(АНАЛИЗА) Се гаси титулата Далај Лама

Водачот на тибетските будисти, кој ја носи титулата Далај Лама, чие што световно име е Даинцин Гијацо, соопшти дека со неговата смрт се гаси оваа шествековна служба на поглаварот.Во тибетската традиција првиот Далај Лама се спомнува во 1391 година. Како што изјави Гијацо, оваа институција била значајна поради политичката моќ кој ја носи.

„Тоа повеќе го нема. Традицијата на титулата се укинува доброволно, таа повеќе нема смисла, ја изврши својата мисија,“ изјави Гијацо.

Според неговите зборови, тибетскиот будизам не зависи од една личност, тој е добро организиран, има многу образувани монахи и учители.По неговата смрт, сега има 79 години, нема да биде востоличен нов Далај Лама.

Лекарите му рекоа дека ќе живее 100 години, иако тој во соништата имал претскажувања дека ќе живее 13 години подолго. Во согласност со будистичките принции на реинкарнација, тој верува дека повторно ќе се роди, а би сакал да биде на некое место каде што би бил од корист за другите.

Сегашниот Далај Лама е роден 1935 година а кога имал две години монасите во него препознаа реинкарнација на две години порано починатиот Далај Лама, по што беше прогласен за нов духовен водач на Тибетанците.Кога имал пет години бил востоличен за 14 поглавар, а 10 години подоцна на него му е пренесена и државната власт.

За време на востанието на Тибетанците против кинеската управа, Далај Лама морал да емигрира во 1959 година во Индија, каде што денеска му е и резиденцијата.

Се заложуваше за широка автономија на Тибет во рамките на Кина, но во Пекинг секогаш го третирале како непријател.За време на културната револуција, Кинезите ги срушија најзначајните објекти на тибетската религија и култура.

Далај лама во 1989 година доби Нобелова награда поради како што е образложено „ненасилен отпор на кинеската окупација.“