АНАЛИЗА: Путин го зголеми влогот во спорот со Вашингтон

putin

Рускиот претседател Владимир Путин, вчера, го раскина договорот со Вашингтон за преработка на плутониум наменет за вооружување, и со тоа покажа дека има намера да го користи нуклеарното разоружување како нова монета за поткусурување во споровите со САД, во однос на Украина и на Сирија, пишува новинската агенција „Ројтерс“, пренесува Нетпрес.

Почнувајќи од последните години на Студената војна, Русија и САД, потпишуваат серија спогодби за намалување на обемот на своите нуклеарни арсенали. Досега овие спогодби останаа незасегнати и покрај проблемите во американско-руските односи.

Но, вчера Путин издаде декрет за раскинување на спогодбата склучена во 2000-та година, која ги задолжува двете страни да се ослободат од плутониумот предвиден за нуклеарно оружје.

Кремљ објави дека го презема тој чекор како одговор на непријателските дејствија на Вашингтон. Тоа беше соопштено кусо време пред Вашингтон да објави дека ги прекинува разговорите со Русија за стопирање на насилствата во Сирија.

Договорот за плутониумот не е главна основна за разоружување на САД и Русија по Студената војна, и затоа практичните последици од раскинувањето се ограничени. Но, неговото раскинување, како и поврзувањето со разни гласини по други теми, носи силен симболизам.

Декретот на Путин може да е сигнал дека другите операции за нуклеарно разоружување меѓу САД и Русија, може да се под закана. Одлуката изгледа е обид да се му се покаже на Вашингтон цената за сопирање на дијалогот за Сирија, но и за други прашања, коментира американската консултантска компанија „Стратфорд“.

Портпаролот на американскиот Стејт Департмент, Џон Кирби, во својата вчерашна изјава рече дека двостраните контакти со Москва во однос на Сирија се стопирани. Тој доопполни дека Русија не ги запазила своите задолженија од договорот за запирање на борбите.

Западни дипломати велат дека стопирањето на разговорите за Сирија ја остава Москва слободна да спроведува свои воени операции за поддршка на сирискиот претседател Башар Асад, но без можност да се огради од конфилктот, за кој пак нема никакви сигнали дека е кон својот крај.

Русија и САД се сеуште во конфликт и за Украина. Вашинготн, заедно со Европа, воведе снакции за Русија, по анексирањето на Крим во 2014 година, како и за поддршката на Москва на проруските бунтовници во источна Украина.

Путин на Думата и’ предложи закон, посочувајќи при какви услови може да продолжи работата за спогодбата за плутониумот. Тие услови се всушност еден долг список на руско незадоволство од САД.

Тука е вклучено и остранувањето на санкциите на Вашингтон кон Русија поради Украина, потоа да се платат компензации на Москва за санкциите, да се намали американското воено присуство во земјите членки на НАТО во источна Европа и тоа до нивото од пред 16 години.

Секое едно од тие барања претпочита целосен преврат во американската политика, која во однос на овие прашања е одамна завршена.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.