АНАЛИЗА: Присоединувањето на Крим излезе многу скапо

Економската состојба во Крим е тензична. Русија планира да го помогне регионот финансиски и побара од сопствените граѓаните да одат на одмор во регионот. Државната авиокомпанија веќе го постави летот Москва – Сиферопол како внатрешен лет. А, доколку некој направи резервација за продолжените мајски празници дури ќе добие и билет по најниската цена.

Многумина сепак стравуваат дека патниците ќе стојат настрана од полуостровото. Тоа е проблем, бидејќи досега Крим беше популарна туристичка дестинација, а туризмот беше основен извор на приходи во онака слабиот економски регион. Секој година шест милиони туристи патуваа до Крим. Гостите од Русија претставуваа една четвртина од нив, а речиси 70 отсто беа Украинци. Уште пред спорниот референдум медиумите јавуваат дека посетителите од Украина нема да дојдат, ако Русија го анексира полуостровот. Од руската страна расположението исто така не изгледаше многу подобро. Од Асоцијацијата на руската туристичка индустрија соопшти дека побарувачката се намалила поради кризата.

Сега Москва работи на план за развој на Крим, како и за неговата туристичка гранка. Руската влада препорачува претпријатијата да ги испраќаат своите вработени на одмор на полуостровот. Со промоција на туризмот ќе  се стабилизира ’рбетот на економијата на полуостровот. Бидејќи во Кремљ од многу одамна знаат – превземање на Крим е скапо. Многу скапо.

Москва објави дека ќе ги зголеми пензиите и платите за државните службенции до нивото во Русија. По барање на претседателот Владимир Путин до крајот на годината повеќе од 720 милиони евра ќе им бидат доделение на пензионерите. Околу половина милион лица ќе имаат добивка од тоа. Нивната просечна пензија е помалку од 130 евра, додека во Русија таа изнесува 200 евра.

Во државната служба работат 10 отсто од населението на Крим, кој што брои два милиони жители. Во иднина околу 200 илјади службеници ќе добиваат плата од Москва. Нивната месечна заработка во моментов е во просек 250 евра. За да изедначат нивните плати со оние во Русија неопходни се 840 милиони евра годишно, тврдат експерти.

Во продолжение на ова треба да се земат предвид и разходите за инфраструктурата. Досега Крим 90 отсто од питката вода и 80 отсто о електричнта енергија ја добиваше од Украина. Сега Москва треба да обезбеди нови кабли и водоводи. Како можна варијант за идното напојување на Крим со електрична енергија е поставување кабел по морското дно од Русија до полуостровот. Расходите се оценуваат на 360 милиони евра.

Долгорочните инфраструктурни проекти како модернизирање на магистралните патишта и проширување на аеродромите ќе повлечат повеќе од три милиони евра. Дополнително на тоа оди планираното соединување на Крим со рускиот Краснодарски регион. Уште оддамна се планира изградба на мост за автомобили и возови преку Керченскиот теснец.