АНАЛИЗА: Светот насочен кон Корејскиот полуостров, можната нова цел на САД

( REUTERS/Sue-Lin Wong)

Судирот би можел да избувне секој момент, но дијалогот останува единствената опција, порачува Кина, единствената сојузничка на Северна Кореја додека вниманието на светската јавност е со стегнат здив набљудувајќи дали оваа најизолирана земја ќе испровоцира стварен превентивен напад и ќе стане следната цел на Белата куќа којашто засега испраќа остри предупредување и ги разгледува воените опции.

 

По последните закани на американскиот претседател Доналт Трамп за комунистичкиот режим во Пјонгјанг, официјална Кина преку својот министер за надворешни работи Ванг Ји упати предупредување дека „судирот би можел да избувне во секој момент“ во Северна Кореја и оти „дијалогот е единствениот излез“. Набрзо потоа и Москва порача дека предност им дава на дипломатските методи за решавање на секоја, па и на севернокорејската криза. „Ги повикуваме сите страни на воздржаност, ги повикуваме државите да се воздржат од акции кои би можеле да претставуваат провокативни чекори“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Овие изјави следеа откако американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека Соединетите држави ќе се позанимаваат со севернокорјескиот проблем. А истовремено пристигнуваат информации за директна закана за нов ракетен и нуклеарен тест, откако неколкуте со коишто требаше да биде одбележан 105-от роденден на Ким Ил-сунг, основачот на Северна Кореја и дедо на сегашниот лидери наследник на династијата, Ким Џонг-ун. Вообичаено, имено, е големите датуми од својата комунистичка историја, Пјонгјанг да ги одбележува со ракетни или нуклеарни проби демонстрирајќи ја својата воена моќ, но годинава освен голематапарада изостана, засега, успешен тест на споменатите севернокорејски воени програми.

Кој и да го предизвика судирот на Корејскиот полуостров „ќе мора да ја понесе историската одговорност и да ја плати цената“, рече шефот на кинеската дипломатија Ванг и предупреди дека тоа претставува „пат без враќање“. Како единствена сојузничка на изолираниот режим во Пјонгјанг, Кина којашто е постојана членка на Советот за безбедност при обединетите нации, ѝ порача на Северна Кореја дека посилно ќе ја заштитува, доколку ја запре својата нуклеарна програм.

Меѓутоа, засега тоа не наидува на слушател во Пјонгјанг, па дури и предизвикува остри забелешки од Пекинг. Истовремено, Москва сé почесто и поотворено, имајќи го предвид разместувањето на скапиот и напреден американски одбранбен ракетен систем THAAD во Јужна Кореја, стационирањето под изговор за заеднички воени вежби на стратешките бомбардери и довлекувањето во корејските води на ударната група борбени бродови предводени од носачот на авиони на нуклеарен погон „Карл Вилсон“, изразува сомнежи во вистинската улога и намера на заканувачките воени реторики на младиот севернокорејски водач.
Пјонгјанг не мирува

Сателитските снимки коишто беа објавени во јавноста во првата седмица од мај покажуваат нови активности во Панги-ри, локацијата на којашто Северна Кореја ги спроведува своите нуклеарни тестирања, тврдат аналитичарите од американските институти, во моментите кога тензиите на Корејскиот полуостров особено се зголемени. Снимките направени на 25 април прикажуваат работници кои црпат вода на „северниот дел од постројката“, тврдат аналитичарите од 38 North, интернет страница којашто ги следи случувањата во Северна Кореја. Истите експерти проценија кон средината на април дека постројката Панги-ри е „покрената и подготвена“, споменувајќи ја „постојаната активност околу северниот дел“.

Стручњаците сега се прашуваат дали тестирањето е откажано, имајќи ги предвид многуте луѓе распоредени на постројката, можеби поради одбојкарските натпревари кои служат во пропагандни цели. Минатиот месец аналитичарите на 38 North забележаа лица кои се занимаваат со тој спорт во близина на бараките зачуварите и на уште две места на полигонот. Аналитичарите не знаат „дали овие активности покажуваат дека тестирањето е откажано, дали постројката е ставена на ‘стенд-бај’ или сé е подготвено за тестирање“, се наведува во извештајот на 38 North кој е во рамките на Американско-корејскиот институт од универзитетот „Џон Хопкинс“ во Балтимор.
Реториката на Трамп: малку закани, малку смирувачки пораки

„Северна Кореја е проблем за кој Вашингтон ќе се погрижи“, порача американскиот претседател по извештаите за активностите на локации коишто вообичаено се користат за северноорејските нуклеарни тестирања, а Трамп од влегувањето во Белата куќа сака да покаже дека ги исполнува своите ветувања.

