ципрас добива еден сериозен противник во лицето на новоизбраниот лидер на конзервативците од Нова Демократија, кој би можел да се покаже како опасен за него и за неговата партија СИРИЗА на следните избори, прогнозира германскиот весник „Ханделсблат“, пренесува Нетпрес.

Според изданието, тие избори би можело да дојдат многу порано отколку што се претпоставува, пред се’ поради фактот дека веќе четири месеци по реизборот, владејачката коалиција располага само со 153 гласа во парламентот со 300 пратеници.

Во неделата Нова Демократија избра реформатор за нов свој лидер, четириесет и седумгодишниот Кирјакос Мицотакис, поранешен министер за административни реформи. Тој го победи бившиот претседател на парламентот, Евангелос Мејмаракис, на отворено гласање за сите членови на партијата. Околу 400.000 лица имаа право на глас.

Се очекува изборот на Мицотакис – син на бившиот грчки премиер и поранешен лидер на Нова Демократија, Константинос Мицотакис, да направи притисок врз четириесет и едногодишниот Алексис Ципрас, пред клучното гласање во парламентот во врска со пензиските реформи во рамки на првата етапа на новата спасувачка програма, пишува „Ројтерс“.

Нова Демократија управуваше…