АНАЛИЗА: Тешки предизвици исправени пред европските лидери

Со наближувањето на крајот на летото Европската унија ќе треба да се исправи пред дузина важни проблеми.

Бирократите во Брисел ќе бидат исклучително зафатени со преговорите за излегувањето на Обединетото кралство од блокот, со обидите на некои држави членки од источна Европа да преземат антидемократски иницијативи и со работата во однос на реформите во еврозоната, анализира американски „Блумберг“, пренесува НетПрес.

Ова се главните теми, кои ќе бидат круцијални за Европскита унија и вистински тежшки предизвици за европските лидери во блиска иднина, поточно во следните неколку месеци:

 

Преговорите за „Брегзит“

Обединетото кралство и ЕУ ќе спроведат уште три круга преговори за „Брегзит“, пред средбата на врвот во текот на октомври, 2017 година. Имено, тогаш лидерите ќе треба да дадат согласност за отпочнување на втората фаза, посветена на тоа какви ќе бидат односите меѓу двете страни по март, 2019 година.

EU_Bregzit

Но, веќе има сомневања за тоа дали ќе биде постигнат доволен напредок дотогаш, а во однос на првата фаза, која ги засега прашањата за тоа како Лондон ќе ги заштити правата на европките граѓани и финансиските задолжувања на Велика Британија кон блокот.

Ако не се запази тоа, тогаш се зголемува шансата Обединетото кралство да ја напушти ЕУ без договор. А, тоа би значело никаква основа за идната трговска спогодба, и никаков приходен период – нешто што ниту една страна не сака да се случи.

Сето ова ги прави следните неколку месеци исклучително важни. Британската влада ќе објави документи, кои ќе ја обелоденат нејзината позиција во однос на дузина прашања, додека преговарачките тимови од двете страни се обидуваат да постигнат согласност за сложени прашања, како на пример границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска, и улогата на Судот на Европската унија по „Брегзит“.

Владеењето на правото

Во следните месеци Полска може да биде казнета од ЕУ, по спроведената истрага за нарушување на владеењето на правото, нешто што се случува за прв пат во историјата на Унијата.

Европската комисија соопшти дека минатиот месец било направено прекумерно политичко влијание врз судскиот систем на Полска. Во јули, годинава, ЕК испрати до официјална Варшава „формално известување“, давајќи и’ на полската влада рок од еден месец да одговори.

Следниот чекор ќе вклучува финално предупредување под формата на „образложено мислење“, по што голема е можноста да биде покренат судски процес.

Конфликтот е меѓу регулациите на ЕУ и плановите на полските власти да се ослаби независноста на судскиот систем. Овој судир покажа појава на нов јаз меѓу Источна и Западна Европа. Освен тоа, она што се случува е и тестирање на демократските стандарди на ЕУ. Не се знае дали спорот ќе биде решен во следните месеци, и тој може да стане клучна тема меѓу ЕУ и некои од државите членки, и тоа во исто време додека Унијата се обидува да ги балансира преговорите за „Брегзит“.

Реформите во еврозоната

Во последниве неколку месеци, веќе почнаа дискусиите за тоа како да се реформира еврозоната, откако беше даден почетен притисок со изборот на Емануел Макрон за претседател на Франција. Засега нема консензус меѓу 19-те држави членки на еврозоната за тоа дали и како да се назначи министер за финансии, да се определи буџет или да се оформи регионален Валутен фонд. Но, се очекува преговорите да се забрзаат по изборите во Германија, во септември, годинава.

Засега најголемата економија во ЕУ ги отфрлаше повиците за понатамошна фискална интеграција, но канцеларот Ангела Меркел изрази сопствена желба да ги разгледа тие прашања дополнително во иднина.

EU_Evrozona

Лидерите на државите во еврозоната и министрите за финансии повеќепати потенцираа дека монетарниот сојуз треба да биде сменет, за да се надминат финансиските потреси во иднина. Дали ќе има поголема интеграција во областа на банкарскиот сојуз и финансиските регулации, ќе зависи од политичките ограничувања на државите членки, како и од нивните приоритети.

Контрола на инвестициите

Уште во септември, годинава, Европската комисија може да направи предлози во однос на можните начини за подобро следење на инвестициите од трети држави во ЕУ. Тоа се наметна по повиците на лидерите, вклучително и на Макрон, да се преземаат дејствија, така што индустриите на блокот ќе бидат заштитени од аквизиции од странски компании.

Поделбите околу тоа дали блокот треба да преземе поголем заштитнички поход остануваат, иако државите членки се борат со зголемениот и постојано растечки популизам, поддржан од гласачите, кои се чувствуваат неразвиени од глобализацијата.

Некои од лидерите настојуваат дека ЕУ треба да ги зголеми и зајакне своите заштитнички механизми, за да ги спречи странските компании да ги добијат европските индустрии. Според други, пак, тоа ќе биде чекор назад кон прифатениот ангажман за поддршка на отворен пазар, особено во момент кога Европа сака да биде глобален лидер во слободната трговија.

Ситуацијата околу Грција

Преговорите за третиот пакет на мерки за спас на Грција треба да почнат подоцна годинава, со надеж разговорите да завршат и да бидат допуштени кредити, кои ќе бидат одобрени до јануари.

Најверојатно процесот ќе се развлече, особено по однос на прашањата како реформите во енергетскиот сектор и државните расходи за социјални бенефиции.

EU_GrcijaПо изборите во Германија веројатно повторно ќе биде покренато прашањето за учеството на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во програмите за спас на Грција.

Иако ММФ се согласи да оддели повеќе финансиски средства за Атина, тоа ќе се случи само под услов европските кредитори на Грција да направат олеснувања за долгот на земјата – чекор за кој Германија воопшто не се согласува.

Грција се надева дека успешно ќе ја заврши програмата за спас до 2018 година. Тоа значи дека следните неколку месеци ќе бидат критични за одредување на патот за окончување на програмата за спас, како и за тоа што ќе се случува потоа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.