„Воените опции во моментов ги проучуваме. Со тој режим (во Пјонгјанг) не е прашање дали тоа ќе се случи, туку кога ќе се случи“, беше една од анонимните изјави за светските агенции на висок советник за национална безбедност во Белата куќа, давани во врска со воените планови кон крајот на април.

Претседателот Трамп повтори повеќепати дека ќе ги употреби сите опции, па и ризикот од воена ескалација, за да го спречи Пјонгјанг во развојот на нуклеарни проектили коишто можат да достигнат цели на американската територија. Откако кон средината на април со крстосувачки ракети ја нападна Сирија, во ракетирање со проблематична ефикасност, како одмазда за наводната употреба на хемиско оружје од страна на армијата на владата во Дамаск, Трамп своите закани за одвраќање ги надополнува со сита доза на уверување во нив и во смирување на состојбата.

„Веруваме дека Кина добро ќе се погрижи за Северна Кореја“, но доколку не успееда го увери својот сосед да се откаже од нуклеарната програма, тука се САД и сојузниците, порача Трамп.

Меѓутоа, набрзо во изјава за медиумите рече дури и би се сретнал со севернокорејскиот челник и оти дури тоа би му претставувало чест. „Доколку бидатисполнети условите, јас тоа ќе го сторам, апсолутно. Ќе ми претставува чест. Повторувам, условите мора да бидат исполнети. Но ќе го сторам тоа“, изјави во својот вообичаен манир американскиот претседател Доналд Трамп во разговор за агенцијата Bloomberg без да дава појаснувања. А таа изјава дојде во атмосфера на зголемените тензии околу нуклеарната програма на Пјонгјанг.

Притоа треба да се забележи дека Ким Џонг-ун не се сретнал со ниеден странски челник и не патувал надвор од Северна Кореја по смртта на неговиот татко кого го наследи на чело на земјата. „Повеќето луѓе кои се занимаваат со политика, никогаш тоа не би го рекле, но јас ви велам дека во соодветни услови би се сретнал се него. Ете, имате вест!“, рече Трамп.Претходно во едно од своите интервјуа тој неочекувано ублажено зборуваше за Ким Џонг-ун, кога кажа дека не е лесно што дошол на власт на многу млад веднаш по смртта на татко му. Поточно во интервјуто за агенцијата Reuters од минатата седмица, запрашан дали го смета севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун за разумен политичар, Трамп одговори дека тргнува од претпоставката дека „тоа е тој , забележувајќи дека Ким ја презема власта на рана возраст и дека има само 27 години и оти тоа е возраст во којашто не е лесно да се владее.
Корејскиот полуостров никогаш не бил толку близу воен судир

САД уште во април ја насочија кон Корејскиот полуостров ударната борбена група предводена од носачот на авиони „Карл Вилсон“, како предупредување. Исто така,два американски разурнувачи се во водите близу Северна Кореја, од кои еден на само 480 километри од севернокорјескиот полигон за нуклеарни тестирања и можекон оваа цел да лансира крстосувачки ракети „Томахавк“.

Пентагон засега одбива да одговори на прашањата за можен превентивен воен удар и наведува дека неговата политика не е да разговара за идните можни операции. „Јавно не шпекулираме за можните сценарија. Командантите секогаш разгледуваат цела низа операции. Нашата доследност во одбрана на нашите сојузници, вклучително и Република Кореја (Јужна Кореја) и Јапонија од можните закани, останува цврста и непроменета“, изјави портпаролката на американското министерство за одбрана Дејна Вајт.

Јапонскиот национален Совет за безбедност разгледуваше подготовки за можен бран бегалци од Северна Кореја кој може да ја преплави Јапонија, а меѓу нив би можело да се сокријат и севернокорејски агенти и шпиони. Северна Кореја ги осуди трупањата на американските „големи нуклеарни стратешки средства“ на Корејскиот полуостров. „САД внесуваат на Корејскиот полуостров, коа на светето е најголемиот хотпост, големи нуклеарни стратешки капацитети со што сериозно им се заканува на мирот и на безбедноста на Полуостровот и го турка на самиот раб од војната“, го цитираше севернокорејскатановинска агенција KCNA портпаролот на Севернокорејскиот институт за разоружување и мир.

А Корејскиот полуостров не бил толку блиску до воен судир откако Северна Кореја ја изведе својата прва нуклеарна проба во 2006 година, порача влијателниот кинески државен весник на англиски јазик The Global Times.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.