АНАЛИЗА: СДСМ стои на стаклени нозе, нивнита стратегија е фатаморгана во која само раководството верува

СДСМ главно својата дебата ја насочува кон обвинување на недостиг на демократија и слобода во државата, пишува „Курир“. Медиумите се под контрола на власта, е вобичаената флоскула која може да се чуе од штабот на СДСМ. Тоа е нивното објаснување за слабиот рејтинг и лошите изборни резултати. Но, според аналитичарите, СДСМ погрешно се фокусира кон овие теми. Тоа е бледо оправдување за лошата работа и резултати на раководството на партијата. Тоа е маската позади која се крие неспособноста СДСМ да ја контролира состојбата и личниот комодитет кои несакаат да го жртвуваат нивните челни луѓе за доброто на партијата и да се посветат кон креирање на здрав коректив на власта. Еве зошто нивните главни тези на напад се неиздржани:

Тезата дека медиумски слобода е политичка фатаморгана, СДСМ зад себе има голем број на медиуми

Воглавно СДСМ вели не можеле да допрат до народот бидејќи медиумите не се слободни, но тоа не е така. Бројката на медиуми која ја контролира СДСМ е огромна. СДСМ зад себе има над 15 портали, 5 дневни весници, 3 телевизии и 2 неделника. СДСМ ова не може да го порекне. Никој во државава не може да спори дека портали како Плусинфо, Либертас, Мактел, Нова ТВ, Бриф МК и останатите не се проопозициски ориентирани. Немојте да се трудите да најдете позитивни вести за владата на овие портали, тоа е невозможно, а дел од уредниците како Бранко Героски, Ацо Кабранов и Саше Политико јавно признаваат дека делуваат опозиционерски.

Истото е и кај телевизиите. Вести 24, Телма и Алсат се местото каде редовно перјаниците на опозицијата ги искажуваат и соопштуваат своите ставови. Но, тоа се и медиумите кои најголем дел од своето време го посветуваат на кртикика кон власта. Неспорно е дека критика може и мора да постои, исто како што е неспорна спрегата на СДСМ со овие медиуми како и фактот дека не држи тезата дека во Македонија постои медиумски мрак. За потсетување, на почетоците кога СДСМ доаѓаше на власт и се спроведуваат клучните системски процеси како транзицијата и приватизацијата на општествениот капитал постоше само една телевизија МТВ и два дневни весника Нова Македонија и Вечер, сите три државни и со директори поставени од канцеларијата на Бранко Црвенковски и со негов амин.

СДСМ тврди дека власта притвора селективно, но СДСМ замижува кога луѓе од власта се апсат

Веројатно ако се земе списокот на притворени или осудени за криминал и личностите се раздвојат според политичката припадност, ќе се види дека повеќето од нив се или биле членови или блиски до владејачката партија. Така на тој список може да се најдат Паско Кузман, генералот Горан Стојков, Љубе Бошковски, Ване Цветанов и други. За сите овие СДСМ почна да се грижи дури откако беа притоврени, иако претходно беа жестоко напаѓани.

Со ова паѓа во вода тезата на СДСМ дека селективно се апси. Аналитичарот Горан Стојковски посочува дека исклучително е опасно за демократскиот капацитет на една држава кога опозицијата која обично треба да создава притисок врз власта да се има нула толеранција спрема криминалот излегува со теза дека секое апсење е политички мотивирано, што во превод значи во име на политичката перцепција за демократијата и слободата треба да се толерира криминалот и да се премолчува незаконие, што во основа значи и подривње на темелите на еден систем. Тоа е една извитоперена слика и приказ на работите кое политичко самоубиство на субјекот кој го заговара, вели Стојковски за КУРИР.

СДСМ ја копира ВМРО-ДПМНЕ, но само во зборовите, не и во делата

Заев на големо објави дека тоталното отсуство на СДСМ од терен ќе биде надоместено со 5 000 тимови од партијата која ќе бидат присутни по домовите на граѓаните. Ова во суштина преставува копирање на стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ, но секако не е на одмет кога тоа го прави и опозицијата која треба да го прави со двојно поголем интензитет од власта кога станува збор за политичка битка.

Но, неколку месеци подоцна по бомбастичната најава, СДСМ остана само на зборови. Тимовите никој не ги видел, а Лидија Димова запрашана за тоа пелтечеше и се препотуваше незнаејќи да даде одговор каде се тимовите на СДСМ. Уште еден неискрен чекор кој падна во вода.

Богатиот Заев и Шекеринска удобно и луксузно живеат во неслободна Македонија

Можеби и некој ќе му поверуваше на СДСМ на толку повторување дека во Македонија се живее неслободно, што во суштина тоа би подразбирало лидерите на опозицијата да се маргинализирани, да живеат скромно бидејќи нели немало слобода и нивните права се загрозени.

Но, дека тоа не е така може да се види и по имотната состојба на првите луѓе на опозицијата. Радмила Шекеринска поседува стан од 170 м2 кој го рента заедно со сопругот самата на себеси, односно меѓународната постава на Дајнерс чиј директор за Македонија е нејзиниот сопруг од фирмата Дајнерс зема по 5 илјади евра месечно за станот кој си го издаваат самите на себе.

Медиумите пренесуваа дека Радмила Шеќеринска и нејзиниот сопруг имаат 4 стана во Скопје и еден во луксузниот дел на Охрид, со вкупна големина од 389 метри квадратни. Од друга страна познато е дека семејството Заеви ја имаат запоседнато со бизниси и имот цела Струмица и целиот струмички регион. Прашањето е како во недостаток на слобода првенците на СДСМ успеа да стекнат толку голем и раскошен имот кој во периодот на владеењерто на ВМРО-ДПМНЕ не само што не се намали, туку и се зголемил.