АНАЛИЗА: Русија и САД – соперници кои неможат еден без друг

Сириската војна трае многу долго, а дипломатијата се покажа толку неефективна, што се покажа дека има многу малку надеж за целосно запирање на конфликтот. Но, сепак, изгледа дека успеа да се запази прекинот на огнот, на кој се согласија сите инволвирани страни. Повеќето набљудувачи му даваат шанса на примирјето, но не поради наглата промена во односите на завојуваните страни, кои според сите показатели сеуште се мразат, туку оради тоа што е во интерес на клучните играчи да ги спроведат своите крајни цели на еден друг, нов начин, пишува британскиот весник „Гардијан“, пренесува Нетпрес.

Во текстот се вели дека, тој, новиот начин, сепак не го исклучува насилството, но би можел да ја намали неговата улога во конфликтот.

Освен тоа, во Сирија ситуацијата е толку многу замрсена, комплицирана и опасна, што дури и скарани држави чувствуваат потреба од меѓусебна соработка, за да избегнат опасности, кои неможат самите да ги решат. Сирија е како крстопат со лоши временски услови, на кој во секој момент може да се случи верижен судир.

Треба да се потенцира дека примирјето е потпишано според услови на Русија, и дека тоа е во голема корист на сирискиот режим. Потоа дека тоа примирје веќе има и нарушувања, кои ќе продолжат и во иднина. Исто така останува реалност и можноста од руско-турски судир. Во пракса, заканата од поголема по обем војна, беше основната движечка сила во преговорите, кои доведоа до спогодба за прекин на огнот.

Јорданскиот крал Абдула Втори посочи дека руската воена интервенција го „растресе дрвото“, и дека одлуката на Владимир Путин да испрати моќни армиски сили во Сирија ја сменило ситуацијата во земјата. На почетокот тој чекор беше омаловажуван, бидејќи не изгледаше дека руските борбени авиони и тенкови ќе донесат голема промена во воениот баланс меѓу силите на режимот и опозицијата.

Кога се виде моќта на руското оружје…