АНАЛИЗА: Се насочува ли Турција кон судир со Западот?

Сo секој изминат ден турската надворешна политика станува се’ повеќе аграсивна и се’ повеќе исламистичка. До каде може да стигне Анкара во своите односи со Западот? Или прашањето можеби би требало да биде: Што треба да направи Турција за да биде избркана од НАТО? Многу, се покажува, пишува израелскиот весник „Џерусалем Пост“, пренесува Нетпрес.

Анкара се подготвува да го преземе пратседателството со Г20 следниот месец и е решена да ја искористи можноста за зацврстување на своите позиции на економска сила, но и да си се исчисти од имиџот на земја која е се’ поизолирана на меѓународна сцена и силно потресена од конфликтите на нејзините јужни граници.

Според истражување на „Pew Research Center“, објавено во јули, годинава, само 19 отсто од Турците имаат позитивно мислење за САД, а нешто повеќе, околу 25 отсто, за Европската унија.

– Проблемот е што НАТО нема механизам за исклучување на земја членка. Никој не очекувал дека членка на НАТО може така радикално да го смени курсот, вели Мајкл Рубин од „American Enterprise Institute“, поранешен функционер во Пентагон.

Откако турскиот народ му ја додели победата на Реџеп Таип Ердоган и неговата умерено исламистичка Партија на правдата и развојот и тоа уште во првиот круг од претседателските избори во август, годинава, владеењето се’ повеќе наликува на диктатура, со ограничувања на печатот и интернетот и со отстранување на политичките опоненти во полицијата, во армијата и во обвинителството.

И додека Ердоган го затега својот јазол околу власта, Анкара покажа незаинтересираност да игра фронтална улога во воената коалиција, предводена од САД, против џихадистичката група „Исламска Држава“ во Сирија и во Ирак. Американски претставници изјавија дека политиката на Турција на отворени граници со Сирија, овозможила вкоренување на радикални групи таму.

Либија е веќе три години во хаос, по падот на Моамер Гадафи, а разните фракции крваво војуваат меѓусебе за воспоставување на контрола врз престолнината Триполи, која пак моментно е управувана од алтернативна власт, делумно поддржана од исламистички групи.

Минатиот месец Турција назначи свој специјален претставник за Либија, кој стана првиот странски репрезент што се сретнал јавно со властите во Триполи, кои не се признати од меѓународната заедница. Ова се случува под изговор на наводни напори на Анкара за стимулирање на мировни преговори, за кои постојано настојува ООН.

– Ако НАТО не осмисли механизам за исклучување или преиспитување на членството на  земјите членки, целата Алијанса може да биде подложена на голем ризик. Може да се повтори судбината на СЕНТО (Организација на Централниот Договор), во која Турција исто така беше членка, но сојузот не успеа да преживее по Исламската револуција во Иран во 1979 година, вели Мајкл Рубин.

Управувањето на НАТО преку компромисни решенија е една од оние работи, кои изгледаат совршено на хартија, но никако не функционираат во пракса. Се повторува историјата на Тројанскиот коњ. Турција може да придонесе многу повеќе внатре во НАТО, отколку надвор од Алијансата, вели Рубин.

Ослободувањето на 12-те турски националисти, кои беа приведени по нападот на американски морнари во Истанбул, може единствено да ги зголеми проблемите. Тројцата американски морнари беа претепани на улица со извикувања „Јенки одете си дома“. Напаѓачите се членови на Турскиот младински сојуз.

По инцидентот, Пентгон му забрани на екипажот на бродот „USS Ross“ да се симнува на истамбулскиот брег. Министерството за внатршни работи на Турција го осуди нападот и соопшти дека такви постапки неможе да бидат толерирани.

– Турскиот народ со години пројавува антиамериканско расположение. Затоа можеби САД ќе го маргинализираат неодамнешниот инцидент во Истанбул. САД размислуваат за промена на стратегијата во Сирија – да го соборат од власт претседателот Башар Асад, за да ги задоволат Турците и за потоа да ги придобијат на своја страна во борбата против „Исламска држава“. Вашингтон сеуште ја гледа Турција како незаменлив сојузник., вели професорот Ераим Инбар, директор на Центарот за стратешки науки „Бегин-Садат“.