АНАЛИЗА: Станува ли Асад повторно партнер на Западот

Се случи точно пред една година – во август 2013. Шокирани од нападот со хемиско оружје во Гута, за што беше обвинет режимот на Башар Асад, Франција, Велика Британија и САД се подготвуваа да ја бомбардираат Сирија. Двоумењата на англосаксонците и на руската дипломатија, ставија крај на тие планови. Така, една година подоцна, сирискиот режим сеуште е на власт и повеќе никој не зборува за негово симнување преку граѓанска војна, која за околу три години однесе речиси 190.000 животи.

Пробивот на „Исламска држава“ во Ирак, чиј бастион е во сирискиот град Рага, целосно ги измеша картите во конфликтот. Началникот на Генералштабот на американската армија, Мартин Демпси, смета дека групата „Исламска држава“ треба да биде нападната од двете страница на границата, и дека против џихадистите треба да бидат искористени сите средства – дипломатски, економски и воени. Анонимни американски соопштуваат за испраќање на разузнувачки и беспилотни летала над Сирија. Овие информации остваат впечаток за соработка со сирискиот режим, кој сеуште е главната бариера пред нападите на „Исламска држава“ во Сирија.

Дали сега Башар Асад, кој беше гледан со презир од меѓунаордоната заедница од 2011 година, навака, ќе стане повторно посакуван партнер?

Да, тој му ги нуди своите услуги на Западот

– Сирискиот режим, кој од почетокот на револуцијата постојано повторува дека е соочен со „вооружени терористички групи“, свесен е дека треба да дејствува пред засилувањето на моќта на „Исламска држава“. Сириската армија, која досега не ги напаѓаше џихадистите, кон средината на август го бомбардираше градот Рага. Сирискиот министерот за надворешни работи, Валид Муалем, изрази подготвеност за меѓународна соработка во борбата против тероризмот.

Асад одлично знае како треба и како може да го искористи стравот на Западот од „Исламска држава“, анализира Дидие Бијон, заменик директор на ИРИС и специјалист за Блискиот исток.

Да, тој е добитникот од војната

– Во Сирија, Асад се наоѓа во силна позиција. Во 2013 и во 2014 година сирискиот режим, поддржан од војските на „Хезболах“, врати под своја контрола неколку градови, како на пример Јабруд и Хомс, од рацете на џихадистичките опозициски сили. Војските на Асад се во една „победничка динамика“, и покрај тоа што „Исламска држава“ претставува голема опасност, потенцира Фабрис Баланш – директор на научната и истражувачка група за Средоземното море и Блискиот исток.

– За жал, опозициските групи, кои се светски и демократски, се на маргините на политичката сцена. Тие не успеаа да создадат вистинско и силно опозициско движење против Асад, анализира Фредерик Пишон, истражувач од универзитетот во Тур и автор на студии за Сирија.

– Западот се излажа. Нема такво нешто како демократски и светски опоненти, додал тој.

Да, Исламска држава е кошмар

„Ужасен избор“, така ја оцени францускиот претседател Франсоа Оланд, алтернативата, која меѓународната заедница ја има во Сирија – „Меѓу еден диктатор и група терористи“. За некои, пак, изборот веќе е направен. Бившиот амбасадор на САД во Сирија, Рајан Крокер, смета дека Асад е голем „големо копиле“, но и дека „Исламска држава“ е многу поголема закана за безбедноста на Америка“.

– Сепак, Асад е закана за сопствениот народ, не за нашиот, изјави цинично Макс Ејбрамс, предавач на уноверзитетот во Базфилд.

Егзекуцијата на американскиот новинар Џејмс Фоли и присуството на државјани од западните земји во редовите на „Исламска држава“, кои еден ден може да се вратат дома, се големи показатели за безбедносна закана.

– Зајакнувањето на моќта на „Исламска држава“ направи Асад да изгледа како заштитник, коментира Фабрис Баланш.

Сепак, експертите не веруваат веруваат во тезата, која ја застапуваат сириската опозиција и француската дипломатија, дека терористичката група е создадена од сирискиот режим.

– Режимот нема ништо заеднико со појавувањето на „Исламска држава“. Исламистите, кои тој ги ослободи, се членови на „Исламскиот фронт“, кој пак ние го поддржуваме во борбата против џихадистите, вели Пишон.

Не, официјалната поддршка е сеуште многу деликатна тема

И покрај се’, свртувањето на меѓународната зедница за 180 степени е многу малко веројатно. Британскиот министер за надворешни работи се изјасни јавно дека е против такво обединување.

– Може на моменти да се бориме против истите луѓе, против кои се борат силите на Асад, но тоа не го прави него наш сојузник, изјави Филип Хамонд.

Дидие Бијон смета дека на краткорочен план, „режимот ќе добие премолчена поддршка“.

– Како за почеток ќе престанеме да го напаѓаме и да ги помагаме умерените бунтовници, вели Фабрис Баланш.

На среднорочен план, се’ зависи од напредокот на „Исламска држава“ во северниот дел од Сирија. Според Пишон, ако џихадистите го освојат Алепо, кој се наоѓа во близина на границата на Сирија со Турција, тогаш западните земји ќе бидат принудени да ја „преиспитаат својата позиција за Асад“.