Анализи

АНАЛИЗА: Средбата на ЕУ – двапати е подобро од еднаш

АНАЛИЗА: Средбата на ЕУ – двапати е подобро од еднаш

Средбата на врвот на Европската унија ќе биде повторена по неколку седмици. Зошто двапати е подобро од еднаш. На втората средба задолжително треба да биде решено прашањето за две клучни функции. Во спротивноблокот од 28 земји членки ќе стане предмет на потсмев. Последната средба мина лошо, оти лошо беше подготвена. Не беше постигнат договор за клучното прашање за двете водечки функции во ЕУ. Всушност не беше постигнат дури ни напредок, објавува „Дојче Веле“, пренесува Нетпрес.

Кои двајца ќе бидат назначени за функциите претседател на Европскиот совет и за врховен претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност? Одговорот на овие прашања ќе се знае по следните разговори на високо ниво. Немоќта на европјаните да донесат одлука исфрли во преден план еден многу важен проблем на ЕУ. Дали клубот со 28 одделни гласови не станал толку голем и неспособен да покаже флексибилност, што дури и Херман ван Ромпуј неможе да го контролира?

Инаку, се’ започна со предлозите за претседател на Европската комисија, каде Велика Британија и Унгарија не сакаа да ја поддржат кандидатурата на Жан-клод Јункер. Ситуацијата продолжи со назначувањето на Врховен претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, каде Италија и балтичките земји се фатија за коси. На крајот дојде и прашањето за новиот претседател на Советот на Европа. Најдобро за оваа функција е кандидатот да биде и лев и десен, и маж и жена, од север и од југ, бидејќи само со таков кандидат сите ќе се согласат и ќе бидат задоволни.

Каде исчезна вољата за компромис, која своевремено беше главна карактеристика за Европската унија? Треба ли Ангела Меркел да ги земе работите во свои раце за да го одврзе Гордиевиот јазол? Во еден таков случај, многу владини глави ќе почнат да изразуваат незадоволство, дека германскиот канцелар глуми кралица на Европа – а сега и светски шампион – да одлучува сама. Од друга страна, пак, ако таа отстапи – како што се случи на последната средба – тогаш ниту еден од проблемите нема да биде решен.

Претседателот во заминување на Европскиот совет, и новиот раководител на Европската комисија, веќе се ангажираа со задача да ја подготват многу подобро следната средба на врвот на ЕУ и да предложат готови кадрови решенија. Тој начин се очекува да профункционира. Во спротивно ЕУ ќе биде карикатура.

Искрено, во надворешната политика, 28-те земји членки и раководството се покажаа како многу способни за дејствување. Ги заострија санкциите против Русија, и успеаа да направат некакво раздвижување во однос на укрианската криза. Сепак сеуште се појавува неодлучноста на Блокот да воведе тешки и силни санкции против Москва. Сепак, и покрај тоа, на Русија и беше покажано дека Брисел ги остварува своите ултиматуми и закани, па макар тоа било и многу бавно.

Таа способност на европските лидери да дејстваат заедно на светско ниво, е еден многу смирувачки сигнал. Всушност, рака на срце, таа е многу тешко остварлива во услови на внатрешна борба за функции. Повеќето европски граѓани и не се интересираат толку многу за прашањето за функциите во ЕУ. Тие сакаат да видат резултати. На последната средба беше демонстриран еден јасен, ако тоа е можно, однос кон Русија и Украина. Тоа е еден одличен почеток.