АНАЛИЗА: „Пустинската роза“ – главниот поддржувач на Башар Асад

Родена е и израсната во Лондон, добро образована, модерна и секогаш елегантно облечена. Сега пратеници од Обединетото Кралство упорно настојуваат да и’ биде одземен британскиот пасош.

Таа е најголемиот приврзаник на претседателот на Сирија, Башар Асад – неговата сопруга Асма.

Фотографии со жени и деца, прегрнати со Асма Асад, има во изобилие на социјалните мрежи.

Конзервативни мајки од Алепо, кои срамежливо го тргаат својот црн хиџаб, немоќни баби и деца во прегратките на првата дама – поранешната „Пустинска роза“, како што ја опиша светски популарниот американски магазин за мода „Vogue“, во 2011 година, веќе наголемо станува мајка на блискоисточната нација, која со години е измачена од сурова војна.

pustinska roza-asma assad

Сега четириесет и едногодишната убавица и високообрaзoвана Асма, некогаш беше обожувана како идеален партнер на Башар Асад. Таа порасната во Велика Британија, како ќерка на сириски дипломат. Нејзината мајка е кардио хирург. Покрај сирискиот, Асма поседува и британски пасош, кој во овие моменти можно е да и’ биде одземен.

Пратеници во парламентот во Лондон упорно настојуваат да и’ биде одземено британското државјанство. Надхим Захаути, член на парламентот од редовите на конзервативците, за весникот „The Guardian“ Асма ја опишал како „главен поддржувач на својот сопруг, помагајќи го во убиствената кампања на репресија“. „Пустинската роза“ од Дамаск работи целосно насочено на распрoстранување на пропаганда на социјалните мрежи: американскиот ракетен напад, по инцидентот со отровен гас во Кан Шејхун, Асма го нарекува „кусоглед“, „неодговорен акт“, предизвикан од „политичко и воено слепило“.

„Секоја мајка – оружје во рацете на војниците“

Сега прашањето со британското државјанство на „Пустинската роза“ е во рацете на министерот за внатрешни работи на Обединетото Кралство, Амбер Рид. Сoгласно законодавството на земјата, одземањето на државјанство се смета за оправдано, ако таквата одлука е „корисна за општественото добро“. Од 2010 година до сега, во Обединетото Кралство имало околу 40 случаи, во кои приведени за терористичка активност биле лишувани од британско државјанство. Но, и покрај се’ Асма Асад има две државјанства и за неа нема никаква опасност таа да стане апатрид.

Но, сепак за првата дама на Сирија одземањето на британското државјанство може да биде тежок удар. Првите 25 години од својот живот таа ги минала во Велика Британија. Дипломирала на Кингс Колеџот во Лондон, на катедрата за француска литерутра и компјутерски науки. Како инвестициски банкар, „Пустинската роза“ работела во „Дојче Банк“, во британската престолнина Лондон. Родниот град на нејзините родители, Хомс, таа го знае само од летата поминати таму, се’ до 2000 година, кога се мажи за Башар Асад. Тие имаат три деца.

Долго време „Пустинската роза“ не излегуваше јавно со изјави за ситуацијата во Сирија. Во октомври 2016 година, таа даде интервју за телевизискиот канал „Русија 24“, во кое го заштити својот сопруг со зборовите „многу корисен човек“ и ги обвини западните медиуми дека известуваат само за ситуацијата со бегалците во реоните во земјата контролирани од опозицијата.

„Пустинска Роза“ Асма Асад

Нејзината последна голема изјава, која мослкавично беше распространета низ интернет мрежата, беше по повод на Денот на мајката, кој во арапскиот свет се празнува кон крајот на март. Тогаш „Пустинската роза“ отиде во вториот по големина град во Сирија, за лично да ги чуе и прегрне „мајките од Алепо“ – сите до една обвиени во црнина.

„Секоја мајка, која останува дома, и покрај ракетите на терористите и пеколните канонади, е оружје во рацете на војниците“, вели „Пустинската роза“ во видеото кое за кусо време стана многу популарно на Интернет. Во најтрогателниот дел од видео записот, првата дама на Сирија стиска тупаница на градите со своите нежни раце.

„Пустинска Роза“ Асма Асад

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.